Сношти сонував како сум бил во некоја непозната куќа со моето друштво и сме биле горе на 2 спрат. И одеднаш на прозорецот се појави нешто како дух но не обрнав многу внимание и една моја другарка го забележила тоа и рече: -Има нешто надвор... И јас исплашен собирам храброст да го отворам прозорецот да видам што има и од страв ем се тресам ем сум храбар и го отварам прозорецот и гледам нема ништо! Се завртувам да им кажам на моите пријатели оти нема ништо но во тој момент од една соба во куќата излезе една жена, беше облечена со бел фустан (највероватно во невестински фустан - бел) и вегите и беа заострени од страната и почна да не гони... Јас почнав да бегам на доле, трчам по скалите, (последен бев) и жената трчеше по мене и на крајот како да ме фати и се разбудив во 4-50 наутро...
Се тресев цел, мн. бев исплашен и станав да светнам барем на купатилото струјата оти беше мн. темно во мојата соба и повторно си легнав ама никако пак да заспам и струјата што светеше во купатилото почна да трепка!!! Исто како на некој страшен филм и толку се исплашив што морав и струјата во мојата соба да ја вклучам. После 10 мин. ми помина се ја исклучив светилката и сум заспал...
Важното знам дека овој сон не ми е добар.
Да сонуваш жена со невестински бел фустан мислам оти не е добро :nesum: