Абе зошто мешате баби и жаби. Кога гледаш голема разлика во цената не значи дека го плаќаш само името. Плаќаш квалитет што не е видив на прво. Најчесто плаќаш за поквалитетната шасија (поквалитетна пластика или метална легура, поиздржливи шарки на шасијата, поквалитетен екран, поквалитетен разладен систем и сл.), потоа плаќаш и за софтверот кој е инсталиран на него и не мислам само на Windows-от и сл. Пример, Asus B53E-SO118 со Core i5, 4GB RAM, 500HDD, и интегрирана графика во СЕТ кошта 40,000ден. Слична конфигурација само од K53 серијата и плус графика (ASUS K53SV-SX517), кошта 32,000ден. Арно ама B53 е бизнис серија и за него важат други критериуми за изработка и квалитет. К53 серијата е потрошувачки модел и за него важат многу полабави критериуми.
Меѓутоа треба да бидеш мошне внимателен кога купуваш, кај нас поскапо не значи и поквалитетно. Имам видено голем број на случаеви кога за некој просечен лаптоп имаат некоја астрономска цена, со надеж дека можеби има луѓе кои не се разбираат па ја гледаат само цената. И ова е посебно истакнато кај некои поретки марки.
Конкретно, за твојот случај би одел со HP ProBook 4530 (i5, 4GB, 640GB, Radeon 6490...)за 30,000ден. Вистина е дека HP имаше проблеми со предходните серии, но кај 4530 ги нема тие проблеми. Куќиштето е многу квалитетно, на тастатурата нема никакви виткање кога типкаш, плус е отпорна на течност. Единствен проблем може да ти биде екранот, кој најчесто е мат, и има многу мала рефлексија, но и побледи бои.
Sony се екстремно квалитетни лаптопи, но не е препорачливо да ги купуваш од кај нас. Прво во Македонија никој не ги увезува легално, односно немаш официјална подршка од Sony. Јас бев загреан за VAIO и уште сум, но ситуацијата е мошне ризична. Разговарав и со контакт центарот на Sony, и тогаш ми кажаа дека во Македонија, сите кои ги овезуваат ги увезуваат на "црно" така да кажам. А за гаранцијата требало да сум преговарал со со нив, пошто представништвото на Sony никаде не фигурирало. Покрај тоа цените се скоро 70 до 80% повисоки од на пример Германија.
Пример, во Паневропа VPC-EH-1S1E/B (15,5, i5-2410, 4GB, 640 GB HDD, DVD-RW, Bluetooth 3.0, GeForce 410M) кошта 49,990ден или околу 800ЕУР.
Во Sony во Германија слична конфигурација (15,5, i5-2430, 4GB, 640 GB HDD, DVD-RW, Bluetooth 3.0, GeForce 410M) кошта 650ЕУР или 150ЕУР поевтино.
При тоа во Германија данокот е 20% а кај нас 5%. Значи доколку и кај нас данокот е 20% тогаш оваа конфикурација би коштала 57,000ден или околку 920ЕУР или околку 270 ЕУР повеќе, или 40% поскапо.
Така да моја препорака тие ако сакаш Sony да го донесеш од страна, во спротивен случај HP не е лош избор.