Соло или во врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ред хот!
  • Време на започнување Време на започнување
Во врска.Сакам да имам некој поради кој би ги "откачувала"
другарките,некој кој ќе се грижи за мене,некој со кој што ќе делам се',некој со кој што взаемно ќе се разбираме,почитуваме и цениме...едноставно,САКАМ ДА ЉУБАМ И ДА БИДАМ ЉУБЕНА!
 
Во врска,дефинитивно.Сакам да имам некој до мене,човек од доверба што ќе ме почитува и ќе му возвраќам подеднакво...Кога си соло,нема кој да те разбуди рано сабајле и да ти го разубави денот,нема кој да те гушне и да ти каже дека те сака повеќе од се,се е некако штуро,празно.
 
Dzish напиша:
Читај потпис...

А една типично Битолска мисла: Сам чоек е само за в клозет!
На француски би било....чекај да се сетам..као се пишуеше..
Miex vont seul que mal accompagne.......нешто така...
 
За мене лично е многу подобро во врска да сум. Можеби сеуште сум млад да размислувам за такви работи, но сепак кога си во врска со некого се чувствуваш посигурно, барем некој мисли на тебе! хаха...
во секој случај ке напоменам зависи од карактерот, има авантуристи кои некат воопшто врски. Сепак јас сакам со некоја личност да делам нешто... (ама само со една)
 
Солер!
Имаш можност да правиш што сакаш, кога сакаш, каде сакаш и со кој сакаш.Но дури и да го занемариме тој факт во кој имаме поголема слобода...интегритетот е најважен, а кога некој е сам каде каде повеќе се грижи за себе и за тоа што го претставува.
 
Кога сум заљубена во врска, кога не соло... Башка Сингл од Наташа Бедингфилд ми беше химна... Али вака серизно, мислам дека, сепак, во врска е поубаво... Не си осамен, мислиш на некоја личност, ти недостига, кога е покрај тебе си среќен, нема некои неизвесности, па и дома да седиш секогаш е забавно. Имаш поддршка, искрени критики, совети, бакнежи, гушкање, мнооогу заљубено гушкаше... Што знам, луѓето не се создадени за да бидат сами, секој си има друга половина.:)----овај ни е дотичната ТАка е цуциии така....а за лејди сатори не басш се согласувам бидејки кога ке ни са наберат годините тогањ ке сватиме дека не треба шмекање ова оно туку тогас ке ни треба вистиската љубов ...ама признај дека би сакала да има некој кој те прави да леташ?
 
MoRsk|_sKitnIK напиша:

Имав до вчера...
 
Соло... Правам што сакам, кога сакам, зошто сакам... Се согласувам со Лејди Сатори. Повеќе време за себеси, за луѓето што ми значат. Не сум личност на која светот и се врти околу една личност. Соло ама не сум осамена, ми недостигаат пријателите, среќна сум и ме подржуваат оние што се околу мене.
 
Во врска!Само толку ке кажам...!
 
кики напиша:
Соло... Правам што сакам, кога сакам, зошто сакам... Се согласувам со Лејди Сатори. Повеќе време за себеси, за луѓето што ми значат. Не сум личност на која светот и се врти околу една личност. Соло ама не сум осамена, ми недостигаат пријателите, среќна сум и ме подржуваат оние што се околу мене.

Не ја гледам причината зошто ако си со некој(а) не би имала време за себси, за сите луѓе што ти значат.. или дека би ти се вртел светот околу една личност! Ако бирам помеѓу ТАКВА врска и соло - да, би одбрал соло... али мене не ми е врската таква... далеку од тоа... Ги имам сите тие работи.. имам време за себе и за пријателите колку сакам... имам огромен број на луѓе околу мене... плус ги имам сите оние убави работи што ги има само во врска... :helou:
 
Дивајн напиша:
Или соло или нешто помеѓу соло и врска т.е. си со саканиот, но чат-пат ... врските и кога сакаме многу знаат да не загушат, па ни треба малку воздух ... моментално мислам така, па така пишувам ... утре-задутре ќе видиме ...

Исто мислам денес...
Во долга врска,се појавува потреба за луфтирање на мозокот(не за да отидеш со друг,не да го повредиш)туку едноставно да бидеш сам,без обврски кон партнерот(јас ќе одам на одмор сам,па не се лути,бла бла,па вечер на журка во друг град сака,па утре случајно се погодува пак женска екипа и...)
Диши додека можеш...
 
Vnuce напиша:
Не ја гледам причината зошто ако си со некој(а) не би имала време за себси, за сите луѓе што ти значат.. или дека би ти се вртел светот околу една личност! Ако бирам помеѓу ТАКВА врска и соло - да, би одбрал соло... али мене не ми е врската таква... далеку од тоа... Ги имам сите тие работи.. имам време за себе и за пријателите колку сакам... имам огромен број на луѓе околу мене... плус ги имам сите оние убави работи што ги има само во врска... :helou:
Реков повеќе време, не дека нема да имам време за сите кои ми значат ако сум во врска. Не ни помислувам на врска во која сето внимание ќе ми биде сконцентрирано на една личност.
Мене ми е поубаво соло или како што има напишано leandra-диши додека можеш.
 
“Повеќе време“ !!??!??!!?? Ова е веќе цепидлачење... па ако не, дружи се со две личности само.. така ќе имаш “повеќе време“ за нив!

И... она “диши додека можеш“. Ако те гуши личноста со која што си ... не сте еден - за - друг... It's that simple :)
 
Vnuce напиша:
“Повеќе време“ !!??!??!!?? Ова е веќе цепидлачење... па ако не, дружи се со две личности само.. така ќе имаш “повеќе време“ за нив!
Повеќе време за личности кои вредат и значат нешто, кога веќе тргна муабетов, па макар и да се само две.
Секој има право на свои ставови и мислења. Мене лично повеќе ми одговара да не сум во врска. Едноставно ми гледа поубаво така.
 
кики напиша:
Повеќе време за личности кои вредат и значат нешто

Па... нонсенс е да си во врска со личност која што не вреди и не ти значи ништо, нели?
Нема везе...го отупевме многу... да прекинеме пред да заборавиме да дишеме :) :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom