Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Некако е чудно што и двете коли се со слична километража. Го видов бензинецот, да изгледа супер од надвор, само има некој ситници зафркаваат: кај дизелот воланот е оргинал, а кај бензинецот воланот е тапациран со некој скај или гума повеќе на гума личи (тапациран е највероватно зошто бил мн. излижан) и кај мењачот исто така е тапациран со некоја евтина еко кожа, радиото нема код (газдата вика дека не го прифаќало оргиналниот) аирбегот свети на шал табла, едниот прозор не се затвара до крај бил искршен некој држач/насочувач, централната на 5-тата врата не работи, дисплејот на шал табла од компјутерчето скоро 60-70% е изгорено, 2-та амортизери на 5-та врата се за мењање, решетката напред под браникот е искршена и задниот браник е премногу изгребан, излижани копчиња на шал табла, на предницата има некој балансери, јабучици за менување, позади под заднотот лево седиште појави вода цел тапацир беше мокар (највероватно од краткото возење по дожд) додека седиштата се ок не личат дека има мн. поминато, на вожња изгледа стегнато!
ај и јас да кажам збор два за типот и јас бев кај него некаде јули месец гледав една астра и вака беше ок да речеме од слики коа отидов позади кај штопот беше чукната малце али не зимам од отпад кола :) после тоа доле на пластиката под вратите фалеше едно од тие капачиња што ги кријат оние за дигалка ,исто приметив и браниците беа фарбани и типот ми призна после внатре имаше некои остатоци од лепак и сл со биле лепено по шал табла така да тиња и незнам како успеа да ја продаде колата :))) ..така да убаво кажа дечкото пред мене слабо има добро коли кај тој се им фали нешто .
 
скоро кај сите по плацовиве такви се коливе само што ги средуваат малку.. кола од увоз само од твој човек да земеш или лично ти да идеш да си ја пазариш, од апашиве кај нас тешко да начекаш нешто добро.. :)
 
Кај можам да најдам клима фолија .. знам сам да си ја намонтирам .. пошо татко ми работи у б3 дизајн .. лепат постери .. камиони .. и такви ствари .. ми казаа негде у цаир да барам ама не знам каде точно :)
 
во чаир ако ти кажале за авто лидер тоа се наоѓа на јаја паша кога идеш од битпазар према чаир од десно му доаѓа една зграда со плави стакла е.. таму нема што нема галантерија за коли.. ваљда е тоа за друго ако знае некој друг нека ти каже .. :)
 
Кај можам да најдам клима фолија .. знам сам да си ја намонтирам .. пошо татко ми работи у б3 дизајн .. лепат постери .. камиони .. и такви ствари .. ми казаа негде у цаир да барам ама не знам каде точно :)

во плимонт јави се имаат такви фолии... на должина се продаваат... а и лесно ке се договориш за мала разлика они да ти монтираат...
 
во плимонт јави се имаат такви фолии... на должина се продаваат... а и лесно ке се договориш за мала разлика они да ти монтираат...
Колку е од прилика у Плимонт ??
 
Здраво дечки. Купив Фиат Браво од 98 година 16 16v со целосна опрема, каросериски нечепнат и со оригинални 143 000 км.
Ме интересира какви се вашите впечатоци за овој модел и доколку некој од вас има/имал Браво/а, би го замолил да ми посочи на што да внимавам и доколку е можно да ми даде едно кратко review за колата базирано на искуство. Фала однапред.
 
Што пари ја зема ? ако е тајна пиши ПП
 
Citroen%20DS3%20vs%20Mini%20Cooper%20vs%20Fiat%20500
10310101044406251600x1060.jpg

Доколку би биле во можност,што би избрале од овие три "ретро" убавици ?

http://www.autocar.co.uk/News/NewsArticle/AllCars/248150/
http://www.articleszoom.org/business/careers/98440-citroen-ds3-vs-mini-cooper-vs-fiat-500/
http://www.koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=549
 
Ситроенот, иако не знам на која основа е “ретро“.
 
еее, не е толку лесно, го дополнив мојот коментар во меѓувреме :)

Цитроенот е "ретро' на спачекот,нели демек.. фиат 500 на популарното фиќо, минито на онаа мистер бин што го вози :icon_lol:
 
Цитроенот е "ретро' на спачекот
о, сум го пропуштил тоа

--- надополнето ---

да образложам малку околу изборот

прво, не сум возел ниту сум влегол во ниеден од овие автомобили, така да мојата одлука овде е чисто врз основа на фотографии (добро, однадвор и во живо сум ги видел низ “Скопјево“) и новинарски извештаи и тестови; генерално, секогаш предност би дал на возните својства, а тука е прв Мини (или така барем велат), но, пак според новинските текстови, ниту Ситроенот не е воопшто слаб на ова поле - доволно за да пресуди второто најважно нешто - дизајнот, кој немерливо е подобар кај Ситроенот, и однадвор и одвнатре; Фиќото ми се допаѓа, но “Спачекот“ повеќе
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom