Солидарен оброк / Сподели кафе!

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Знајте шо , колку и да помагаме никогаш нема да можиме да му ги решиме перманентно проблемите ва ваквите лујѓе кои се на рабо на егзистенцијата....То ме лути:mad: ...и дека секоја "хумана акција" организирана од владата треба да помини низ две фази....прво да ги да како се жала на вестите на телевизија како се плача...и одма другио ден како министерството за социјала им помогнало ....цинично е покрај рингишпило и останатите споменици ние да им помагаме ним...мислам во ред е јас би им донирала ....ама зошо кога владата им помага им помага само за реклама.....И општо се прашувам како дошло до то дереџе да некој лујге да немаат ни за храна а некој да има цели буџети на рсполагање..... како е можно некој да ја има таја дозвола да ги троши нашите пари како сака , за на крајот некој да скитаат на улица , да немаат покрив на глава и да зависат од нас , од нашата мислостиња...Шо сме ние , тие од владата фазла од ниф , сите сме обични смртници, како можи некој воопшто да има фазла пари од мене , или помалце , ако демек сите според законо сме еднакви. Не сме еднакви , то е проблемо.:mad:
 
Да, а и да му решат егзистенција, каде побрзо.Со 7000 денари дали да ја платат струјата или да купат лекарства и да седат на свеќи со леб и сол ?
Еве еден пример.
МАКЕДОНИЈА
20.04.2013

БОЛНИ И НЕМОЌНИ, ГЛАДУВААТ ЗА ДА НЕ ИМ ЗЕМЕ СЕ` ИЗВРШИТЕЛОТ

Горица има 58, а сопругот Петре Спасески 55 години, двајцата боледуваат од епилепсија, живеат со 7.000 денари пензија во социјален стан во населбата Точила,што го добиле во поранешниот систем, а сега немаат пари да...

PRILEP_SPASESKI_BOLNI.JPG
Горица има 58, а сопругот Петре Спасески 55 години, двајцата боледуваат од епилепсија, живеат со 7.000 денари пензија во социјален стан во населбата Точила,што го добиле во поранешниот систем, а сега немаат пари да го исплатат. Таа сепак остварила право на инвалидска пензија, како работник на пропадната текстилна фабрика Политекс во Прилеп, а Петре е стечаен работник на Еуроламинати, една од потфирмите на поранешниот гигант „Еуроинвест - 11 Октомври“. По неуспешната продажба на словенечки инвеститор, фирмата пред 8 години пропадна, а тој нема право на никаков паричен надоместок, зашто иако работел 25, стажот му е платен само за 22 години.

Двајцата се мачат,се борат со животот. Немаат доволно пари за храна, за лекови, за да ги платат сметките за струја, извршителите неколку пати во месецот тропаат на нивната врата.Тие се немоќни да заработат повеќе.

„Самиот живот ни тежи. Бев на снимање на главата во Загреб, сетилата ми се слаби. Ми рекоа дека и да паднам и автомобил да ме прегази, нема да чувствувам ништо. Во понеделникот паднав пред зградата, оваа модирнка ми е од тоа“, вели Горица.

Поради големите грижи и во ноќите остануваат будни, спијат едвај по два часа, гладуваат, за да заштедат некој денар, да ги отплатат долговите за струја, вода, комуналии...

„Гледам за да остане повеќе од лебот, гладуваме за да има, слушаме и свиреж во стомакот, се знае како е кога се гладува, можеби и од самата помисла ми се појавува епилепсијата, в кујна ќе паднам, па в купатило, а настојувам да работам, ама од самата помисла на животот... “, додава Горица.

Надеж немаат дека следниот ден ќе им донесе подобар живот, затоа се молат пред иконите поставени во сите соби во станот, веруваат во Бог, дека ќе ги одржи во живот, до следната средба со саканото внуче во Ресен.

„Се запишуваме во самопослугата, дури и ми е срам, ми е тешко, секој ден да одам и да питачам, ова ми е срам што ќе види мојата ќерка, тоа ме погодува многу, тоа ми е најтешко, најболно, ми дал Господ и фамилија и внуче, се, не можам да појдам да си го видам“, тагува Петре.

Велат кренале раце од институциите во државата, бидејќи до денес никој не отишол да им понуди помош, и кога им е потребна медицинска помош, принудени се да останат дома, зашто немаат пари за превоз, ниту да ги платат здравствените услуги. Лековите ги кршат за двајцата по половина, за да имаат што подолго. Немаат визија, верба дека светлина ќе блесне во нивниот дом, но сепак ги молат добрите, хумани луѓе, ако се во можност да им помогнат.
[ Моника Талеска ]

Сигурно во Вирус нема да им пуштат кафе на луѓево или еден оброк во Македонска Куќа или Порта...да им рушат ‘углед‘ :rolleyes:
 
оброко денеска на овие лујџе му е најмал проблем.....ама ако сака да помогна , оти на пример витаминка не донира некој пакет или мик свети николе , сите нашиве фабрики шо се , секако дел од производството на лагер шо му поминува роко и го фрла.....
 
Pending coffee иницијативата не е ништо ново во светот, но кај нас започна со примена неодамна, првпат во Cafe Di Roma.

Основниот концепт се базира врз идејата да платите две кафиња, испиете едно, а втоторо веќе платено од вас кафе да биде како симболична донација за оние кои не можат да си го дозволат.

