Моиве комшии се чудни луѓе.Прееска на таа одозгора и падна чорапа кај нас на балкон,дојде жената си влезе како кај неа дома да е,почна да крева паники и да урла за едно чорапче што на пазар ни 20 денари не е.Ја разбуди мајка ми и ми идеше да ја фрлам од балкон и да ја залепам доле ко сликичка за во албум.Цела нејзина фамилија е кој од кој поарогантен и посебичен ама ајде...
Овие што се на ист спрат со нас се трачарки невидени,пензионерки без мажи, [освен едната] знаат се‘ за цела зграда од први до единаести спрат па и пошироко.Ако се делеа награди за најголеми трачарки,загарантирано ќе им беше првото место.Се на се,оние комшии што се најблиску до нашиот стан неможам да ги поднесам и кога ги гледам бегам што е можно подалеку.Ми сметаат тие испрашувања ко боже битен фактор им е во животот да дознаат што ми се случува на мене или на некој мој близок.
Нездрава работа.:jaj: