Ај едно прашање, ако може

Мицубиши Лансер 2010, стоеше на паркинг, запали, и бидејќи беше жешко, ги отварам сите 4 прозорци наеднаш, инстант тоа, и не ни го осетив, изгасил. И после тоа пробувам да го запалам, давам контакт (се во ред), вртам (да завергла) и не реагира моторот. т.е. не вергла. И пробав така 4-5 пати во рок од 5 мин. Истото. И решив да се јавам во сервисот, правев муабет можеби 10-тина минути (ме пренасочија), за тоа време стоеше колата така, без активност, со клучот изваден. И од сервисот дечкото после тие 10тина минути ми вика, "Ај пробај пак да го запалиш", пробувам и запали, и светлото check engine светеше,и ме викнаа во сервис.Отидов до сервиот ја гасам колата. Иде дечкото од таму, ми вика веројтно ништо не е, за на компјутер долго ќе траело, и зема тој ја запали може 10 пати по ред. Се беше во ред + светлото од check engine се изгаси. И ми вика, ако се случи нешто јавуј се. И сега еве се е во ред, нема проблем.
Ај сеа некој што ја разбира работава, имал некое вакво чудно искуство да каже теорија.
И за сите други кој се заинтересирани на ова, и теории сакам, што може да биде, немора тоа да е

Само мислење ми треба, а ако некој точно знае што е, уште поубаво. Бидејќи првпат се случува вакво нешто, и незнам како да го објаснам.
Секој предлог е добредојден.
ps. Се мислам да не е акомулаторот, бидејќи стоеше на паркинг, и после тоа многу струја да не дојде наеднаш за сите прозори, светлата, и радиото. Како шок, па после тоа чекав некое време за да профункционира. Бидејќи не ни верглаше .