Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ти друже незнам шо си гледал во 22.30, јас ти викам види ја колата на сонце. Особено за надворешниот изглед.

Тие натре работите, тешко дека се оправат... Ако треба да ги бараш на старо или нарачуваш од нет ќе те кошта. Поприлично. Вака од прво, ко да тие 180.000 км не ми делуваат реално.

207.000 има сега. Иначе видов колку што може да се види, рѓа кај гуми, на штрафови под предни седишта итн итн...Во ред беше!
На осветлено место бевме и во ред, си ѕирнав колку можам и колку знам.

Утре преку ден ќе дојде, ако ми се допадне од втора ја носам во МакАутоСтар и нека гледаат они таму после. Според елементите мене ми изгледа дека е со реална километража, ти викам засега тоа го оправдувам што е приватен продавач, а не авто-плац.

На авто-плацевиве имаш со 270.000 и цело се перфектни внатре, значи кожата не е гребната на ниедно место, експертски прелакирана и префарбана...овде ми се свиѓаше што имало некоја гребаница и ја префарбал сам со слична, ама не иста боја. Овие на плацевиве ги гледам сите се Класик со менувана предна решетка, менувани фарови итн итн...

Утре следува вистинското, ќе се види подетално, ќе се тестира возење...
 
Не гледам зошто би ја носел во мак ауто стар, ко поарно ти е да ја однесиш на технички. Нема ништо посебно да ти кажат, освен дека возилото е ОК. А то шо е од приватен продавач нека не те залажува воопшто. Од кај знајш дека батката нема авто плац во Радовиш по пола со на жената трет брачед?

Разликата измеѓу класик и елеганс, во глобала е рачки во боја на каросеријата, малку поинаква предна маска и некоја синта електроника. Негледам шо си се уплашил толку. Јас побрзо би дал пари за средено возило, отколку да треба допрва да го средувам.

п.с. бандаши се клават и се вадат, гледај моторот и подвозјето во шо состојба е.
 
Ти друже незнам шо си гледал во 22.30, јас ти викам види ја колата на сонце. Особено за надворешниот изглед. По темница, се знај шо се прај :). Кола не се гледа.

Тие натре работите, тешко дека се оправат... Ако треба да ги бараш на старо или нарачуваш од нет ќе те кошта. Поприлично. Вака од прво, ко да тие 180.000 км не ми делуваат реално.

Го заборавивте најбитното, моторот... кога јас гледав, по плацеви имаше мерцедеси, стакло, кога ќе отвориш под хауба истечено, капи некаде пушта, црева...
Треба и да се повози.. најчестите проблеми на мерцедесите, барем јас шо ги заприметив се: рамена, некој јабучица (шо е нормален сервис), ама обавезно однеси ја на технички, да не е летва или слично, оти таа е околу 350 евра.

Пошто јас сум со мануелен менувач, обавезно провери си го кумплугот... осетив мали вибрации на кумплугот кај мене, побарав на интернет и испадна дека е common то, друглагерот да треси! По мое не би требало.

Исто кога ќе го отвориш моторот не треба да треси поќе од нормална вибрација под мала туража. Да не го фрла лево десно.

Mac)) напиша:
На авто-плацевиве имаш со 270.000 и цело се перфектни внатре, значи кожата не е гребната на ниедно место, експертски прелакирана и префарбана...овде ми се свиѓаше што имало некоја гребаница и ја префарбал сам со слична, ама не иста боја. Овие на плацевиве ги гледам сите се Класик со менувана предна решетка, менувани фарови итн итн...

И да е смената решетката или спојлер, одма се гледа дали е колата удрена или е менуван за шминка или бил потскршен само спојлерот, шо не е чудно да пофатиш некој камен или сл. Сепак намената на браникот е таа....

Јас сум обично брз по природа, и не ме трај кожа ко ќе решам нешто да не го напрам... мој совет, смирено, гледај ... то шо е твое ќе си дојди.

Ај поздрав. ;)
 
Не гледам зошто би ја носел во мак ауто стар, ко поарно ти е да ја однесиш на технички. Нема ништо посебно да ти кажат, освен дека возилото е ОК. А то шо е од приватен продавач нека не те залажува воопшто. Од кај знајш дека батката нема авто плац во Радовиш по пола со на жената трет брачед?

Разликата измеѓу класик и елеганс, во глобала е рачки во боја на каросеријата, малку поинаква предна маска и некоја синта електроника. Негледам шо си се уплашил толку. Јас побрзо би дал пари за средено возило, отколку да треба допрва да го средувам.

п.с. бандаши се клават и се вадат, гледај моторот и подвозјето во шо состојба е.

Има махагони елементи на врати, плус како што знам има лајсни под вратите и различна суспензија (помека наводно), исто така зелено tint на прозори и не ми текнува сега што друго...

Значи во ред, сфаќам дека е најбитен моторот и каросеријата, затоа и гледам пред се тоа да е добро. Ќе те послушам за технички, мене овде ми рекоа претходно дека е најдобро во МакАутоСтар заради дијагностика на возилото. Секако јас не би ја зимал ако не е добра во тие аспекти.

Муабетов ми беше дека има вредност колава и работи како кожа и автоматик, двете заедно биле 3500 евра плус да речеме. Не ми се пресудни тие, но ако е во ред колата тогаш ми вредат. Јас и така решив дека ќе барам со кожа пред се, автоматикот не ми е важен, но да речеме ако сакам да ја продавам во иднина јас пак, тоа си е плус само.

Значи секакви размислувања има тука, но се согласувам дека пред се е битен моторот.
 
Значи во ред, сфаќам дека е најбитен моторот и каросеријата, затоа и гледам пред се тоа да е добро. Ќе те послушам за технички, мене овде ми рекоа претходно дека е најдобро во МакАутоСтар заради дијагностика на возилото. Секако јас не би ја зимал ако не е добра во тие аспекти.
Освен шо ќе ти земат 1500 денари, ако не свети некоја сијаличка на таблата, се е ок. Тоа ќе ти го кажат. Е сега ако си решен да ја купуваш веќе, тогаш не ги штеди тие пари, посекако ќе мораш кога/тогаш да ја врзиш, чисто за тебе/

Муабетов ми беше дека има вредност колава и работи како кожа и автоматик, двете заедно биле 3500 евра плус да речеме.
Зависи кој гледа. Јас кожата ја нејќам, од практична причина: на лето на сонце, се прај +90 степени за 15 минути (имам кожни седишта во мерцедесот шо го возам, намерно ги покрив со навлаки, неиздржливо е). На зима ќе замрзниш особено ако нема греачи во седиштата, со 2 збора си наебал. Автоматикот е уба работа, исто така не ми е пресудна. Така да јас побрзо би зел нешто што ќе ми е ок на око (пример то со отворањето, ќе ми боди око многу појќе отколку дали е автоматик или не) отколку да залетувам по опрема, бандаши и сл.
 
Освен шо ќе ти земат 1500 денари, ако не свети некоја сијаличка на таблата, се е ок. Тоа ќе ти го кажат. Е сега ако си решен да ја купуваш веќе, тогаш не ги штеди тие пари, посекако ќе мораш кога/тогаш да ја врзиш, чисто за тебе/

Зависи кој гледа. Јас кожата ја нејќам, од практична причина: на лето на сонце, се прај +90 степени за 15 минути (имам кожни седишта во мерцедесот шо го возам, намерно ги покрив со навлаки, неиздржливо е). На зима ќе замрзниш особено ако нема греачи во седиштата, со 2 збора си наебал. Автоматикот е уба работа, исто така не ми е пресудна. Така да јас побрзо би зел нешто што ќе ми е ок на око (пример то со отворањето, ќе ми боди око многу појќе отколку дали е автоматик или не) отколку да залетувам по опрема, бандаши и сл.

Ова истото важи и за мене! Сакам кола шо ќе ме вози. Да не мислам дали, шо, како. Во право е Dzish.
 
Мислам дека го имав истиот проблем со службената кола, прво мирисаше на гума изгорена внатре после почна да ги магли прозорите за на крај да испадне дека хладњачето за парно пушта антифриз. На мајстор да го провериш или ако не ти се даваат моментално пари ќе си земеш од таа кристална вода или како ја викаат да ставиш во антифриз и ќе помогне барем накратко, поздрав
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 08:02 ---

И мене натаму ми оди умот, цела приказна почна со ниските температури и употребата на парно. Прозорите немаат никаква мака со маглење, ќе видам до мајстор, а и тоа со сретствата за затнување дупчиња е добра идеја. Фала за инфо.
 
Сакав да ве прашам колку чини префрлање на колата на нотар?

Исто и префрлање на таблици која цена е?
 
300 денари на нотар. и 1500 таблици и сообраќајна (1400 иди, ама 1500 земаат заради уплати на некои налози)
 
Сакав да ве прашам колку чини префрлање на колата на нотар?

Исто и префрлање на таблици која цена е?
Нотар 300(пари за еден параф), сообраќајна 880(да ти испринтаат комуњарски документ), таблици 1200(нешто што реално вреди 400-500)
 
И мене натаму ми оди умот, цела приказна почна со ниските температури и употребата на парно. Прозорите немаат никаква мака со маглење, ќе видам до мајстор, а и тоа со сретствата за затнување дупчиња е добра идеја. Фала за инфо.
Јас со тоа водата го решив проблемот на едно три месеци, и после пак исто и мораше да се прави,
 
Не ти мириса на изгорена гума, ти мириса на испарен антифриз. Казанчето за парното ти е дупнато, па од некаде ти течи (макар и малку).Со тек на време ќе се зголеми, и течењето-загубата и испарувањето. А ти се маглат стаклата, пошто пареата се нафаќа на нив.

Ако мислиш да ја чуваш колата, најдобро е да се отвори и да се залепи/смени казанчето. Инаку, можиш и лајче кафе да туриш во ладњакот, на едно 2 месеци ќе затни се. Ама не брка работа на подолг период.
 
Ако испарен антифриз мириса така, како на битомен (изгорена гума), тогаш тоа е тоа. Стаклата не се маглат воопшто, про-лизгувањето (загубата) на антифриз е многу мало, и линеарно се намалува со зголемување на надворешната температура. Ако температурата надвор е повисока, т.е. не пуштам парно, нема ни мирис под хауба. Оваа зима помина, така да ако се средат работите ќе го поправам во Ноември. Мислам дека не смее ова да влијае на климата :unsure:
 
процедура за менување масло во менуваЧ на голф 4 1,4 ? или некој сајт каде што е сликовито објаснето...?
 
Да ви се пофалам - не го купив мерцедесот. :)

Океј, за вкусови со кожа не праиме збор - ама овој беше крш во секој можен аспект. Значи внатрешните елементи, кај можеше да крцка, крцкаше, електроника на ретровизори не работи, сервис exceeded by 2200 km, елементите за електроника на прозори менувани, преден прозор ко трактор работи итн...

Ај тоа, ама и надвор слично. Лајсните од елеганс вадени и исто, безвезе ставени. Моторот на многу делови зарѓан, кога ќе го изгасиш прави некој "бззззз" звук подолго време...не се одлучив ни во сервис да го носам.

Башка човекот, да не зборам сега лошо за други, ама беше дигнат некако, он ќе купувал нов мерцедес и ништо не сакаше да кажува. За сите прашања "јас го купив пред 2 години, таков го купив". Ни да ја пофали колата за нешто, ни да те убеди - незаинтересиран демек. Вртеше филмови дека на други места му ја менувале за мерцедес понов, во ред, нека си ја земе.

Јас ве напињам со потрагата, ама продолжувам понатаму. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom