Сонот е исполнување на желбите!

  • Креатор на темата Креатор на темата >>LadY<<
  • Време на започнување Време на започнување
Токму тој заклучок го изнесувам во првиот пост, дека соништата најчесто се исполнети со впечатоци од минатиот ден.. НО, од последната твоја реченица во постов можам да забележам дека очигледно не си ја разбрала темата.. Никаде не се спомнува дека соништата ја претскажуваат иднината, дуку дека содржината на соништата честопати преставува исполнување на некоја желба која ја имаме во реалноста и произлегувајќи од впечатоците од денот или воопшто во соништата се режира онака како што ние би сакале, односно преку соништата уживаме во исполнување на нашите желби..:smir:
Добро де, едноставно сакав да го кажам и тоа, зашто стално се спомнува и поврзува со соништата. А и не е секогаш сонот исполнување на некоја желба. Замисли сонуваш некој кошмар, како те колат или нешо слично ( значи само пример ), и сеа тоа ќе го протолкуваш како скриена желба, демек сакаш да те мачат?
 
Содржината на сонот претставува внатрешни чуства, желби и стравови. Тие се соочувањето со тие моменти. и Често пати етера да ги томачиме и да анализираме зошто го сторивме тоа во сонот.
 
Сосем јасно е дека го сонуваме она што ни е во потсвеста. Значи нашите соништа и не секогаш мора да бидат наши желби, посекако може да станува збор и за наши стравови на пример. Затоа, со толкувањето на соништата не само што можеме да ги откриеме нашите желби, туку исто така можеме да ги откриеме и нашите стравови, зависно од длабочината на тумачењето. Но, за да тоа се открие, потребни се години и години анализирање на соништата на една одредена индивидуа што е малку потешко да се изведе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom