dali nekoj go ima ovoj skuter da spodeli mislenje/iskustvo
?
Aprilia Sr 300
Да, SR Max300 ei, јас го имам од 2012 навака, 13 000км до сега и тип топ, немам лош збор... Ако знаеш што е Gilera Nexus - ова ти е истото тоа со друго име ... Quasar Piaggio машина, истата од 250 цц, само направен 278 цц, 22 коња, 22.5 Nm момент ... Рамот кај 300-ката е истиот од Nexus 500, додека кај 250-ка е истиот како кај 125-ка ( зборам за Nexus, пошто SR Max доаѓа само како 1250ка и 300-ка ) ... Top speed на рамно 142-144 км/ч, на надолница највеќе ми има покажано 157 км/ч и веќе го исклучува електрониката пошто е лимитиран на 9500 врт/мин... Kако и се друго од фамилијата Пијаџо, машината е топ, преносот е погоден ( иако не би штетело да е нешто малку поагресивен на старт, ама пак тогаш би изгубил на крајна брзина )... Не бара многу за одржување, редовниот сервис деклариран од производителот е на 10 000км, ама јас не го оставам повеќе од
5 000, а истиот ти се состои од 1.3 литри уље ( препорачано Eni / Agip 600 ден / л . ), филтерче за уље 400 ден. и филтер за воздух 400 ден... Поголемиот сервис кој покрај наведеново се состои и од менување на каиш 5 000 ден, ролни ( незнам колку се 25 x 17 mm носи ) и свеќица ( ама тој сервис е после 15 000 км ) ... Мала замерка кај италијаниве јас имам на завршната обработка... Мислам се ке сработат како што треба, ке го измислат, ке го направат и на крај како да брзаат да го состават побрзо и може да се случи некое пластиче или маска да не е заштрафена до крај па да мораш да ја заштрафиш убаво самиот иако тоа не го гледам како проблем... За управувањето е врв во таа класа ( Nexus го викаат скутерот што сака да биде мотоцикл ), има скоро па мотоциклистичко управување... Иако седиштето е поставено малку повисоко од другите скутери во класата и рачките доаѓаат пониско ( добиваш чувство скоро како на некој streetgihter ) тежиштето е доста ниско, па така дозволува доста лесно и поагресивно маневрирање ... Одличен крузер за низ град, одличен и за меѓуградско возење. но малку неудобен за совозачот на долги релации... Потрошувачката зависи од возењето и шоферот... Јас сум 100кг и знам да бидам поагресивен на рачката за гас, па така ако се возам сам низ град потрошњата се движи помеѓи 3,2 и 3,5 литри на 100км, со уште еден 3,5 - 3,8 , а 4 литри уште нема качено ... На отворен пат со возење во распон од 90 - 120 км/ч паѓа и на 2,7 - 2,8 литри ... Ако испуштив нешто прашај, мада мислам дека опфатив доволно ... Имаш едно чудо тестови за Nexus и SR Max по нет, па можеш и таму да прочиташ...