Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Авто клима има разлика дигитален и аналоген и нормално е тоа што треба да се чека, исто како парното треба ви загрее моторот и после ќе може да грее истото како и аналогниот клима уред најмалку 2-5 минути, зависи кое е кола додека дигиталниот е друга работа на пример мојот Ауди е со климатроник е со помалку една минута и се лади климата . А ако пак долго време не го користиш климата е за тоа треба се чека многу или воопшто нема да лади поради фреонот каква е состојбата затоа препорачано е да се користи често барем пола саат да се користи

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk

Нема врска аналоген дигитален климатроник. Имам Цитроен Ксара со аналоген климатроник т.е. нема дисплеј туку со тркалаце се мести колку степени сакаш и има ауто копче. Кога климата беше топ полна буквално за 10 секунди се осеќаше дека дува ладно на решетките. Ама по скоро една година фреонот се подистиши и му требаше околу минута за да почне осетно ладно да дува.

Ја дополнив пред некој ден климата и пак ладно си дува за 10 секунди. Така да горе некој што викаат не ладело одма веројатно имаат проблем со климата или треба фреон да дополнат. Нормално има разлика и дали на сонце е ставена колата на оваа жештина. Ако е внатре 50 степени нормално дека ќе треба време да се излади добро дури и топ полна да е климата.

Инаку од некористење на клима, гумичките што се на споевите на цевките и цревата на климата се сушат, стануваат крути и пуштаат фреон. Па така за да трае фреонот повеќе климата треба бар 15 мин неделно да се пушта да поработи, да се подмачкаат гумичките со фреонот и маслото што го има во самиот систем на климата. Ова важи дури и за во зима, нормално ако климата пали на ладно. Некои клими не се палат на ладно поради опасност од замзнување на делови во системот.
 
Последно уредено:
да не знае некој код за радио на форд фокус 2010 г., одкако се смена акумулаторот, бара код да се внеси
 
се јавувам во хундаи викаат и30 не продаваме а гледам низ град веќе се вози ...нешто ја не разбирам или ?! :)
 
да не знае некој код за радио на форд фокус 2010 г., одкако се смена акумулаторот, бара код да се внеси
Ако го имаш прирачникот за колата, би требало таму да го пишува.
 
Ми треба совет и инфо, пари за сет ламела друк лагер и што други и да спаѓа во сетот за Фиат Стило 2002ра 1.6 бензин. Каде да мењам, што пари да очекувам дека треба да поебам и слично.
 
Дали знае некој да ми каже кои се трошкови ги имам за да купам кола со повеќе коњски сили во Германија.И како се движат цените според коњските сили.Јас сакам да земам Јагуар с тајп со 175 kw и колку ќе ме кошта регистрација и данок за неа.
 
Nekoj da kaze mislenje za cipuvanje na kola, gledam na fb stranata Mancic ima mnogu zadovolni musterii, konkretno prasuvam za mercedes c220 cdi, dali bi imalo nekoja steta kolata ili motorot ?
 
Ми треба совет и инфо, пари за сет ламела друк лагер и што други и да спаѓа во сетот за Фиат Стило 2002ра 1.6 бензин. Каде да мењам, што пари да очекувам дека треба да поебам и слично.
За пари за делови незнам...но ако малку си чепкал во коли можиш и сам да ја смениш ламелата. Иначе за работна рака ќе ти земат 50 евра
 
Нема врска аналоген дигитален климатроник. Имам Цитроен Ксара со аналоген климатроник т.е. нема дисплеј туку со тркалаце се мести колку степени сакаш и има ауто копче. Кога климата беше топ полна буквално за 10 секунди се осеќаше дека дува ладно на решетките. Ама по скоро една година фреонот се подистиши и му требаше околу минута за да почне осетно ладно да дува.

Ја дополнив пред некој ден климата и пак ладно си дува за 10 секунди. Така да горе некој што викаат не ладело одма веројатно имаат проблем со климата или треба фреон да дополнат. Нормално има разлика и дали на сонце е ставена колата на оваа жештина. Ако е внатре 50 степени нормално дека ќе треба време да се излади добро дури и топ полна да е климата.

Инаку од некористење на клима, гумичките што се на споевите на цевките и цревата на климата се сушат, стануваат крути и пуштаат фреон. Па така за да трае фреонот повеќе климата треба бар 15 мин неделно да се пушта да поработи, да се подмачкаат гумичките со фреонот и маслото што го има во самиот систем на климата. Ова важи дури и за во зима, нормално ако климата пали на ладно. Некои клими не се палат на ладно поради опасност од замзнување на делови во системот.

Добро ај да ве прашам ? Да речеме на сред зима на -5 или -15 степени дали можеш да пуштиш клима да лади ??

Sent from my iPhone 6S Plus using Tapatalk
 
За пари за делови незнам...но ако малку си чепкал во коли можиш и сам да ја смениш ламелата. Иначе за работна рака ќе ти земат 50 евра

Освен проверување уље, вода, менување свекици и дотур на она средствоно за чистење шофершајбна за друго сум дупка :D

Иначе, како да ми шлајфува на пуна гас, па ми кажаа дека тоа е доказ дека ламелата е отидена, па затоа пишав тука.
 
Дали знае некој да ми каже кои се трошкови ги имам за да купам кола со повеќе коњски сили во Германија.И како се движат цените според коњските сили.Јас сакам да земам Јагуар с тајп со 175 kw и колку ќе ме кошта регистрација и данок за неа.
Како мислиш цени според коњски сили - осигурувањето ти е поскапо, ако на тоа мислиш, плус плаќаш повеќе данок според ЦО2 емисиите, но тоа е многу мал дел од трошоците, главно е осигурувањето. Овде можеш да провериш месечни трошкови за секое возило отприлика: http://www.autokostencheck.de/alle-pkw-hersteller.html

За осигурањето би рекол годишно треба да рачунаш околу 1000 евра (без каско), плус-минус 100-200, зависи во која осигурителна класа ќе те стават. Данок ти излегува 204 евра годишно.
 
Последно уредено:
Добро ај да ве прашам ? Да речеме на сред зима на -5 или -15 степени дали можеш да пуштиш клима да лади ??

Sent from my iPhone 6S Plus using Tapatalk

Можеш на повеќето коли. Нема да лади во класична смисла ако имаш климатроник, оти и најладно да го наместиш 16 или 18 степени пак ќе дува топло во споредба со температурата надвор. Климата и клима компресосрот ќе работи сепак ама самиот климатроник ќе додава и малку топлина од казанчето (ладњачето) за парно за да се постигне таа температура што си ја задал.

Инаку во зима се пушта клима и за одмаглување на шофершајбна зошто го суши воздухот и многу побрзо одмаглува одколку да чекаш само со парното да дува и да стопли доволно. Е сега моментот е што кај некои коли не се вклучува компресорот за клима ако е под 5 или 6 степени надворешна температура поради опасност од мрзнење па и да притиснеш копче за клима тоа ќе свети ама компресорот не уклучува.
 
Освен проверување уље, вода, менување свекици и дотур на она средствоно за чистење шофершајбна за друго сум дупка :D

Иначе, како да ми шлајфува на пуна гас, па ми кажаа дека тоа е доказ дека ламелата е отидена, па затоа пишав тука.
Тогаш најдобро е сам да ги пребараш сите продавници и да најдиш сам делови...бидејќи мајсторите знаат да те зрпнат и на деловите.
Менувањето ќе ти го наплатат најмалку 3000 денари а најдобро се проверува ламелата ако ја ставиш колата во 3-та брзина, стегаш кочница и пушташ кумплуг. Ако изгаси моторот, ламелата е добра, а ако продолжи да си работи моторот при пуштен кумплуг.....отидена е
 
Може и да провери кај му фаќа,ако фаќа мн горе,отидена е,по можност колку подоле на педалот фаќа,толку е поздрава и ќе оди уште повеќе..[DOUBLEPOST=1502632270][/DOUBLEPOST]
За пари за делови незнам...но ако малку си чепкал во коли можиш и сам да ја смениш ламелата. Иначе за работна рака ќе ти земат 50 евра

Како ќе смени сам?Не ги сили да пробуваат сами да менуваат,оти не е филтер за воздух тоа..Му треба канал,да се вадат тркала,полуосовини,штрафови,цел менувач се вади,маслото од менувач да го испушти,треба правилно да се намести,да се раскачуваат цевки едно-друго,и сето тоа пак да се врати како што беше..Искусни механичари грешки прават,и 75% не ги погодуваат како што треба,тој,обичен возач ќе менува ламела..Абе ајде..Ти ќе ја смениш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom