На 15.000км најмногу се менува филтер, дури и на 10.000 ако си на место кај што има многу песок, земја, прашина. Рачунај дека целата таа бљувотина ти влегува директно низ филтерот за воздух. Доколку е некаде оштетен филтерот за воздух или премногу валкан, честичките од прашина (кој функционираат како абразив) ќе поминат и во комората за согорување. Друг ризик е погрешни параметри на MAF сензорот што предизвикува check engine, и како што кажа
@Black Hok: Гушење на возилото,намалена снага,зголемена потрошувачка на гориво.
Не ризикувај за 500 - 600 денари (не знам ни за каков тип на возило се работи ама генерално филтрите за воздух не се скапи дури ни на мерцедес). За посликовито да ти доловам, излези надвор кај што е многу загадено или има чад па пробај да земеш длабоко воздух или да правиш физичка активност. Исто се „осеќа“ и колата со затнат филтер