Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Хмм,сонував многу зојне(на албански-зојне е госпоѓа)како ми имаат дојдено на гости онака со марами на глава и облечени во мантилите?
 
nekoj vikat pa loso bilo :S

да така викаат дека носи смрт меѓутоа во сите соновници балкански и странски имам прочитано дека носи среќа црното носи тага или смрт!

Хмм,сонував многу зојне(на албански-зојне е госпоѓа)како ми имаат дојдено на гости онака со марами на глава и облечени во мантилите?

муслимани на сон се свети луѓе
жени според соновниците значат озборување!
 
Сонував една моја комшика,која е починатата,како вози веспа или велосипед, не сум сигурна.Некој да знае што значи?
 
Сонував една моја комшика,која е починатата,како вози веспа или велосипед, не сум сигурна.Некој да знае што значи?

според македонскиот соновник мртов човек на сон значи кавга, а во останатите соновници за млад човек мртовец носи некоја веселба, венчавка посебно ако разговараш со него е среќа, некој нов почеток.
 
зет ми е во притвор.. и сум сонувал дека го пуштиле и дека многу сум бил среќен и тој дека плачел.. што значи тоа?(поврзано е со случајот на бумеранг)
 
Јас сонувам еден сон....
нема никој на свет, јас единствениот жив, и ме мава еден демон неможам да ви го опишувам како изгледа зашто не е битно. И он ме мава цело време да ме убие, а јас бегам и бегам и бегам се кријам низ урнатините на градовите, во подрумите во тунелите каналите. И после неколку дена бегање најдов у една зграда луѓе и се израдував многу зашто не сум сам.
Арно ама, јас додека седев со луѓето демонот дојде по мене и место мене сега почна да ги убива луѓето што се со мене. И така он ги убиваше еден по еден јас неможев да ги спасам никако иако се обидував. А никад не им кажав дека ја сум крив за тоа и знаев дека ги убива заради мене. Ама мене ми беше страв да не останам пак сам низ светот.
 
сум сонувала како ми се расипани забите, како ми тече гној...
може ли некој да ми каже шо значи воа?
 
Zabi

сум сонувала како ми се расипани забите, како ми тече гној...
може ли некој да ми каже шо значи воа?

Ако ви паѓаат заби, смрт во семејството - ако извадите заб, ќе прекинете однос со некое сакано лице - расипани заби, болест - убави заби, здравје - златни заби, богатство - големи заби, тага - ако на сон ве болат заби, некои од блиските луѓе ќе ви нанесат навреда.
 
Змија прегазена од кола, бел кенгур кој е удрен од кола и лежи на улица и одеднаш станува и трча на четири нозе, вепар удрен од кола - мртов.
грозно беше.

:smir::smir::smir:
 
Ајде ако можи некој да ми кажи за значењето на еден сон...

Се шетаме со другари и како да имавме информација што ќе се случува. Еден човек ослободува мала срна, ја следи и по 200-300 метри се обидува да ја убие, а ние како да го очекуваме тоа и го набљудуваме.
И кога се случува тоа, јас му викам да го остави животното и тој почна да не брка. И се наожаме кај дедо ми на село, тоа како одеднаш а предходно да бевме на др место одиме се криеме во куќата викаме полиција.
Излегувам од куќата и ја гледам колата на човекот но ја вози некој друг, па ја запишав регистрацијата.

Малку глуп сон ама можеби има некое значење.
 
Змија прегазена од кола, бел кенгур кој е удрен од кола и лежи на улица и одеднаш станува и трча на четири нозе, вепар удрен од кола - мртов.
грозно беше.

:smir::smir::smir:

змија некоја душманка ке ти се тргне од патот, кенгур нешто бргу ке се одвива и ке се прекине и пак ке продолжи! за вепар не најдов значење!

сонував како се наогам у црква икони нешо свеки ???

црква и икони е среќа, свеќи ако се упалени и горат среќа во љубовта ако горат силно некој силно те сака, а ако не горат тогаш е лошо, несреќа некоја.

Ајде ако можи некој да ми кажи за значењето на еден сон...

Се шетаме со другари и како да имавме информација што ќе се случува. Еден човек ослободува мала срна, ја следи и по 200-300 метри се обидува да ја убие, а ние како да го очекуваме тоа и го набљудуваме.
И кога се случува тоа, јас му викам да го остави животното и тој почна да не брка. И се наожаме кај дедо ми на село, тоа како одеднаш а предходно да бевме на др место одиме се криеме во куќата викаме полиција.
Излегувам од куќата и ја гледам колата на човекот но ја вози некој друг, па ја запишав регистрацијата.

Малку глуп сон ама можеби има некое значење.


епа од сонов срната има значење во некои соновници се толкува како убави моменти и среќа а во некои дека саканата личност ќе те напушти. мене срна ме асоцира на нешто убаво!

селото исто така има значење велат село е некој напредок во животот. и

колата е кавга.
 
Три саботи по ред ја сонувам црквата од селото Слатино, село каде дедо ми е роден.
Првиот пат ја сонував како со дедо ми да пиеме од чешмата во црквата и тој ми кажува за некакво богатство скриено во изворот.Подоцна јас излегувам од црквата и држам книга на која имаше старомакедонско писмо кое ми беше разбирливо бидејки беше како кирилицата само некои букви беа поразлични.Ми текнува дека некои зборови ги разбрав во сонот но откако се разбудив не ги запамтив, некои беа слични на денешните но го запамтив само зборот "треба".Само што почнав да ја читам книгата шетејки низ селото почнаа да ме бркаат група турци, јас се свртев назад и почнав да бегам, се качив на едно многу старо дрво, слично на она во охрид кај фонтаната и потоа се разбудив.
Вториот пат сонот ми започа со некаква прослава во селото но веселбата беше над селото на рид а гости беа богати луѓе. Јас на некој човек му реков дека сакам да одам во црквата и во куќата на дедо ми и тргнав да се симнувам кон селото. По патот кога стигнав во близина на дворот од нашата кукја видов некакви археолошки ископини и некакви стари градби.Се приближив кон ископините ги видов градбите а откако продолжив да одам кон црквата ме нападна мечка. Не знам со каква сила ја утепав мечката и потоа ја здогледав црквата и така ми заврши и тој сон.
Третиот пат бев во нашиот двор куќата така само стоев во дворот и ја гледав црквата заедно со крстот кој стои на врвот од неа.Знам и дека крстот светеше нешто како златно жолт одблесок имаше.Инаку и во реалност од мојот двор го имам истиот поглед кон црквата.
Има ли некој што може одприлика да ми ги објасни овие сонови и зошто би можел да ги сонувам?
Откако ги сонував овие сонови чувстцувам голема желба и потреба да отидам во истата таа црква Св. Богородица и едноставно да поседам малку во неа да си запалам свеќа, нешто ме влече кон тоа место.
 
Епа оди... според она од темава а и што го знам, турци на сон биле светци... или па некогаш и нешто обратно, но најчесто светци, сепак оди, барем ќе се осободиш од чуството :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom