Порано таквите возила беа возила на фирма без платено ДДВ. Сега, мислам дека неможи повеќе така, а имаа и можност едно време да се регистрираат на нормални таблички, низ Битола веќе таквите ги снема, незнам што се дешава со останатите.
А9(Б,Ц...со 9) е возило кое не е увезено во државата, а се вози привремено тука.
Значи, тоа е привремена регистрација.
На странска фирма на пр., на лице со престој тука...итн.
Их... Не сум од Ск, ама качанички пат ти е према косовска граница. Од пластичарска улица, покрај касарна Илинден, не вртиш лево на семафорите према Александар Палас, продолжуваш право. Од мене толку, повеќе од Скопјаните ке ти објаснат што каде се наоѓа.
Имам Шкода Фелиција 1.3 ЛХ МПИ со А-тестиран плински уред нема година направено(боцата е кај резервното тркало),произведена 1999 октовмри,сочувана,темно зелена металик сакам да знам колку би мозел да ја дадам колата е во топ состојба не ми е у план сега да ја продадам само ме интересира колку може да стигне цена??? gracisas:smir::salut:
За шкодата, мислам дека од поновите е (слична во решетката на Фабија), како и да е, би ја дал некаде груба проценка 3.000 евра. Зависи каква состојба е каросериски, до каде е со регистрација, колку е дрнкана, колку има поминато... Ако е домаќинско возило би можела уште 200-300 евра погоре.
Дефинитивно фреонот треба да се проверува. На 2-3 години испарува по 100-200 грама и во зависност од климата може да не лади воопшто. Дополнување на фреон е некои 1000-1500 денари. Инаку доколку ја вклучувате климата без фреон може да се оштети моторот што прави притисок за фреонот, па да си имате главоболка од 200-300 евра.
Кај мене у гетзот имаше една налепница која советуваше климата да се пуштала еднаш недлено по 5-10 минути без разлика дали е зима дали е лето за да се одржувал континуитет у системот. Или не ми текнува како гласеше. Битно да се пуштала климата еднаш недлено без разлика дали ти е топло или ладно, лето или зимо.
Абе, едно време по весници читав дека вградувале по коли некои апаратчиња што аутоматски ги палат светлата. т.е. не ги палат аутоматски светлата туку ти ги оставаш уклучени цело време и кога ќе го извадиш клучот од контакт брава они ги гасат и фаровите.
Има уште такви ствари? Препорачувате да си ставам, или препорачувате да размислувам дека треба да запалам фарови? Има некои негативности тоа? Освен што ќе дадам на неовластен мајстор да ми чепка у електрична инсталација?
Р1 е побрз од Р6. И бројката ти кажува Р1 е 1000 кубика а Р6 е шесто кубика, Р1 е околу 185КС, Р6 129КС и толку, Р6 е помала и за да се вози брзо треба многу да се врти односно некаде кај 17000 вртежи влегува во блокада. Р1 оди 299км/ч а Р6 оди 270км/ч. Некој може ќе викаат волку одела или нолку али ова е реалната брзина измерена со ГПС.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.