Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некоја вечер сонував сон како кога бев мал и имав доста голема фантазија.

Се возам во кола, на задно седиште, навечер а пред мене незнам кој седи. По темна улица некаде како во село или по шума. Наеднаш десно од оградата покрај патот ми се појавува рака како ми мафта и кога поминувам покрај неа гледам некакво суштество и некој тогаш ми кажува дека тоа е ѓаволот и не сум требал да се свртам. Суштеството скока на покривот од колата и удира. И јас се будам тука точно во 4 часот.

Да го освежам, да не отиде у заборав.
Луси Лу ? :)

Професорката/некој друг ке ти понуди или ти понудил оценка/нешто друго за помал труд/пари. :toe:
 
Сонував како купувам многу чоколада и други работи од продавница, но се сеќавам само на чоколадата.
И не ги јадев, само ги купив и додека да стигнам да ги отворам, се разбудив.
И да, ми ги продадоа за многу помала цена. (продавачката беше една професорка што ми предава).

:nesum:??
Исто така да надополнам дека вчера сонував ептен страшен сон.
Некој убиец (од еден хорор филм беше) ми го убил семејството. Откако ги убивал, ги мачкал со восок ваљда, за да се затврднат (како кукли)
А пред да ги најдам како восочни фигури, сум бил во некоја сендвичара и таму келнерот не ме услужувал, и да одам да видам дали е таму, гледам и тој убиен и мачкан со восок.
WtF ?
 
Вчера сонував како сум одела во некоја црква,и пред да влезам во црквата сум се прекрстила со лева рака и со два прста(така барем мислам дека беше) и кога сум влегла внатре имало некоја икона мислам од Света Петка ама окото на иконата било предупено и од таму излегувала некој светлина,а другите во црквата ми велеја дека таа светлина биа од сонцето надвор.Еј Луси ај те молам протолкувај или кој и да е зш стварно ми е страв шо знам што значи :nesum:
 
Хмммммм да не го имаш глеано House of wax пред тоа ????
 
Хмммммм да не го имаш глеано House of wax пред тоа ????
Да, го имам гледано, и веројатно од тој филм и дојде сонот.
Но, сакам да му го знам неговото значење :)
 
Пријателче не се замарај многу со тоа. Имаш поважни работи, на пример да си ја живееш сегашноста. Не барај некое објаснување во нив за иднината, едноставно поврзи ги со минатото зашто тие се дело на работата на твојата потсвест.
 
Прво сонував дека со некои мои другари сме биле во затвор:uvo:

После дека сум носел пијан другар со мене низ чаршија:tapp:

Help!
:)
 
Вчера сонував како сум одела во некоја црква,и пред да влезам во црквата сум се прекрстила со лева рака и со два прста(така барем мислам дека беше) и кога сум влегла внатре имало некоја икона мислам од Света Петка ама окото на иконата било предупено и од таму излегувала некој светлина,а другите во црквата ми велеја дека таа светлина биа од сонцето надвор.Еј Луси ај те молам протолкувај или кој и да е зш стварно ми е страв шо знам што значи :nesum:

Убаво е кика среќа некоја ќе те пропрати..

Исто така да надополнам дека вчера сонував ептен страшен сон.
Некој убиец (од еден хорор филм беше) ми го убил семејството. Откако ги убивал, ги мачкал со восок ваљда, за да се затврднат (како кукли)
А пред да ги најдам како восочни фигури, сум бил во некоја сендвичара и таму келнерот не ме услужувал, и да одам да видам дали е таму, гледам и тој убиен и мачкан со восок.
WtF ?

Не гледај многу филмови, гледаш кошмари сонуваш ноќе..
 
Во рок од 1 месец сонувам два пати како и паѓа главата од телото на мајка ми...ВТФ /????:toe:
 
Сонував една другарка којашто чепкаше нешо по нејзиниот телефон и на позадина го имаше детето што го сака ставено и одеднаш на екранот на телефонот се појави 69ка... шо значи тоа?:toe: мислам за неа... не за мене...:pipi:
 
Леле, значи колку беше грд сонов не можам да ви опишам.Не ми теквет сите детали ама знам дека цело време се спасвев од нешо и таман ќе се спасев ќе испаднеше дек то уш полошо е.На пример еве последно бев во некоја лабараторија со еден другар и за да се спасам требаше во еден лифт да влезиме и таман влеговме внатре некој двајца гадни такви во фаците.И ме фати та типката и ми даде еден тежок ранец и ме фрли тука (не знам од кј се најде пенџере во лифтот ама ај) и финтава беше да умрам пошо од кузнајт кој спрат ме фрли и не умрев (и то не знам како) и се изнарадвав демек сеа ќе и избегам и се криев таму и та ми рече: „џабе бегаш немаш крв во тебе, ти ја зедовме крвта“ и отворив во тој куферот и таму беше и такво нешо се цело време ми се дешаваше и се разбудив од ко ја видов крвта.А иначе ак имат ова врска некаква, на тој другарот со мене нишо не му праеа ко да не постојт така само шеташе со мене и ко ќе немаше никој си зборвевме се онака а ко ќе имаше некој шо требеше да ме убиет стоеше и не мрдаше таков...

Убаво е кика среќа некоја ќе те пропрати..

Не гледај многу филмови, гледаш кошмари сонуваш ноќе..

Ај и мене :pipi:
 
Мислам дека нема некое поголемо значење, чисто некој кошмар или нешто слично, обично крв е гласини, муабети, ваљда ќе имаш некој на кого ќе можеш да се отвориш..
 
Сонував многу различни лица кои немаат никаква поврзаност.Сум се враќала накај дома и во раце сум носела некое бело цвеќе(ваљда ружи беа не се сеќавам баш),по пат сум сретнала некоја бабичка,сум се брзала ептен накај дома,па сум и ги дала на неа.Кога стигнав дома беше хаос.Јас на врата стојам и во дневна гледам како сите тие ликови се караат,се маваат со шишиња..
Луси?:uvo:
 
Лошо... бели цвеќиња :Ѕ.. не би сакала да го толкувам понатака..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom