Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
А и заборавив да пишам, нов беше 500 или 550 евра, така да овој не вреди за 400, мин. 300
или ако е регистриран како 50ка тогаш се исплати, нема потреба од регистрација и возачка А кат.
Се јавив за моторот, го преправал од 50 на 110cc, затоа е со трјана регистрација мењачот му е полуавтоматски. Може да е у ред ама не знам како да го проверам.
 
дај бе не се врзувајте со вакви мотори, мачка во вреќа се..
 
На татко ми...ќе ми земат нешто пари ?

и документ нешто треба да се носи,или само име..?
Мислам дека треба да дајш оглас во службен весник дека е загината, да се прогласи како невалидна и после тоа ќе ти издадат нова. АМА откако ќе излези огласот, шо значи нема одма да ти ја дат ко ќе одиш.
 
мандрак... што возеше ти?

јас деновиве го привршувам реставрирањето на ова:

1.jpg

а иначе имам цела прикаска со него, од почетоков на летово. на друг форум е ама може да читате и без да се зачлените... автомобилски форум е тој... клик тука за прикаската

а ми дреме и еден јава калифорнија... мераклија сум на олдтајмери...
Не ти го видов постов на време па сум прескокнал малку. Најпрвин, wellcome to the club :)
Мојата Honda VF 750 RC 07 -Saber е произведена 1985, моделот е мислам од 1983, значи некаде блиску по возраст со твоево Suzuki, mislam deka e gsr серија, 750. Ти посакувам што побрзо да го завршиш и да му се изнавозиш! :)
-Инаку, пролетоска набавив уште една Honda како оваа што моментално ја возам, во нешто полоша состојба но со релативно мала инвестиција може да се доведе до фаза „одличен“. Таа планирам да ја кастумузирам во naked варијанта. Треба само да сменам семеринзи на предна вилушка(веќе ги купив) и во некој од сервисите за ауспуси да ми направат централен издувен лонец. Гумите не се баш ок, ама тоа е ионака потрошен материјал :)
--- надополнето: 10 септември 2012 во 10:06 ---
Што мислите за овој мотор? 110cc а трајно регистриран дали е можно? Гледам има и покажувач на брзини, мануелен мењач има?
Тоа е заправо Skygo, потекнува од еден модел на Honda, ама далеку е од нејзе. Хамачи ги зема во делови од Skygo и овде ги составува (ги увезуваат како полупроизвод заради помала царина и данок) и им лепи Хамачи налепници. Имам пробано такво моторче, оди сосема добро, агилна машина има, но...за мене лично е далеку од тоа што го барам од еден двотркалец. Менувачот е полуавтоматски, менуваш без куплунг, а брзините се по сосема обратен редослед за разлика од сите други мотори. Добра страна е што никогаш нема потроши повеќе од 4 литри на 100 км, и се разбира е ептен евтин. За тоа колку ќе трае и издрќи, не би можел да пишувам но според тоа каде и како е произведено и склопено...не би бил преголем оптимист.
 
Мислам дека треба да дајш оглас во службен весник дека е загината, да се прогласи како невалидна и после тоа ќе ти издадат нова. АМА откако ќе излези огласот, шо значи нема одма да ти ја дат ко ќе одиш.

Ја најдов :facepalm:

фала ви..
 
мандрак... што возеше ти?

јас деновиве го привршувам реставрирањето на ова:

1.jpg

а иначе имам цела прикаска со него, од почетоков на летово. на друг форум е ама може да читате и без да се зачлените... автомобилски форум е тој... клик тука за прикаската

а ми дреме и еден јава калифорнија... мераклија сум на олдтајмери...
-На линкот што го имаш ставено видов дека компресијата и силата во кс ти е поприлично зголемена, веројатно е тоа модификација која некој пред ти да го купиш ја направил. Четвртиот клип завлекол па како резултат на тоа бидејки не бил возен - запекол. Според мене, до завлекувањето е дојдено поради прегревање кое се јавило како резултат од зголемената компресија, коњски сили и финално број на вртежи во минута. Како и да е, со оваа модификација ќе мораш исклучително многу да внимаваш на температурата имајки предвид дека е ова мотор со воздушно ладење, посебен акцент ќе мораш да ставиш на навремена промена на масло и филтер за масло и нивниот квалитет. Ти препорачувам да му ставиш од рускиот универзален модификатор кој е исклучиво на база на билни екстракти, не содржи цинк-сулфат или други адитиви од типот на графит или керамика и е нешто поскап, доколку пред склопување убаво си го исчистил целиот мотор за да се намали можноста за прекумерно загревање со намалување на триењето.
Јавата има друг проблем, фабрички, кој нема начин да се реши. За воздушно ладена двотактна двоцилиндрична машина има премногу мало растојание помеѓу цилиндрите. Резултат на тоа е често прегревање кога се качуваш подолго по угорници, па доаѓа до тотално блокирање на моторот кој после мораш да го ладиш во просек 2 саати зашто и 300 кила да си тежок, нема шанса во таа состојба да ја мрднеш курблата и да го запалиш. Таа би ти била можеби ок за провозување низ град и за покуси релации каде нема подолго бркање на поголеми вртежи или угорнини.
 
јавата е друг муабет... ја имам бааги одамна, во возна состојба е, одвреме навреме ја провозувам ама ретко е тоа.. тоа е колку за да не стои предолго... да, прегрева многу и тешко пали после... инаку сум ја возел на отворено, со регулирана вожња бес газење и стискање на автопат иде безз проблем...

туку сузукиво... изгледа не ја дочита темата до крај што ја постирав... ја оправав таа машина барем 7-8 пати се растураше и склопуваше... претеравме со кратење, се изместија каналите за истек на горивото.. читај до крај ке видиш патешествија и решениа изведени... инаку клипот беше за’рѓан зашто генијалецот (стариот сопственик) му ги извадил свекиците и се наполнил со вода после некој дожд, а очигледно не еднаш туку поише пати, пошто кога ја извадив штопната од картерот излегоа вкупно 9 литри мешано вода и масло... арно не го маавнав на клуч во тој момент имаше петарди да се направи и радилица и клипњачи и се...

како и да е, дигнав раце од таа машина... сега зедов оригинална машина од GSXR со се хладњакот за масло и ја упасирав... па ланецот предолг, па мењачот прекраток, па нема држачи за хладњакот па инсталацијата ме зезаше, па да не ти кажам колку време се зезав со палењето, пошто на гсикср е со сеноз и еден давач, на катана е со сензор и 2 давачи за палење... и мислам дека сум једини сега на кој поради модификациите испадна прва брзна да му е нагоре а сите други надоле :) онака спорташки хахаха... ке видиме како ке изгледа тоа за моторно кочење...
 
мислам дека сум једини сега на кој поради модификациите испадна прва брзна да му е нагоре а сите други надоле :) онака спорташки хахаха... ке видиме како ке изгледа тоа за моторно кочење...
Лесно се оправа тоа...
 
Лесно се оправа тоа...
знам бе...лесно е како пердуф... ама ми излезе смеурија у моментот па затоа и го оставив така... иначе ке треба да го наставам прво шипчето од мењачот да излезе на надвор за едно 3-4 сантими, па зглобот од педалата да го свртам обратно надоле и ете ти како што треба... во моментов ако го свртам зглобот надоле удира на рамот затоа е така...
 
Ќе мораш продолжеток да направиш. Вака. наопаку, некако не бива. Бог да чува, можеш да се подзаборавиш дека е обратно па беља да напраиш возејки. Добро што си ја баталил таа машина зашто кога ги видов на слика блокот и главата, знаев дека ќе мора да се рамни повеќе од она што би било подносливо.
Ајде, завршувај побрзо додека не фатила зима па да излеземе да се извозиме...на пр, до кај Џишот во Битола и да мавнеме по една бира на Широк Сокак дур ги ѕвериме дундите како парадират :)
 
како и да е, дигнав раце од таа машина... сега зедов оригинална машина од GSXR со се хладњакот за масло и ја упасирав... па ланецот предолг, па мењачот прекраток, па нема држачи за хладњакот па инсталацијата ме зезаше, па да не ти кажам колку време се зезав со палењето, пошто на гсикср е со сеноз и еден давач, на катана е со сензор и 2 давачи за палење... и мислам дека сум једини сега на кој поради модификациите испадна прва брзна да му е нагоре а сите други надоле :) онака спорташки хахаха... ке видиме како ке изгледа тоа за моторно кочење...

Колку те кошташе машината и што кубикажа е ?
 
Ќе мораш продолжеток да направиш. Вака. наопаку, некако не бива. Бог да чува, можеш да се подзаборавиш дека е обратно па беља да напраиш возејки. Добро што си ја баталил таа машина зашто кога ги видов на слика блокот и главата, знаев дека ќе мора да се рамни повеќе од она што би било подносливо.
Ајде, завршувај побрзо додека не фатила зима па да излеземе да се извозиме...на пр, до кај Џишот во Битола и да мавнеме по една бира на Широк Сокак дур ги ѕвериме дундите како парадират :)
за оваа сезона тешко... уште ситници останаа, ама па мене раб. сезона ми почиња.. со парно работам и така да немам време... а верувај дека радо би отишол на крузање некое... следно лето.. таман и поевтина регистрација ке фатиме... :)
--- надополнето: 12 септември 2012 во 17:33 ---
Колку те кошташе машината и што кубикажа е ?

иста кубикажа... 750цц, само машината, со се алтернатор и алансер 400 јурци... а да... и посакав и добив замена за хидрауличниот кумплунг.. на таа машина имаше хидрауличен кумплунг... ако е олд скул, нека е до крај.. сајла братче...
 
Здраво дечки. Не знам дали е ова за тука али ако не е за тука нека го избришат. Барам зарибан,расипан моторцикл до 50цц со здрав рам тркала и вила. Гумите и кочниците не се проблем.
 
Здраво дечки. Не знам дали е ова за тука али ако не е за тука нека го избришат. Барам зарибан,расипан моторцикл до 50цц со здрав рам тркала и вила. Гумите и кочниците не се проблем.

За документи ти треба?
јас имам со изгубена сообраќајна иначе се е ок, се работи за Keeway F-Act Naked плаво бел
 
Здраво дечки. Не знам дали е ова за тука али ако не е за тука нека го избришат. Барам зарибан,расипан моторцикл до 50цц со здрав рам тркала и вила. Гумите и кочниците не се проблем.
Јас имам Yamaha DT 50... не е зарибан, ама пред зарибување е. На Мк табли трајно регистриран, произведен 1993, еве ти и сличе. Ако си заинтересиран, се договараме по ПП.

scaled.php
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom