Сообраќајни прекршоци и казни

Дали доколку направите 2 сообраќајки во една осигурителна година, во која и во двете вие ја преземате вината а се работи за минимална штета, осигурителната компанија ќе ја исплати штетата, или вториот пат тоа паѓа на осигуреникот? Како се одредува кога треба осигуреникот да доплати а кога не?
 
uploadfromtaptalk1456814687268.png
Добро утро луѓе :D
Скриншотот е превземен од РСБСП.
Знам дека во законот стоеше 2 години искуство и наполнети 21 години.
Дали РСБСП имаат некоја грешка направено или сега е доволно само 2 години искуство?

Sent from my SM-G800F using Tapatalk
 
мислам дека имаше измена иако неможам да ја најдам, пошто во текстот на стариот закон од 2007 има 21 година, а во пречистениот во 2014 тоа го нема,ама посекако во 2015 донесоа нов Закон за безбедност во сообраќајот и таму тоа со 21 година го нема..значи само 2 години од положување се смета возачот за возач почетник
 
Баш денес бев и во здружение на возачи, кои исто ми потврдија дека нема врска 21 год или не.
А дали се смета од денот на добивање категорија или од денот на конечно издавање на возачката? Затоа што од 4ти до 25ти возев со потврда а на возачката кај категоријата стои 04.04, а издавање на возачката 25.04.

Епа по логика би било од датумот на полагање тој што го пишува кај категоријата...бидејќи возачката некогаш ќе ја смениш и датумот на издавање ќе ти се смени ама датумот на положување е важен
 
дали е задолжителна или не книшката за негативни поени? ми рекоја дека до скоро не била ама од сега дека било, што е точно?
 
Пред некој ден направив сообраќајка со друго возило на раскрисница од две улички.Не е битно кој е крив тоа на суд ќе си се докаже кој имал предност.
Ме интересира друго нешто.
Само јас останав со полицијата иако и јас имав нешто ситни повреди.Ми дадоа да дувам и покажа точно 0.49 :)
Едниот од нив ми вика тука нешто ти покажа алкохол ама пак ти ќе си дојдеш со нас да ти земат и крв.Кога заврши увидот ме однесоа до пол.Букурешт и ми земаа крв таму.

Ме интересира дали е ова редовна процедура, или па типот се нафура за тој 0.01%
На крај на копијата на записникот што ми ја дадоа видов дека сум можел и да одбијам да дадам крв за анализа.
Што би значело во тој случај?
 
Не би требало само ти да останеш со полицијата. Обично Алко тест прават двајцата.
Инаку, законска е процедурата, само не е вообичаена. Еве ти извадоци од Законот кои се однесуваат на твоето прашање:

Член 336
(1) Полицискиот службеник може да го подложи возачот на испитување со помош на соодветни средства и апарати (алкомер и друго) или да го одведе на стручен преглед заради проверување дали има алкохол во организмот ......
(2) Возачот од ставот (1) на овој член е должен да се подложи на испитувањето, односно на стручниот преглед на кој е упатен.

Член 338
(2) Доколку возачот одбие да даде крв или крв и урина за анализа, односно да се подложи на здравствен преглед, стручното лице тоа посебно ќе го констатира во записник и ќе даде свое мислење врз основа на надворешните манифестации и симптоми на возачот.
 
Пред некој ден направив сообраќајка со друго возило на раскрисница од две улички.Не е битно кој е крив тоа на суд ќе си се докаже кој имал предност.
Ме интересира друго нешто.
Само јас останав со полицијата иако и јас имав нешто ситни повреди.Ми дадоа да дувам и покажа точно 0.49 :)
Едниот од нив ми вика тука нешто ти покажа алкохол ама пак ти ќе си дојдеш со нас да ти земат и крв.Кога заврши увидот ме однесоа до пол.Букурешт и ми земаа крв таму.

Ме интересира дали е ова редовна процедура, или па типот се нафура за тој 0.01%
На крај на копијата на записникот што ми ја дадоа видов дека сум можел и да одбијам да дадам крв за анализа.
Што би значело во тој случај?
Многу важно е какви известувања има на раскрсницата,исказот за во записник кој си го кажал и како полицаецот го составил записникот.
Доколку записникот од полицаецот не се совпаѓа со твојот исказ или не ти се допаѓа како е составен имаш право да не го потпишуваш.
Докажување на суд оди многу тешко па може ќе теба повторно вештачење.
Околу алкохолизираноста може да ти биде во прилог бидејќи на другиот учесник не му е извршен алкотест.
Е сега си можел и имаш право да одбиеш алкотест на крвта со образложение дека си слабокрвен.
Да си знаеш дека аклко тест на крвта може да покаже и повеќе и помалку промили кое пак зависи од временскиот интервал што во твојов случај може да биде помалку.
 
Не можам да си ја најдам возачката книшка за казнени поени. Дали некој знае дали можам да извадам нова, која е процедурата и колку се чека?
 
дали е задолжителна или не книшката за негативни поени? ми рекоја дека до скоро не била ама од сега дека било, што е точно?
Задолжително е, другар мој пред 2 дена го сопира полиција, се ок било, ама немал книшка за нег. поени, и му рекол пандуров пошто сум од ист град ќе ти прогледам низ прсти ама утре оди вадија оти другиот пат ќе ја немаш оваа среќа.
 
Пред некој ден направив сообраќајка со друго возило на раскрисница од две улички.Не е битно кој е крив тоа на суд ќе си се докаже кој имал предност.
Ме интересира друго нешто.
Само јас останав со полицијата иако и јас имав нешто ситни повреди.Ми дадоа да дувам и покажа точно 0.49 :)
Едниот од нив ми вика тука нешто ти покажа алкохол ама пак ти ќе си дојдеш со нас да ти земат и крв.Кога заврши увидот ме однесоа до пол.Букурешт и ми земаа крв таму.

Ме интересира дали е ова редовна процедура, или па типот се нафура за тој 0.01%
На крај на копијата на записникот што ми ја дадоа видов дека сум можел и да одбијам да дадам крв за анализа.
Што би значело во тој случај?

Чим тој другиот си отишол ти друже си имал чиста шанса. Требало да глумиш повреди да се жалиш на болки во глава во вратот, душевна растроеност дека си вознемирен, дека тешко ти е, ќе се исповратиш на сила ако треба. :icon_lol:
На крај ем штета ем ќе го тужиш и пари ќе му земеш.
Со самото тоа што другиот не останал на местото, ќе си има вина.
Со тестов мислам дека си ок, ако не си возач почетник. Таман додека сте отишле до клиника тоа сигурно уште малку спаднало.
 
Пред два месеца направив сообраќајка, ме удри 18-годишник што едвај имаше неколку месеци возачка со возило БМВ на раскрсница и тоа јас поминав на зелено и пред ударот воопшто не го ни видов возилото така да поим немам со колкава брзина се движел. Јас возев едвај со 20 затоа што сообраќајката се случи неколку секунди откако се вклучи зелено светло на семафорот. Пред неколку дена ми стигна записникот од полиција каде што пишува дека возилото кое што ме удри имало траги на кочење од 15 метри при што ја изместило мојата кола од местото на ударот за отприлика 6 метри. Е сега прашањеето ми е дали некој знае отприлика со колкава брзина се движело тоа возило ( коловозот беше рамен и сув ), затоа што во записникот нема податоци за брзината на движење. Неговото БМВ беше апсолутно со искршена предница, а и мојата кола е веќе за во отпад.
 
ко сте преживеале(без последици) добро е.......
 
Па имав среќа во несреќа што наместо во вратата ме удри во предел на предното тркало, ама во секој случај не чека судски процес и покривање на материјалната штета и најверојатно и нематеријална штета која не знам како ќе оди со оглед на тоа што неговото возило со години неосигурано било.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom