Сообраќајни прекршоци и казни

Јас вчера кога идев накај град со другарче начекав џандар, а на 20 метра ни беше пешачкиот, и му се вртам на другаров викам дај да минеме ние на пешачки оти го глеаш како глеа у тефтер ќе не начека викам... и пројдовме од пешачкиот, ме запримети џандаров и само не заглеа и толку... хахаха
Инаку после откако минавме, свирна на некој таму позади... опна некоја казна... хаха
 
Данџн Мастер, ми интересира нешто. Колку изнесува казната за возење во алкохолизирана состојба?
 
И мене ме интересира колку е казната ако не носиш кацига ?
 
Данџн Мастер, ми интересира нешто. Колку изнесува казната за возење во алкохолизирана состојба?

Не сум Данџн, ама ќе одговорам :)

400 евра е казната и одземање на возачка од 3 до 12 месеци
 
А знае некој зошто повеќе не издаваат возачки потврди ( за малолетници кои управуваат скутери )? Ни кажаа да воземе само со фотокопија од уверението кое го дава центарот за полагање...
 
Pazete se more, se raspisale moive :)
Не да се распишаа... некни цело друштво не фатија и ни закачија по една казна од 400 евра за сосем различни работи. околу 2000 еура ако не платиме во рок од 7 дена.. рачунај низ цел град имаат закачено едно 50 души таа вечер.. (кола да си купиш со тие пари)

Казните стокмени уште претходно, ме фаќа во 3 и пол, а на казната пишуваше 2 часот... изгледа не му беше потрошена ама за тоа мислам дека се јаде дисциплинска.

Другиот ден исто така мој брачед ко фатија како не пропушта на пешачки и нему му закачија.

А јас пак цело време се прашував од кај наоѓаат пари за оние рекламине влада на република отвори го срцето, најубава влада и др што ги пуштаат во најударните термини.
 
Еден другар го фатија во неделата како поминува преку дупла полна линија, не носи појас и не носи сообраќајна и ништо не му издале на лице место што значи на суд ќе иде директно. Колку се казните за овие горе наведени и што како би наебал он на суд мн ме интересира? : )))
 
Јас сакам да го прашам dungeon master што доколку полициски службеник е фатен од внатрешна контрола како пие алкохол во кафеана во полициска униформа додека е на работно место во функција на државата Република Македонија?
 
Јас ќе ти кажам, иако не сум полициски службеник:
1. Ќе се покрене дисциплинска постапка против истиот.
2. За таков кикс може да добие отказ во таа дисциплинска постапка.
 
kako ne be vazi. uste taka da funkcioniraa rabotite kaj nas i drzavava ke ni procvetase.
ako vidat kako cajkan za vreme na rabota pie u nekoja kafana ke mu se pridruzat 100%:nesum:
 
Данџн Мастер, ми интересира нешто. Колку изнесува казната за возење во алкохолизирана состојба?
Возач - почетник, НЕ СМЕЕ да вози во алкохолизирана состојба, во спротивно ќе му се одземе возачката и ќе има забрана за полагање 2 или 3 години, плус казна за возење во алкохолизирана состојба. Толеранција на алкохол во крвта кај возачот почетник НЕМА... така пишуваше во правилникот, за возачот почетник... Доколку за полномошен возач, значи возач со искуство (2 години возачко искуство - наполнета 21година) толеранција на алкохол во крвта е 0.5 промили, доколку ја наруши толеранцијата, следува казна и во најлош случај одземање на возачката дозвола и забрана за возење следните 2-3 години или забрана за доживотно возење...

Барем јас така учев во септември кога полагав... :)
Слободно нека ме поправи некој ако грешам :)

Инаку ептен има строгости во правилникот за возачи... видете симнете го од http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=71 јас од таму го имам симнато и го прочитав.... епен има строгости и без толеранција на било што... а казните се, боже мој...
 
Не да се распишаа... некни цело друштво не фатија и ни закачија по една казна од 400 евра за сосем различни работи. околу 2000 еура ако не платиме во рок од 7 дена.. рачунај низ цел град имаат закачено едно 50 души таа вечер.. (кола да си купиш со тие пари)

Казните стокмени уште претходно, ме фаќа во 3 и пол, а на казната пишуваше 2 часот... изгледа не му беше потрошена ама за тоа мислам дека се јаде дисциплинска.

Другиот ден исто така мој брачед ко фатија како не пропушта на пешачки и нему му закачија.

А јас пак цело време се прашував од кај наоѓаат пари за оние рекламине влада на република отвори го срцето, најубава влада и др што ги пуштаат во најударните термини.
ти пишале 400 евра дека си возел после 11 а си возач почетник така?
епа другар следниот пат оставија колата дома и излези пешки 5 минути ти е од одма до центарот на градот и не знам зошто ги окривуваш полицајците за ова мислиш подобро ке е ако не се почитува законот и ако секој прави што сака????:nenene:
 
Возач - почетник, НЕ СМЕЕ да вози во алкохолизирана состојба, во спротивно ќе му се одземе возачката и ќе има забрана за полагање 2 или 3 години, плус казна за возење во алкохолизирана состојба. Толеранција на алкохол во крвта кај возачот почетник НЕМА... така пишуваше во правилникот, за возачот почетник... Доколку за полномошен возач, значи возач со искуство (2 години возачко искуство - наполнета 21година) толеранција на алкохол во крвта е 0.5 промили, доколку ја наруши толеранцијата, следува казна и во најлош случај одземање на возачката дозвола и забрана за возење следните 2-3 години или забрана за доживотно возење...

Барем јас така учев во септември кога полагав... :)
Слободно нека ме поправи некој ако грешам :)

Инаку ептен има строгости во правилникот за возачи... видете симнете го од http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=71 јас од таму го имам симнато и го прочитав.... епен има строгости и без толеранција на било што... а казните се, боже мој...
Точно е дека возач за почетник и професионален возач толеранција нема за казните не знам точно како е сега мислам дека имаш казнени поени и ако ги потрошиш полагаш од ново и тестовите мора да ги поминиш со 0 негативни за да поминиш и не верувам дека некој може да ти ја земе доживотно дозволата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom