Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Xa ха ха.Само ти сонувај.
Пред да го пуштат увозот за коли на mobile.de барав коли за носење.Поголемиот дел беа со 400-500к и за џабе пари.
Кога го пуштија увозот за коли од mobile.de ефтините ги купија бугарите на нас да ни ги препродаваат па на mobile.bg,cars24.bg. ги гледав и со по 100-150к.

Не ми ја сфати иронијата.Затоа и го зголемив буквите,и пак не сфати...Кај нас грото од колите се со враќани километражи,шминкани и дотерани за продажба..
 
Тоа никој неможе да ти каже..Тоа исто како да прашаш дали по 10 дена ќе има земјотрес..Главна задача на дизните е да го спроведуваат горивото до клипот..Може да се малку затнати,може да се повеќе,може да се ич..Ако се скроз оштетени,возилото нема да пали,пошто не му иде гориво до клипот..Кога скроз ќе откаже,самата кола ќе ти каже..И зошто одма си запнал за купување нови..Тие се вадат,се чистат ултразвучно,и на крај ако не бива се купуваат нови..
Во ред фала пријател.Чисто информативно.Видов дека на овие дизните им се мана како и на секој втори дизел,а тоа е доста скапо па сакав да го елиминирам овој потенцијален дефект
 
Здраво

Ме интересира колку се давачките за нотарски услуги при купување на автомобил, и дали постојат други давачки/даноци?

Поздрав
 
Околу 350 денари ќе те кошта нотарот да ти го завери договорот..Треба претходно да си имаш испринтано договор,оти за еден лист а4 формат,ќе ти земе 500 денари само за договорот..Чим ти си купувачот,зависи дали од истиот град ја купуваш колата,или од друг..Ако е од друг град,треба да си дојдеш дома,нели откако веќе ќе ја префрлите,ќе се почастите :)да ги извадиш таблиците,да му ги однесеш на веќе бившиот газда,за да ги одјави од АМСМ,или од Здружение..Тоа него ќе го кошта околу 450 денари..Ја носи сообраќајната,ставаат печат на неа дека е поништена,ти ја враќа тебе,и со тие документи ја носиш во АМСМ или во Здружение за да можеш да ја регистрираш,и да ти дадат нова сообраќајна..Пред да ја купуваш,нема да те кошта ништо да си провериш бројот на шасија,да не не се совпаѓа,али тоа ретко се дешава..
 
Благодарам :)
Каде би можел да го најдам договорот? Го има ли во pdf формат на интернет мрежата?
 
Ве молам за мислење за BMW 320d од 98 до 2000 година.. Потрошувачка, најчести проблеми , делови, одржување на истото и сл. Добро би дошло со искуство бидејќи во скоро време таа би била мојата нова и прва кола. Ви благодарам однапред. :)
 
Сакав да си купам такво бмв 320 д и сите ми викаа да си земам 320д м пакет со 150 кс дека другите не биле погодени.Турбината им страдала
 
Благодарам :)
Каде би можел да го најдам договорот? Го има ли во pdf формат на интернет мрежата?
4882-1.jpg

Ова е тоа,само на српски јазик..Ќе си го направиш на Мк..
 
Се мислам измеѓу Опел Астра 1995(исузу), Опел Вектра 1995 (исузу) и Опел Корса.
Вектрите од 96та нагоре не биле погодени моторчињата, биле многу високи со лоша прегледност и трошеле ко за дизелчиња.
Гледам нешто и Омегата сите ефтино ги дават ама ќе да не се нешто најнај?
Па дајте совет кое количе би било најдобро пред се потрошувачката е најбитна :)?
 
Астрата со исузу и да не му ја мислиш, исто така и корсата не е лош избор, корсата мислам дека има и обичен 1.5 D дизел мотор без турбина што е уште поекономичен, не се скапи за одржување само маана им се алтернаторите на исузу - то така да обрни внимание на тоа, инаку нема смрт...Околу потрошувачката јас имам астра со исузу караван, градска 6,5 - 7, отворено под 6...
 
Последно уредено:

Тетин ми имаше Опел Астра 1.7 Турбодизел со интеркулер,Исузу,1993 година,освен масло филтри,гуми,и некои ситни поправки немаше никаков проблем..Колата беше прва лига..Се изнавозе..Додуша тој и нова ја зема,ама и направи 250.000 км..
 
А корсичињата бензин 1.0 и 1.2? и нив ги фалат многу?
 
Opel_Corsa_B_1.2_16V_Edition_2000_5-T%C3%BCrer_Facelift_front.JPG

Слаби мотори се тие со 1.0..Со 1.2 е веќе подругo,три клипа мотор на ланче..Што знам,мене ми се убави тие со 4 врати..А и се понови..Во Велес често ги има..За овие мислиш?
 
Економичноста ми е пред се, 4ри врати сакам и јас кај кола. Досега имав фиат браво ми трошеше поќе него шо можам да го одржувам во зима 10-11 многу ми се мене искрено, па сега се ориентирав кон Опелите после консултација со стар механичар али ми рече Астра исузу од постарите ( 93+) или опелов мотор астра можи, Вектра само до 95та, и Корса ТД или бензин и тие не трошеле а ефтини биел за одржување :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom