^
А што е, всушност, „паметен“ хумор, според тебе? Ако на една страна стои паметен, тогаш на друга стои „глуп“? Значи, Саут Парк, според тебе, е глуп хумор?
Мет и Треј го сатиризираат тоа реално шоу (што и јас сега дознавам дека постоело), кое очигледно ги допира најниските граници на неквалитет. Што е уште потрагично, тоа реално шоу оди на канал кој се вика
The Learning Channel. Тие преувеличиле нешто што самото по себе е веќе гротескно, а богами и убава шлаканица им удриле на сите овие телевизии кои се прават дека се едукативни, а веќе од поодамна почнаа да тонат со вакви глупости.