Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Инсигнијата ти е понов модел, модел кој што доби најдобри оцени на краш тестови плус моторите на Опел добро реагираат на нашето "квалитетно" гориво. Од друга страна Хонда Акорд на изглед ми е поубава. :toe:
 
Квалитетното гориво доаѓа и во Македонија поточно во септември(95 и 98), а дизелот месецов...

Инаку јас би одел за Хонда, сепак има малку поснажен мотор, секако инсигниата има доста добар дизајн.
 
Навистина дилема...
Фан сум си на европската авто индустрија, а освен Субару, од јапонците би сакал Хонда...
Сепак, да сум во оваа ситуација, би играл на Опел.
Инсигниата е една од ретките коли која на прв поглед ми легна некако...
 
Инсигниа и ја сум за неа ептен е сврша*ње :vozbud:
 
Квалитетното гориво доаѓа и во Македонија поточно во септември(95 и 98), а дизелот месецов...
Утре малку. Ќе дојде ама пак нема да е тоа тоа. Додека не донесат 100 октанско ништо не правиме и така тоа 98 има некаде 95. Кај нас горивото е толку слабо што моторите губат до 5-10% од силата :nenene:
 
Ajде еден совет: Дома имаме дебата Инсигниа 1.8 ECOTEC®, 103kW / 140HP бензин 1796 cm3 или Хонда Акорд 2,0 156 HP бензин.

Jaс искрено се приврзав со Астрата и сум против купување али моиве се решени, и незнаат што да изберат.
Повеќе навиваат за Инсигниата ама треба да се чека два три месеци, а Акордот ја има на лагер.
Ниво на опрема имаат слично Опелот со Космо највисоко, Хондата со Елеганс ама на исто рамниште е со Инсигниата. Еднакви се во тој сегмент.

Дајте некој ум вие за таа цена до 23-24 000
А да си земеш ти еден пасат да те види господ јас до таа цена би го одбрал неко многу добра кола еве ти линк види си за цените и како стои колава.
Ценовник.
Општо.
 
Стар модел е пасатот, за разлика од овие две губи 10-0. А Це це-то е друга приказна уше 10,000 еври плус. Це це то би го зел, али овој демоде е ептен за разлика од овие две. Влези внатре да видиш. Проштеани ми се сите :D Едино ми остави впечаток Це це то и Маздата 6. Ама стариов ја неќе Маздата еден другар негов купи (:pos:)

Спореди

690.jpg

07-a256736m.jpg
 
Јас би ја погледнал и Шкода Супер Б, за 23-24 илјадарки ке ја земеш со топ опрема + дизел

847.jpg

еве ти и ценовник... за 22.800 има 2.0 тди со 105 кс со 6 брзини менувач и ниво на опрема ambition. 140 кс е 24.500, а бензинците се далеку поевтини.
 
Инсигниата е права ствар бе дизајн аууу ја првпат ја видов на саемот во париз ептен ептен е убава и внатре исто и квалитетни материјали све е на ниво
 
Некој ако има искуство од овој автомобил да ми каже нешто за него, недостатоци, мани, предности што и да е, а да е важно за него... Се работи за моделот 1.4 , 80кс, 16000 евра
 
На Фокусот на инструмент таблата во вожња почна да ми свети сијаличето за воздушните перничиеа ајде нека ми каже некој што е проблемот
 
На Фокусот на инструмент таблата во вожња почна да ми свети сијаличето за воздушните перничиеа ајде нека ми каже некој што е проблемот

Може некаде да прави краток спој а знам и случаи каде се пали сијаличето поради неквалитетно гориво. Најдобро отиди во овласетен сервис ќе го приклучат на мото-тестер и тој ќе каже точно :smir:
 
Ajде еден совет: Дома имаме дебата Инсигниа 1.8 ECOTEC®, 103kW / 140HP бензин 1796 cm3 или Хонда Акорд 2,0 156 HP бензин.

Jaс искрено се приврзав со Астрата и сум против купување али моиве се решени, и незнаат што да изберат.
Повеќе навиваат за Инсигниата ама треба да се чека два три месеци, а Акордот ја има на лагер.
Ниво на опрема имаат слично Опелот со Космо највисоко, Хондата со Елеганс ама на исто рамниште е со Инсигниата. Еднакви се во тој сегмент.

Дајте некој ум вие за таа цена до 23-24 000

Јас би се одлучил за Инсигнијата ама би размислил и за новота Скода Суперб и тоа е многу добра кола.
 
Кајганџии, дај бе кажете каков е тој мотор Isuzu шо толку го потенцираат кај Опелот, да не е нешто посебен тој мотор, ја не се разбирам ногу, а баш интересира и ме боде у очи!
 
Кајганџии, дај бе кажете каков е тој мотор Isuzu шо толку го потенцираат кај Опелот, да не е нешто посебен тој мотор, ја не се разбирам ногу, а баш интересира и ме боде у очи!

Isuzu барем според мене (јас го имам на мојата опел корса 1.7 дизел) е доста квалитетен и издржлив ... истото го зборат и сервисерите во опел новите опелови дизелаши не се толку добри како исузу дизелот :smir: има 1.5 дизел, 1.5 турбо дизел и 1.7 исто дизел и турбо дизел толку памтам нека ме поправи некој :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom