Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ceedot se pravi vo sosem nova fabrika na kia vo Slovacka, kaj nas ima 5 godini garancija a vo evropa 7 poradi podobroto gorivo i patista. Taka da toa deka ke ima defekti ne mi se veruva bidejki firmata ne e budala garancija od 7 godini na nesto sto brzo ke se rasipi.
 
Корејска работа...ефтина набавна цена со многу опрема...изработка просечна, катастрофални фабрички вградени гуми...
И потоа:
За година - две ќе се тресе цела внатрешност, ќе почне со глупи електронски дефекти, па заебанции со навистина скапи делови...
Фирма што прави 10-15 години коли не се споредува со фирма која зад себе има столетна традиција...
Изгледот понекогаш лаже!
Башка, цената вртоглаво им паѓа на Корејците(ако мислите да ја препродавате за 5-6 години)
Без разлика дали ке ја продаваш или мислиш дека ке ја возиш 10 години, не знаеш во каква ситуација ке те донесе животот...
Колата ти е една доста добра резерва пари која можеш во секое време да ја шитниш и да се извадиш во лоша состојба. А тоа кај корејците, некако слабо оди. Побрзо ке продадеш европска кола и по повисока цена отколку корејска. Како што гледам денеска интересот за купување Хјундаи Акцент е многу слаб во споредба со Корса или пунто... (да не споменувам дека корсата и пунтото се продаваат поскапо)
 
Гетзот отиде од прва, за повеќе одошто очекувавме.
Киа Прајд ја продадовме за 4.000 евра пред година дена, а 2001 ја купивме за 10.000 марки.
 
Е незнам за тоа, знам за ова... Киа прајд и форд фиеста во 94-та беа исто пари. Јас куќата ја купув 30.000 марки, а тој што ми ја продаде, со дел од парите се двоумеше измеѓу овие 2 модели и купи Киа. Лани зеде Ситроен Ц4, па за киата едвај 2.000 евра му дадоа (80.000 поминати, прв газда, гаражирана, неудирана, нефарбана), а Фиестите се продаваа за 3.500 евра. Ете таа е разликата.
 
Moze nekoj da mi kaze kolku ke cini eden ubav tuning na Skoda Felicia ama saglam onaka so branici ubavi spojleri auspuh ......Fala odnapred:salut:
 
Кој може тоа да ти го каже точно, освен некој што се бави со таа работа? Таков сеуште на форумов нема, така да можеме да нагаѓаме. Еве ти едно страниче, има неколку истјунирани шкоди, искрено жолтата ми прави мерак.... Само ова ке те кошта, тјунингот е скап спорт. Само бандажи и гуми, ако купуваш на ново се некаде 1.000 евра (на старо 250-300), башка за спојлери, и фарба.
 
Tuning-от е вреќа без дно.
Секогаш ќе сакаш апгрејди, и никогаш нема да е доволно.
Ти требаат многу пари за било што!
 
Кој може тоа да ти го каже точно, освен некој што се бави со таа работа? Таков сеуште на форумов нема, така да можеме да нагаѓаме. Еве ти едно страниче, има неколку истјунирани шкоди, искрено жолтата ми прави мерак.... Само ова ке те кошта, тјунингот е скап спорт. Само бандажи и гуми, ако купуваш на ново се некаде 1.000 евра (на старо 250-300), башка за спојлери, и фарба.

Tuning-от е вреќа без дно.
Секогаш ќе сакаш апгрејди, и никогаш нема да е доволно.
Ти требаат многу пари за било што!



фала момци :salut:па можеби и ке се снајдам па ке се возам низ Скопјево:vozbud::vozbud:
 
Само едно прашање, знае ли некој границата на годиште до кое можеш да увезеш кола во МК(не знам сега како е, не сум многу по колите ама мислам дека постара од 6 години не можеш да внесеш, може грешам). Не сум сигурен па затоа мислев некој што знае да ми даде информација. ( не ме тепајте ако имало вакво прашање, итна ми е информацијата) Иначе се работи за БМВ 318 2002 год(почеток на 2002)

Итноооо
Фала

П.С на царина како се царини, само на кубикажа и старост на аутото или и на дополнителна опрема???
 
Treba da ima motor koj zadovoluva Euro3 standardi a toa e 2000 goidna negde.
 
Filip89 горе долу вака е работата: Како што кажа Incognito, треба да задоволува еуро 3 стандарди во издувни гасови, велур седишта дрн дрн (речиси сите над 2000та година задоволуваат освен Опел Корса 1.5 дизел, еуро 2 исполнува до 2003-та модел). Значи тоа не ти е проблем со BMW-то.

Освен царина (која се одредува каталошки според староста на возилото и продажната цена во авто салон+ опремата ако имаш електрика на прозори клима тоа ти дига царина), А-тест, и хомологација треба да платиш акциза. 318 ако не се лажам 1.8 кубици е = 2.000 евра за акцизата. Е кога ке го собереш се на се...

Груба проценка до регистрација би платил 4.000-5.000 евра (во зависност од опремата)+ набавната цена на возилото (донесено до тука). На mobile.de цените се од 4.500 евра па нагоре + 500 евра за да ти го донесе некој.... за тие пари ке си земеш од тука ич глава да не те боли за царини, хомологации и слични глупости.
 
Најдобро ти е со број на шасија и број на мотор да одис во овластениот увозник на бмв и таму да си прашаш дали ги исполнува условите,одма ке ти кажат,затоа што како што кажа дзисх за секоја кола е различно,јас ке ти дадам пример дека мерцедес а класа од 2001 година не поминува кај нас.А и јас прасував пред некое време што треба да исполнува колата за да ја увезеш и не е само еуро 3 норма има листа од усте 34 други параметри сто треба да ги исполнува.листата ја даваат на машински или во кисела вода во станицата за технички преглед бидејки и таму прават А тест.
Ако те интересира нешто поконкретно околу процедурата слободно прашај,затоа што пред 3 години јас увезував и се сам трчав додека ја преведов колата,па работите ми се многу добро познати.
 
Увозникот за К&Н филтри за македонија е во кавадарци или неготино незнам.Еве ти мобилен 076-565-882 , дечкото се вика Роберто,јави му се и он се ке ти каже што те интересира околу К&Н филтрите.
Или еве ти линк од еден друг форум каде што е пишувано околу тоа што е плус ако ставиш ваков филтер.

http://www.koli.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=485
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom