Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе падне температура под 2 степени, кога ја палам колата насабајле знае често да јави на бордот црвен сигнал да се провери системот за ладење.

Во меѓувреме се направи редовен сервис на колата, се смени ребраст, нова водна пумпа, нов антифриз се стави, но пак ми го јавува истото на бордот на прво палење.
Ја проверив разладната течност и истата си е на регуларно ниво како што треба.

Кога ќе ми јави тоа, најчесто ја оставам колата да поработи 15 секунди, ја гасам па ја палам пак и си работи нормално како ништо да не е.
Инаку нема проблеми ниту со загревање, си постигнува работна температура и си работи како што треба. Исто така и на најладно на -7 до сега без проблем си пали на прво верглање.

Што мислите што би можело да биде? Грешка во компјутерот или нешто друго? Станува збор за голф 4 1.9 тди.

Некој мислење за ова погоре?
 
Ај мислење од тие што сте поупатени во врска со горивото, на реното му турам строго нафта од Лукоил, денес механичарот ме советуваше дека било подобро од Макпетрол да турам. Досега сум слушал дека е најдобра, овој денес ми дава сосема обратен совет, ај ваше мислење.
 
Јас ставам од Лукоил еве веќе 2-3 години и немам никаков проблем ;)
 
Релето на турбината 100%.
Бев на мајстор ми рече дека бил ЛЕПТИРОТ на турбината што е тој запечен и дека треба да се разработи затоа што возилово не е форсирано татко ми не го возел повеќе од 80-100 и не отворало доволно па се запекло кога го фатив јас враце се деси што се деси хаха.
Дали би можело да е ова како што ми рекоа лептирот на турбината?
 
Ај мислење од тие што сте поупатени во врска со горивото, на реното му турам строго нафта од Лукоил, денес механичарот ме советуваше дека било подобро од Макпетрол да турам. Досега сум слушал дека е најдобра, овој денес ми дава сосема обратен совет, ај ваше мислење.
Jas stavam gorivo na Lukoil ama po moe mislenje ne e bas najdobra, no i na Mekpetrol e isto gjubre. Problemot e sto na Makpetrol na eden rezervar na 70 litri kradat 5 litri. Reagirav no se dodeka ne gi prijavis privatno nemas fajde. Na Makpetrol rezervar od 70 litri idam na rezerva mi go polnat so 73 litri i toa isprobano na 5 razlicni pumpi segde isto, dodeka istiot slucaj na Lukoil mi polnat 67-68 litri. Dzabe e sekoja diskusija.

ROMA ROMA ROMA
 
ако е турбината со променлива геометрија, т.е. ако има статорски лопатки со променлива геометрија. тоа во пракса е како ролетните на прозори-се менува аголот за да се делува на протокот на воздух. неквалитетната нафта допринесува да се фаќа гареж на издувната грана, и да прави проблем на некои делови .

ако има гареж, би требало со пажливо чистење да се оправи работата.

друго можи да е вест-гејт вентилот на турбото, па предвреме да го испушта вишокот на притисок и така турбината да не ја дава потребната снага на моторот
 
Баш така ми кажаа дека има гареж затоа што е возен полека не форсиран затоа што лептирот на 90киве отвора под повеќе притисок додека кај 110ките малку да го чепниш отвора, а тој вентилот колку кошта да се замени/поправи ?
 
Ај мислење од тие што сте поупатени во врска со горивото, на реното му турам строго нафта од Лукоил, денес механичарот ме советуваше дека било подобро од Макпетрол да турам. Досега сум слушал дека е најдобра, овој денес ми дава сосема обратен совет, ај ваше мислење.

Зависи за што возило..Знам дека од Ектото на Лукоил барем 10 бош пумпи се протечени.Јас само на Макпетрол турам,и немам маки до сега..Колата потивко ми работи,постартна е и не чади..Не викам дека и со Ектото беше лоша,ама побучно работеше..Долг период ставам нафта само од Макпетрол,од едно исто место..[DOUBLEPOST=1452552926][/DOUBLEPOST]
Бев на мајстор ми рече дека бил ЛЕПТИРОТ на турбината што е тој запечен и дека треба да се разработи затоа што возилово не е форсирано татко ми не го возел повеќе од 80-100 и не отворало доволно па се запекло кога го фатив јас враце се деси што се деси хаха.
Дали би можело да е ова како што ми рекоа лептирот на турбината?

Турбината врти и на 800 обртаи,нонстоп е активна,како ја палиш колата,така врти и она..Ти како ќе ја форсираш,кога од 150 викаш не оди повеќе..Турај во четврта и гас до патос до кај 5000 обртаи,ако не ти го исрка цело масло и не го пукнеш моторот така ќе ја издуваш..Сите мајстори викаат пажливо да се возат турбашите,да не се стискаат постојано,овој твојов мајстор обратно вика,возилото е твое што сакаш прави му..
 
Зависи за што возило..Знам дека од Ектото на Лукоил барем 10 бош пумпи се протечени.Јас само на Макпетрол турам,и немам маки до сега..Колата потивко ми работи,постартна е и не чади..Не викам дека и со Ектото беше лоша,ама побучно работеше..Долг период ставам нафта само од Макпетрол,од едно исто место..[DOUBLEPOST=1452552926][/DOUBLEPOST]

Турбината врти и на 800 обртаи,нонстоп е активна,како ја палиш колата,така врти и она..Ти како ќе ја форсираш,кога од 150 викаш не оди повеќе..Турај во четврта и гас до патос до кај 5000 обртаи,ако не ти го исрка цело масло и не го пукнеш моторот така ќе ја издуваш..Сите мајстори викаат пажливо да се возат турбашите,да не се стискаат постојано,овој твојов мајстор обратно вика,возилото е твое што сакаш прави му..

Викаш дека од " ектото " на ЛукОил протечуваат бошовите ??? Од кај таа констатација, подетално ако може... Јас пред 2 години исто ја предиктував, протече на еден од тие гумените дихтони и знаеше да " исцеди " плус 3-4 литри нафта на 100 км... Прво се чудев неколку дена зашто ми качи потрошувачка, додека не видов дека тече... Ја предиктував и еве 2 години нема никаква мака... Инаку и јас најредовно ( 9 од 10 пати ) ставам на ЛукОил... Некои викаат им покажало различна потрошувачка кога тестирале од двете фирми, ама кај мене е иста, да не кажам до грам и километар без разлика од каде ке ставам... Инаку од човек кој работеше во Окта имам слушнато дека ЛукОил имаат најдобро гориво кај нас...

За второто што викаш пажливо - ДА, ама не никогаш да не го кренеш над 100-ка, тоа е уште полошо... Не за џабе викаме земи " издувај " го, пошто со пензионерско возење ке се наполни со гареж издувната грана и ке се затне целиот, па му треба од време навреме дување, нели што викаме да ги продува и испразни цефките:D[DOUBLEPOST=1452554718][/DOUBLEPOST]
Jas stavam gorivo na Lukoil ama po moe mislenje ne e bas najdobra, no i na Mekpetrol e isto gjubre. Problemot e sto na Makpetrol na eden rezervar na 70 litri kradat 5 litri. Reagirav no se dodeka ne gi prijavis privatno nemas fajde. Na Makpetrol rezervar od 70 litri idam na rezerva mi go polnat so 73 litri i toa isprobano na 5 razlicni pumpi segde isto, dodeka istiot slucaj na Lukoil mi polnat 67-68 litri. Dzabe e sekoja diskusija.

ROMA ROMA ROMA

Може и затоа некои викаат дека им е различна потрошувачката кога ставаат наизменично од двете фирми...
 
Последно уредено:
Баш така ми кажаа дека има гареж затоа што е возен полека не форсиран затоа што лептирот на 90киве отвора под повеќе притисок додека кај 110ките малку да го чепниш отвора, а тој вентилот колку кошта да се замени/поправи ?

Најлесно се трга гарежот со малку пофорсирана вожња, ама нема потреба од претерување. Да речиме до Велес и назад да ја повозиш ама со обртаи поголеми него вообичаено, и така подолга вожња. Ако си ставал 4-та брзина на 60-70 сега оди 10-20 плус. 5-та од 110 нагоре ама константно на средно високи вртежи. не да го префорсираш моторот. Едноставно малку пожустро возење, но со рамномерно темпо. Нагло додавање на туража знае да исфрли моторот несогорени честички на чад и да се налепат на старите наслаги..

едноставно продувување на моторот а не пензионерско возење
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom