Jas gi delam na stari do 99/00 i novi 00/01 a od 2005 navamu kolku ponovi tolku pokomplicirani i poslakpi za odrzuvanje.
Страшно нови се овие од 2000/2001, надвор тие што ти ги сметаш за нови ги планираат за во отпад.
Нема скапа или ефтина, или имаш или немаш стандард да ја возиш. Ние сакаме да возиме возила што чинат нови по 20-50 илјади евра, а имаме месечни примања помали од 500 евра, за истите тие само 4 гуми чинат повеќе од една наша месечна плата.
Во зависност од буџетот треба да си најдеш поволна математика и така да си одредиш стратегија што ќе возиш:
-првата варијанта да си купиш ново возило кое во зависност од километрите што ги возиш би го возел 5-10 години или 100тина илјади
- втората да си купиш 3-4 години кое ќе нема свртено многу километража а најверојатно би имала и уште гаранција, ја купуваш за 40 тина % пониска цена од цената во салон, вртиш со таа до кај 100тина илјади и ја шиткаш.
-земаш стара 10тина години и ја возиш уште 2-3 години (ако ти се погоди немаш гајле, али ако ти се трефне некоја која испукала 300к+ во тие 10години ќе фрлаш се што вадиш по неа).
......
Не сум економист, сигурно имаат правено подобри комбинации таму и со процент точно одредено колку старо возило и кој модел најмногу се исплати да го земеш.
Е сега во Македонија имаш една глупава споредба каде што ако видат на возилото 4круга, bmw, мерцедес или vw мислат дека купиле спејс шатл, плус сиромашно македонче сака да се вози со кожни седишта со грејачи и масажери, да дигала 250км/h, а јадните треба да работиме по два месеци за еден стандарден сервис, два месеци за гуми, цел месец за регистрација и да не набројувам.
Се знае што е ново возило, 1-5 години, 5-10 „средно стари“, 10+ стари возила, 15+ спремно за отпад оти ќе кисниш секој ден под него.
Ние тука едвај собираме 3000 евра да купиме една канта од 15години и после се што вадиме оди по неа, за после 10години чување на таквата да мора да ја продадеме за 500 евра и да немаме кеш за друга од 3000евра, во превод Македонска мизерија.