Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Прашање од дудук :) Дали е лошо да се вози колата на ниски вртежи? Татко ми цело време ја мкне на 2000 одвај (некогаш пушта и под 2000 да падне), вози како баба некоја :cautious:
Бензински мотор е иначе, 1.2 поло од 2009та.
 
Не сум експерт, но не гледам зошто би било штетно. Но, би било добро некој постручен да одговори. Инаку јас Пасатот дизел воглавно го возам меѓу 1500 и 2000, единствено при претекнување и на автопат качувам повеќе.

ПС. Ако си се возел често со такси, можеби си приметил дека и тие возат така.
 
Да, тоа за штедење е добро, ама пред некое време на темава прочитав дека се насобира гареж во моторот и затоа не е баш најпрепорачливо на толку ниски вртежи да се вози, затоа и решив да си прашам :)
 
Да ти кажам право, имам слушано доста такви муабети, но постојано од луѓе коишто се далеку од стручни во таа област. Што би се рекло, на ниво на рекла-казала. Од друга страна, имам читано доста новинарски текстови на тема автомобилизам и никаде не сум сретнал таква препорака (да не се вози на ниски вртежи, или, како што популарно се вели, “да се издува моторот“ од време на време). Но, ете, ако има некој постручен, нека каже.
 
Колку кошта амортизер за фелиција 1.3 94год ...ми рекоа на технилки дека ми е истечен и ако ја провозам некое време без да се смени ке напраи поголем проблем или не...
 
Здраво
Вчера купив опел астра 1,7 дизел 92 година и сега кога менвам од 1 во 2 а возам околу 20 км на час ми трокира,а кога ја притиснам гаста прекине дали некоје имал ваков проблем и што би можело да е .
Човекот од кој го зедов ми кажа како што му кажувале нему дека има шанси да е филтерот за нафта...
 
А да смениш од прва во втора на 35-40?
добар совет(y)
--- надополнето: 18 декември 2011 во 15:55 ---
Не сум експерт, но не гледам зошто би било штетно. Но, би било добро некој постручен да одговори. Инаку јас Пасатот дизел воглавно го возам меѓу 1500 и 2000, единствено при претекнување и на автопат качувам повеќе.

ПС. Ако си се возел често со такси, можеби си приметил дека и тие возат така.
со возење на ниски обртаи, поготово на дизели не се се собира гареж во моторот-машината туку во ауспухот, издувот и катализаторот. после почиња да трокира, гуши и да не влече, затоа што издувните гасови не излегуваат надвор. па решењето е нај често да се вози некое време на повисоки обртаи (не под 4500) и секогаш не е решен проблемот...

и не ми е јасно зашто возите до 2000 обртаи и помалку кога колите се направени нормално да функционираат до 5500-6000 обртаи.. што ке ушпарате? 1 литро гориво на 100 километри? јака уштеда нема што... а штетата што ке се направи со такво возење ке кошта повеке одколку што ке ушпарате... размислете колку кошта катализаторот да се смени... плус на се ова да ги додадам (нема соодветно висока цена за) искинатите нерви на возачите позади вас на кои сепак им се брза малку повеке одколку на вас...
 
Дали си машински инженер? Смер термотехника или моторни возила? Ајде, може и некој друг смер.
 
ne sum masinski inziner, tuku hobi mi e atomobilizmot.. cepkam, popravam, servisiram, friziram, pimpam i sreduvam avtomobili "SAMO" 20-tina GODINI... nemam nikakvo iskustvo i nishto neznam... mislish li, neli 20 godini e malku ili...?

p.s. izvinete za latinica, se logirav od drugo mesto za da odgovoram...
 
Едно враме на старите возила имаше ознаки каде да се менува(на колку км),а на некои да не се преога обележаната км.
Незнам која финта е возење со 20км и менуваш 2,а во 4 со колку? Со 45км?
дајте луѓе не е за нервозата туку за возењето,не ве учеле сигурно на обука тргни за 1сек 2 брзина за 2,5 сек 3 и готово пошто за 4 нема место или на 5 сек 4брзина.
А да не се заебавате?
Убаци 2 брзина и вози 20 км на час со која сакаш кола не ќе трокира може и да скрши нешто.
Па со среќа возење со 20 км.
 
Сепак, ќе почекам некој постручен да објасни.
 
Се ми се чини дека и на новите коли има по една цртка црвена на километражата... од 1 во втора и 2 во 3...
А на постарите без обртомер, беше правило...
По мене, бензинците најубаво е помеѓу 2700-4000/мин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom