Да ви се пофалам - не го купив мерцедесот.
Океј, за вкусови со кожа не праиме збор - ама овој беше крш во секој можен аспект. Значи внатрешните елементи, кај можеше да крцка, крцкаше, електроника на ретровизори не работи, сервис exceeded by 2200 km, елементите за електроника на прозори менувани, преден прозор ко трактор работи итн...
Ај тоа, ама и надвор слично. Лајсните од елеганс вадени и исто, безвезе ставени. Моторот на многу делови зарѓан, кога ќе го изгасиш прави некој "бззззз" звук подолго време...не се одлучив ни во сервис да го носам.
Башка човекот, да не зборам сега лошо за други, ама беше дигнат некако, он ќе купувал нов мерцедес и ништо не сакаше да кажува. За сите прашања "јас го купив пред 2 години, таков го купив". Ни да ја пофали колата за нешто, ни да те убеди - незаинтересиран демек. Вртеше филмови дека на други места му ја менувале за мерцедес понов, во ред, нека си ја земе.
Јас ве напињам со потрагата, ама продолжувам понатаму.