Батка ти си знаеш колку ти е исплатливо да земаш луѓе, особено со старо возило, мене ми се случи дефект кога земав така луѓе и на крај такси им платив за да си отидат до дома, а јас си го опапав и шлеп служба и уште 3 возења на таа релација за таксито.
Ако немаш финансии сам да платиш Бт-Ск не оди со кола, или ако земаш земај апла некој кој ти е близок, знам дека со цената на горивото и патарините е изгор, ама јбг тоа е што е.
Гратис со земање на такви луѓе влегуваш во опасен момент доколку се случи некаква сообраќајка, еден мој познаник го изеде стапот по судови и оштети му исплати еден куп пари за претрпен страв оти го излизга на Плетвар, имал земено две кокони и му излизга колата на Плетвар, не беа ни гребнати, го тужеа, па казни за вршење на такси дејност без лиценца, па небезбедно возење, бла бла маме му се еба, се на се кажа дека околу 7000 евра влегол во дупка.