Sky.mk prenesuva informacija ( verojatno spekulacija)
Убиен Ким Јонг-ун - новиот севернокорејски лидер?!
Убиен Ким Јонг-ун - новиот севернокорејски лидер?!
Глупости, Русија или Кина ќе влезеле на страната на Северна Кореја. Да, Русите/Кинезите ќе жртвуваат стотици милиони животи заради една мочана Кореја. Русите повеќе и не ја поддржуваат, а Кинезите се повеќе ги предупредуваат Севернокорејците, додека САД при последните тензии испратија носачи на авиони и Б-2 бомбардери во јужнокорејски простор. За авијациите, па добро бре луѓе зар стварно мислите дека од северната страна има барем 10% оперативно? Сето е распаднато што од вежби што од старост. Немаат ни теоретска шанса против јужнокорејското ВВ и ПВО. Единствени нешта од кои ЈК треба да се плаши се севернокорејската нуклеарна програма и нивната артилерија, бидејќи се први во светот по артилерија.
Воопшто не алудирав на тоа дека советските воздухоплови не се добри. Напротив, тие се одлични и за својата генерација можат да се мерат со западните воздухоплови од истата генерација. Е тука има веќе еден проблем - СК има само 40 авиони што се од 4++ генерацијата, и тоа немодернизирани Миг29. Другите отпаѓаат со самото тоа што ќе бидат уништени или уште пред да полетаат или веднаш по полетувањето бидејќи ниеден од нив нема капацитет да се одбрани од ракета која се заклучува на неговиот топлински одраз уште на 40 километри далечина. Поентата ми е, дали стварно очекуваш да има Миг15 оперативен од СК -ска страна за било што освен за тренинг? Ресурсите се истечени на скоро сите нивни воздухоплови, додека во ЈК нема ниту еден неоперативен. Северна Кореја единствено има нуклеарна сила и артилерија, а тешко и да успеат нуклеарките да ги активираат, со оглед на тоа дека американското и јужнокорејското ПВО нема да дозволат ракета да падне на ЈКско тло.Jа незнам како дозволивме оваа тема да застари и да ја снема ... бидејки и доста актуелна, ... а сепак е слабо разработена гледам ! ...
P.S - А иначе не се толку утки севернокорејците како што изгледаат не е баш така како што викаш дека ''10 % од авиацијата е функционална'' имаат и они добра авиација не е за потценување ј, јес дека 95 % од авионите и хеликоптерите им се од советско потекло ама од тие 95 % најмалку 40 % се авиони и хеликоптери кои се од поновите серии како Миг-29 , Сухој-25 Ми -8 (кои и да се закржлавени може многу брзо да се санираат и да се направат убојно орудие) ... е сеа авиацијата ако знаат и самите дека им е закржлавена, за тоа пак имаат дупло повеќе војска од нивните југо-источни соседи (Јужна К.) башка јужнокорејците немаат повеќе од 2 300 тенка (какви и да се) а нивните ривали од северот имаат помеѓу 4 500 и 5 400 ... има многу работи да се споредуваат јадеа ќотек еднаш и едните и другите и платиа со два милиони животи, незнам колку ќе им биде од корист ако отворат уште една војна , а нема да му биде од корист посебно на тој што ќе загуби ...
Воопшто не алудирав на тоа дека советските воздухоплови не се добри. Напротив, тие се одлични и за својата генерација можат да се мерат со западните воздухоплови од истата генерација. Е тука има веќе еден проблем - СК има само 40 авиони што се од 4++ генерацијата, и тоа немодернизирани Миг29. Другите отпаѓаат со самото тоа што ќе бидат уништени или уште пред да полетаат или веднаш по полетувањето бидејќи ниеден од нив нема капацитет да се одбрани од ракета која се заклучува на неговиот топлински одраз уште на 40 километри далечина. Поентата ми е, дали стварно очекуваш да има Миг15 оперативен од СК -ска страна за било што освен за тренинг? Ресурсите се истечени на скоро сите нивни воздухоплови, додека во ЈК нема ниту еден неоперативен. Северна Кореја единствено има нуклеарна сила и артилерија, а тешко и да успеат нуклеарките да ги активираат, со оглед на тоа дека американското и јужнокорејското ПВО нема да дозволат ракета да падне на ЈКско тло.
Околу тенковите, се што е постаро од Т-55 е ѓубре. И Т-55 лесно се уништува со една единсвена ракета или проектил. Така да, и тука им отпаѓа доста опрема, особено околу 1000 кинески копии на Т-34 тенкот. Кога ќе се изземат и дефектите и неможноста да се обезбедат резервни делови, гориво, ХРАНА за тенкистите, мислам дека доаѓаме до сосема реална бројка од 1500-2000 оперативни тенкови, и тоа домашно производство. Додека јужнокорејските тенкови се 1500 гланц нови а другите околу 20 години постари тенкови.