Солидарен оброк / Сподели кафе!

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Ццц колку сте само негативни. :(

Можам само да кажам од дрвото не ја гледате шумата.

Значи оваа акција е да се помогне на оние кои немаат.
Дали ќе биде прифатена додека не се проба џабе се дискутира.
Дали ќе се случуваат малверзации дали ќе има луѓе кои ќе ја искористуваат добрината на оние кои сакале да бидат хумани? -ДА, СЕКОГАШ ЌЕ ИМА ТАКВИ ЛУЃЕ

Но, не е тоа поентата важно е да се помогне, важно е да се проба за оној кој нема ништо ова многу значи.

Јас ја поддржувам акцијава и искрено кога би донирал дури и да ги украде некој не би ме спречило повторно да донирам. Да се биде хуман не значи да очекуваш некакво признание, правиш добро бидејќи е добро и толку ништо повеќе.

Единствено ми е жал што гледам тука многу негативно настроени личности.
Не е изговор тоа дека ќе има некој што ќе ја злоупотреби добрината секогаш има такви луѓе и најверојатно секогаш ќе има такви луѓе во суштината на вакви акции е да се поттикне хуманоста и човечноста во луѓето, посебно ова второво некако со економскиве кризи заборавија луѓето што значи да се биде човек.
 
Јас нема да учествувам во оваа акција, барем сега за сега...
Еве образложение:
За време на Втората светска војна биле сосема други услови од колку што се денес во однос на храната.
Немој да ме сватите погрешно, ја почитувам секоја хумана иницијатива, но тоа со храната е смешно малку.
Ние имаме ситуација кога Топлификација наплатува 2-3 пати поскапо одколку што чинат нејзините бедни услуги... Зимоска имаше ситуација кога факултетите беа затворени во јануари бидејќи не можеа да ги платат сметките за парно. Тоа е доказ дека е прескапо.
Секој ден зонашите ставаат блокатои, дигаат со пајаци за да „ стопанисуваат и поштено заработуваат ’
Нас ни ја укинаа ефтината дневна тарифа на струјата.
Ова сите го знаете...
Правевме и протести... Викавме „ лопови, лопови, лопови...
И од сето тоа ништо не испадна
И сега, верувајте ми, срам ми е да донирам некому 12 денари за еден ѓеврек, а околу нас се случуваат вакви работи....
 
Чисто процедурално.
Така и ни треба, јас мислам се ова ни е малку, затоа што траеме и трпиме, наместо да излеземе на протести сите, да го запалиме собранието и да обесиме некои на плоштад. Додека нема револуција во оваа земја ништо нема да се смени.
На темата, на многу луѓе ваква, и каква и да е слична помош им е добредојдена. Иако во Македонија вакви работи нема шанси да не се злоупотребат (како овие со одложените оброци), ама тоа не значи дека треба да чекаме подобри времиња за да се направи нешто. Подобрите времиња треба сами да ги створиме.
 
иако можеби реално е ова осудено на пропаст, јас искрено се надевам дека ќе успее, дека неколку гладни луѓе ќе имаат да каснат нешто тој ден. верувам во карма и дека со правењето добри дела со добро ќе ти биде вратено (ваљда од господ).
П.С. прв пат слушам за дечките што организираат во сабота храна. знае некој кои се и како да се најдат?
 
Ќе ти дадам информации преку пп.
 
Ова нема шанси кај нас.
Како бре нема шанси. Каде во која земја живееш па не ја знаеш ситуацијата.
Па јас ја прифаќам оваа иницијатива - идеја за помош со солидарен оброк, не море
ЈАС ВЕЌЕ 12 ГОДИНИ И ЈА СПРОВЕДУВАМ ВО ДЕЛО ОВАА ИДЕЈА И АКЦИЈА,
веќе 12 год. мојата маршуута е Кам маркет-леб,млеко,паштета,смоки и колачиња и правец кај гладните во овој случај деца и нивни деца од мојата сопруга.
 
Некогаш сериозно се прашувам дали знаете каде живеете. Оваа идеја и акција нема врска со тоа што си го правел ти. Еве бујрум нека ја почнат акцијата па ќе видите какви искуства ќе чуете.

Инаку сосем невкусно е да истакнувате што сте направиле и кому во случајов си му дал паштета. Не може да го правиш тоа и да си молчиш? Или ако не е кажано, како да не е направено.
 
Еднаш на Нутела ваквата реклама му испали...мачкаше без пари чоколаден крем на сите што ќе одитидеа со парче леб.

А тука кој е спонзор?
 
Некогаш сериозно се прашувам дали знаете каде живеете. Оваа идеја и акција нема врска со тоа што си го правел ти. Еве бујрум нека ја почнат акцијата па ќе видите какви искуства ќе чуете.

Инаку сосем невкусно е да истакнувате што сте направиле и кому во случајов си му дал паштета. Не може да го правиш тоа и да си молчиш? Или ако не е кажано, како да не е направено.

procitaj go use ednas postot!
 
И сега, верувајте ми, срам ми е да донирам некому 12 денари за еден ѓеврек, а околу нас се случуваат вакви работи....

Да резимираме, ако во една држава давачките за нормален живот се превисоки, тоа значи дека треба оние кои се исфрлени од системот, бездомниците, просјаците, социјалните случаи и слично да "умрат" за леб бидејќи државата го молзе народот? така ќе и вратиме на државата што не молзе, со тоа што ќе бидеме на слично ниво со истата? не те разбирам.

Без разлика во каква држава - општество живееш, секогаш може малце да се сподели.
 
Во право си....., но само на прв поглед.
Оваа акција подразбира да се концентрираме како на сиромашините да им помогнеме со тоа што ќе им подариме една кифла која чини 12 денари.
Наместо да го трошиме времето како да ја реализираме таа мала помош, предлагам да се коцентрираме на начинот како да ги попречиме тие што едноставо не пљачкосуваат.
Каков смисол има да некого го помогнеме со кифла од 12 денари, додека истовремено некој друг го пљачкосува, за повеќе илјади денари.
И сиромашните трошат и плаќаат струја, а некои и парно.
 
Фала што се засекира. Да не ти се верува го прочитав. :eek:
A ako sakas moze i eden dan da me zamenis vo ovie moi sekojdnevni obvrski.
(izvini za latinica ,ne e vo red cel den netot)
Eve i ova da ti go kazam pak.Vtoroto dete se uste nema primeno vakcina od nemanje tezina,
a toa se znae od sto doaga,i ne moze da odi ili da zastane na noze na 1.5 godina.
 
Анчо бегаме од темава со муабетот. Не е темата што правиш ти секој ден за да му помогнеш на поединецот, туку дали нешто организирано би успеало во оваа земја. Ти барем повеќе години живот имаше минато од мене. Зар при се што имаш видено и познавајќи го народов мислиш дека акцијава би успеала? Јас посакувам да сум грешка, ама не сум за жал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom