- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 99
Според теоријата на Зигмунд Фројд секој сон всушност претставува исполнување на некоја желба:
Сонот не се споредува со неправилниот звук на некој музички инструмент, кој наместо од раката на свирачот е погоден од ударот на некоја надворешна сила, тој не е бесмислен, не е апсурден, не претпоставува дека еден дел на нашето богатство од претстави спие, додека еден друг почнува да се буди. Тој е еден полнозначен психички феномен, и тоа, исполнувањето на желбите може да се вклопи во поврзаност со за нас разбирливите душевни акции на јавето, да изгради исклучително комплицирана душевна активност.
Лесно е да се укаже дека соништата честопати нескриено покажуваат карактер на исполнување на желба, така што може да се чудиме, зошто јазикот на соништата веќе одамна не наишол на разбирање. Па така, на пр. понекогаш постојат соништа кои можеме да ги предизвикаме кога ќе посакаме.
Фактот дека не постојат други соништа,освен оние кои исполнуваат желби би било неоправдано обоштување, кое за среќа може лесно да се отфрли. Инаку, доста сонови објавуваат и најболна содржина , но само навидум во нив нема никаква трага од исполнување на желби.
Само треба да напоменеме, дека нашето учење не почива на проценување на манифестната содржина на сонот, туку се однесува на мисловната содржина, на која укажува работата на толкувањето дека постои зад него.
Да ги споредиме манифестната и латентната содржина на сонот. Точно, дека има соништа, чија манифестна содржина е од непријатен вид. Но, дали некој се обидел, да ги протолкува овие соништа, да ја открие латентната содржина на нивните мисли? Доколку не се обидел, тогаш ваквите приговори не не' засегаат, секогаш останува можноста, по толкувањето на непријатните и страшни соништа, сепак да се открие дека претпоставуваат исполнување на желбите.
На Фројдовата теорија се надоврзува и и' излегува во пресрет еден дел од статијата на Ј.Сили:
Би изгледало, дека после се,соништата не се крајна бесмислица, како што говореа авторитети како Чосер, Шекспир и Милтон. Хаотичните агрегации на нашите фантазии ноќе имаат значење и ни' посредуваат некое ново знаење. Налик на шифрирано писмо, натписот на сонот, доколку се набљудува одблизу, го губи својот првичен изглед на бесмислено дрдорење и попримаат изглед на една сериозно разбирлива порака. Или, ако малку ја видоизмениме споредбата, можеме да речеме дека сонот е како палимпсест, без никаква вредност под својата површина, криејќи траги на некоја стара и скапоцена комуникација.
Дали и колку се согласувате со Фројдовата теорија? Дали соништата навистина се исполнување на желбите? Кое е вашето мислење и поткрепете го со добри примери, посебно ако е спротивно, затоа што Фројд има направено анализа на безброј сонови, и успева во секој од нив да најде исполнување на некоја желба, без оглед дали е истата поврзана со сегашноста или уште од далечното минато или детството. Сонот всушност ги помни и им е наклонет на оние работи од секојдневието и животот, на кои во текот на денот не им придаваме ни малку значење. Токму тие ситни нешта, на кои не сме им придале можеби ни најмало внимание, се најчесто главна тема на обработка во сонот.
Јас се согласувам со неговата теорија, и кога подобро ќе размислам понекогаш и самата успевам да си анализирам некои соништа. Всушност мислам дека тоа најдобро можеме да го практикуваме на себеси, зошто се познаваме најдобро и најлесно може да ја откриеме таа латентна содржина на сонот, или воопшто причината за неговото јавување.
Сега повелете вие со вашите ставови, критики, дилеми, размислувања и секако сонови, и да се обидеме да ја дешифрираме и таа скриена страна на соништата, со што нивната навидум бесмислена содржина сепак би добила некоја смисла.:smir::smir::smir: