Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Би требало да ти пишува на вратите колку бари треба да ги напумпаш гумите и таму ќе видиш колку теба да ги напумпаш за на отворена вожња и колку треба за градска вожња. Ако нема на вратите најчесто на возачката 100% има во упатсвото ако го имаш
Се работи за Рено Меган II 1.9 дци па по аватаров знаеш сигурно каде се наоѓа тоа? :)
 
Кај има вакви чуда и која цена?

За на гумите...

DSCN4571.JPG

zastava1300_01.jpg
 
Се работи за Рено Меган II 1.9 дци па по аватаров знаеш сигурно каде се наоѓа тоа? :)
Тоа се наога во книгичката шо ја даваат со колата. За Мегане 1.9 дЦи притисокот треба да биде:
за 195/65 R15, 205/55 R16 H и 205/55 R16 V
за градска 2,2 предни 2,0 задни
за отворено 2.4 предни 2.0 задни
А за гума 205/50 R17 V притисокот треба да биде:
за градска 2,3 предни 2.0 задни
за отворено 2,5 предни 2,0 задни
Тоа е тоа, се надевам дека помогнав.
 
Кај има вакви чуда и која цена?
За на гумите...
Имам видено... ама да ме отепаш не ми текнало да прашам за цена.... нити пак сега можам да се сетам кај ги видов.

Ќе прајш олд скул филм?
 
Абе имам разбрано дека овој од Крклино во Карпош продавницата имал. 3000 денари комплет... :cautious::confused:

Иначе да...деновиве и нови раткапни ќе му купам...и некаде август месец ќе го носам на средвање :)
 
Нормална работа...
--- надополнето: Jun 2, 2011 10:01 PM ---

Уживај, кога ќе мерите компресија, а тоа е со едно апаратче што го има во речиси сите поопремени продавници за автоделови. Се става на местото на свеќиците и се вергла колата и тоа покажува компресија. Проверете на секој цилиндар посебно. Ама чим викаш дека бил мадафакер...нема шо...

Мерено компресија. На сите е 8.1 освен на првиот цилиндар кај што копмресијата е 1 :confused:
Мајсторов не ми се нафаќа пошто нема време да го отвори моторот, али по него најверојатно е отидена кариката и издувен вентил. Чаре? Некој што нема да ме убие за оваа поправка а што е добар? :)
Ми препорачаа во Чаир на Џон Кенеди после верото али некој што има искуство со отварање мотор да ми даде мислење! :)
Пошто вака југото ми испадна дека го возам со 3 цилиндри хахаха :)
 
Тоа се наога во книгичката шо ја даваат со колата. За Мегане 1.9 дЦи притисокот треба да биде:
за 195/65 R15, 205/55 R16 H и 205/55 R16 V
за градска 2,2 предни 2,0 задни
за отворено 2.4 предни 2.0 задни
А за гума 205/50 R17 V притисокот треба да биде:
за градска 2,3 предни 2.0 задни
за отворено 2,5 предни 2,0 задни
Тоа е тоа, се надевам дека помогнав.

Плус забораваме дека ако си товарен со 2-ца назад или 3-ца притисокот на задните треба да биде минимум за 0,1 бар повисок
--- надополнето: Jun 6, 2011 1:08 PM ---
Мерено компресија. На сите е 8.1 освен на првиот цилиндар кај што копмресијата е 1 :confused:
Мајсторов не ми се нафаќа пошто нема време да го отвори моторот, али по него најверојатно е отидена кариката и издувен вентил. Чаре? Некој што нема да ме убие за оваа поправка а што е добар? :)
Ми препорачаа во Чаир на Џон Кенеди после верото али некој што има искуство со отварање мотор да ми даде мислење! :)
Пошто вака југото ми испадна дека го возам со 3 цилиндри хахаха :)

Бре, бре...не се нафаќал оти немал време. Дебилна работа бе не ми се верува.
Ти реков јас...немаш компресија. И таа 8.1 е чорба. Треба 9.2 да биди!
За Скопје не знам многу мајстори, пиши му на онак тој има еден спремен тим во Ново Лисиче, кај пералните (В.С.Бато) ако тие ти се нафатат да ти го средат количето.
 
Тоа се наога во книгичката шо ја даваат со колата. За Мегане 1.9 дЦи притисокот треба да биде:
за 195/65 R15, 205/55 R16 H и 205/55 R16 V
за градска 2,2 предни 2,0 задни
за отворено 2.4 предни 2.0 задни
А за гума 205/50 R17 V притисокот треба да биде:
за градска 2,3 предни 2.0 задни
за отворено 2,5 предни 2,0 задни
Тоа е тоа, се надевам дека помогнав.
Кај мене во таа книгата баш тие страници ми фалат и затоа прашувам. На интернет неможев никако да барам, по форуми барав исто така неможев да најдам. Мене конкретно ме интересираше за 205/50 Р17, но како што реков ќе се оди на долг пат, 2-ца луѓе, многу багаж и + закачен точак позади. Значи најидеално би било некаде 2.5 предни и 2.2 задни?!
 
Ако си товарен толку ...комотно можиш така...
 
Бре, бре...не се нафаќал оти немал време. Дебилна работа бе не ми се верува.
Ти реков јас...немаш компресија. И таа 8.1 е чорба. Треба 9.2 да биди!
За Скопје не знам многу мајстори, пиши му на онак тој има еден спремен тим во Ново Лисиче, кај пералните (В.С.Бато) ако тие ти се нафатат да ти го средат количето.
онак веќе не е онак... туку.. (читај аватар)...

туку за што кола беше муабетов? се се средува и се се оправа... значи... кога се отвара мотор мењај комплет карики на сите 4 клипа а не само на едниот... греота е... тоа е прво... второ, ако не е карика, тогаш е сигурно некој вентил, нај често издувен.. може да се репи со мењање на вентилот и се ке си биде во ред... од фабричната компресија 9,2 до падот 8,1 и не е толку страшно. тој мотор би требало да тера уште доста време... јас имам измерено мотори, поготово заставини што со 4,5 бари палат и работат... е сега, не влече онака саглам, трокира по малку на нагло давање гас, ама си брка работа... (и троши уље по малку се разбира) ама тоа на пад на компресија на пола... она што се вели е околу 10% пад на компресија и не е страшна работа... моли бога да биде вентил а не карики... за поевтино да пројдеш нели...

ако си заинтересиран кај мајсториве мои да те препорачам и да ја средат колата онака брзо брзо... со таква компресија на еден клип, сигурно и троши повеке... и тоа повеке за 20 до 30%... удри на есап, по пројдени 500 километри дека инвестицијата за сервис на вентил се враќа.... како и да е, ако ве интересира, јавете се на мајстор боро тел: 070-547-673 или 077-727-802 и кажете му дека алек ве пратил и ви го дал бројот... за да добиете на ургентност, т.е. да си фатите ред побрзо... боро подигал од мртви и сервисирал коли од кои многу мајстори се откажале... и ги поседува 2-те нај битни особини:
-прецизен и детален во работата
-не е со соништа да се збогати преку ноќ, т.е. реалене во наплатата за работа односно да не речам евтинџија е...
 
Да да троши повеќе од кога е вака колата. Иначе се работи за мотор од југо 55 :) Деновиве да легне некој денар на сметка и ќе го побарам мајсторов. Фала во секој случај за информацииве, и да се надевам дека е некој вентил. Иначе при вајѓање на свеќицата од тој цилиндар кај што беше компресијата 1, на свеќицата имаше бензин(т.е мирисаше на бензин) а не беше замастена со уље. И беше парче направена, мислам изгорена онака асално!
Фала уште еднаш
 
југо 55??? пфффффф..... во 18ч го отвара во 22 си го зимаш направено ако е вентил а ако е клипови другиот ден евентуално
 
Кај мене во таа книгата баш тие страници ми фалат и затоа прашувам. На интернет неможев никако да барам, по форуми барав исто така неможев да најдам. Мене конкретно ме интересираше за 205/50 Р17, но како што реков ќе се оди на долг пат, 2-ца луѓе, многу багаж и + закачен точак позади. Значи најидеално би било некаде 2.5 предни и 2.2 задни?!
Јас ја имам книгата во PDF формат аама на англиски е, ако сакаш ќе ти ја пратам некако
 
Потребен ми е сет: потисна ламела друг лагер , за шкода октавија 1.9 тди . Секоја информација за квалитет и цени се добредојдени. Фала !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom