Најдобро прво да го пробаш, да го истестираш па после сам да си одлучиш оти за некој е тром, за некој е доволно брз. Зависи од тоа што си возел претходно и каква навика на возење имаш. За низ град е одличен, а за на отворен пат може да му ја почувствуваш тромавоста. Мене ми е земен 2008г. и имам поминато околу 50 000км. Го зедов со 123 000км со сервисна книшка, пресно донесен од Штутгард и скапо го платив тогаш ама парите што ги дадов до евро ми се исплатија.
Моторот е одличен според мене иако на многу места ќе прочиташ се и сешто, ама пак треба да ти се погоди, оти немој да мислиш дека и од бензинците нема многу издувани и со враќани километражи.
Пошто гледам дека сакаш да купуваш и ќе бидам 100% искрен и немој да мислиш дека ти мачкам очи. Масло троши ама само еднаш ми се има случено да дотурам околу 200-300 грама и толку. Масло му менувам секоја година на приближно 10 000км и нивото е малце слезено ама сепак е во дозволено ниво. Ми се случи една година да дотурам оти поминав доста километри на отворен пат во лето со клима приклучена итн. Значи мене со оваа километража годишно ми троши малсо многу малце, а ако некој вози 40 000-50 000км годишно можеби друго ќе ти кажи, незнам.
Дефект некој да ми се случил непамтам, буквално освен масло, филтри, еднаш плочки на дискови и бензин, за друго пари во него немам фрлено. Ми се случи еднаш почна да ми гасни во вожња при секое притискање на кумплунг, ама на сервис го средија за 5мин, и тоа било ради комјутерска грешка на граната(така нешто ми рекоа). Ете тоа е се.
Потрошувачката е поголема према дизелите да, мене градска просек ми троши 9-10л ама ти велам го пашкам целовреме

и го возам на високи обртаи. А сум го тестирал и со полека домаќински над 8л нема да ти потроши. Отворено 5-7, исто зависи како го возиш и на каков терен го возиш многу битно, пошто сум заприметил на големи нагорнини како Плетвар, Ѓавато, ако го бркаш троши многу тука.
Се на се, јас сум презадоволен од колава супер ме служи еве скоро 6 години и ова најискрено ти го кажувам оти сакам да ти помогнам. И јас вака прашував ко тебе пред да го земам овде на форумов.
П.С: Може не очекуваше вака опширно да ти напишам, ама со ќејв си пишувам за мојата фолцика.

Ако те интересира нешто плус, слободно прашувај.
--- надополнето: 21 декември 2013 во 19:15 ---
Дај бе не сери?! ХАхахахахахаа можиш него да му кажуваш, мене сигурно не:
--- надополнето: 21 декември 2013 во 19:23 ---
@Cruise Друже истово ми го велеа и пред 6 години мајсториштава овде на форумов како valvoline,Dzish, итн што едвај чекаат да им дојде скапан дизел во гаража за да имаат работа...
--- надополнето: 21 декември 2013 во 19:26 ---
@valvoline Дај кажи колку е ребраст каиш со затегачи комплет ко си толку упатен за моторов???

Не туку ми треси глупости овде

Еден ќе погоди некој канта и ќе пише нешто и после сите копи-пејст.