Во темава постирајте ги сите Pending coffee настани. За солидарен оброк веќе има, а и да не мешаме храна со пијачки:icon_lol:

Вечерва во Магор во 20:30 часот под мотото Ти можеш за Двајца, ќе се одржи Pending coffee настан.

"PENDING COFFEE" - Прв настан од Pending Coffee Иницијативата

* Почеток: 20:30 Часот

* Локација: Магор
Со секое испиено кафе, а платено второ помагате да се оствари една долготрајна хумана идеја. Идеја која има за цел да го превоспита нашево општетво. Идеја поддржана од основните човечки вредности и доблести.

Биди дел од повисока цел.

Ти можеш за двајца! Твојата голтка кафе е многу, многу љубов.

Значи, форумџии, кој е расположен вечерва за кафе, трк до Магор;)
 
Фасцинантно е со какви глупости може да се занимава скопската хипстераана (скопјанка сум, just for the record, да не мислите локал патриот дека сум).
Која бре хуманост?! Кафево е нешто као неопходно за живот па ај сега ќе донираме кафе? Самото спојување на зборовите донирање и кафе во една реченица е лакрдија! Не само што не се согласувам со иницијативава туку ја сметам за исмејување на хуманитарните акции! Сакате да донирате? Има еден куп луѓе на кои им е неопходна конкретна помош! Храна, облека, пари за лекување! Не ќе се глупирам да давам пари за кафе знаејќи дека некој можеби чека тие пари да му го спасат животот! Еве неколку практични примери: пример 1, пример 2, пример 3, и тоа ова се само неколкуте први линка од подфорумов. Чукнете се малце по глава и размислете, му треба кафе на некој од овие?
 
Мене само ме интересира кој ќе ги извести циганите дека ќе има бесплатно кафе во Магор. И дали нашите хипстери ќе се чувствуваат удобно кога на масата до нив ќе седне некој парталосан, смрдлив бездомник (ако му дозволат да седне).
 
Тие се борат за француските бездомници, од овие нашиве не можат рајат кафе да се напијат.
 
Шо убаво ќе им дојде на гладните луѓе едно Нес на празен стомак.

Акцијава требало да ја наречат „Сподели хипстерај и пред се` сподели на пријателите дека си хуман". Ненормална работа.
 
Искрено, мислам дека е глупава иницијатива.

А и не ми е баш јасно: му плаќаш две кафиња на угостителот!?

Значи ли тоа дека утре јас ќе можам да одам и да нарачам кафе „од оние дуплите што веќе ги платил некој“?
 
Фасцинантно е со какви глупости може да се занимава скопската хипстераана (скопјанка сум, just for the record, да не мислите локал патриот дека сум).
Која бре хуманост?! Кафево е нешто као неопходно за живот па ај сега ќе донираме кафе? Самото спојување на зборовите донирање и кафе во една реченица е лакрдија! Не само што не се согласувам со иницијативава туку ја сметам за исмејување на хуманитарните акции! Сакате да донирате? Има еден куп луѓе на кои им е неопходна конкретна помош! Храна, облека, пари за лекување! Не ќе се глупирам да давам пари за кафе знаејќи дека некој можеби чека тие пари да му го спасат животот! Еве неколку практични примери: пример 1, пример 2, пример 3, и тоа ова се само неколкуте први линка од подфорумов. Чукнете се малце по глава и размислете, му треба кафе на некој од овие?

Зошто да не? Зар скитниците и сиромашните не сакаат да се напијат кафе? Дотолку повеќе ваква иста иницијатива има и со храна и работи согласно истиот принцип

http://en.wikipedia.org/wiki/Caffè_sospeso
 
Не е за кафето за бездомниците. Се работи за импресионирање на женската популација која ќе го посети евентот.

Импресија 1 - Мажот бега од Балканските норми и вари кафе.
Импресија 2 - Помага, чисти, работи, при што умот на жената се стимулира до завидно ниво, или ниво на читање на Вог, Теа модерна, Бурда и што ти ја знам некои модни списанија кои ја намалуваат ферфенкцијата на работење на женскиот мозок.
Импресија 3 - "Тој е нежен, дарува, се грижи за остатокот од светот, ах не би можела јас да најдам некој таков, сите овие се детствени идиоти кои останале во светот на транзицијата, воедно едниствена цел им е да си ги наполнат сопствените стомаци и да хибернираат... морам да ја искористам шансата..."

Не секогаш е лесно да се видат добрите страни во нешто што нели е несекојдневно за ова поднебје. Крај краева земете апче за смирување и лангзам посетете го евентот. Секоја приказна е различна. Пробај биди добар и остави впечаток, па макар бил и хипстер за 1 ден. Иванов ја посети Канада па никој gives a shit.
 
Кафево да ги држи будни додека просат на улица :).
Попрво кога веќе плаќам две пијам едно, со второто би почастил некоја девојка, а не ко божем за оние кои немаат пари за кафе, и после оп кај некое менаџерче во џеб да си отидат.
Па тој што нема пари, сигурно нема да влезе у кафич и да бара кафе, туку ке иде у продавница и ке бара леб или јадење. Глупости ова со кафево.
 
.....моронизам...или лесен начин на заработка од "сакам да бидам хуман и сите да знаат за тоа" фаци

....со едно кафе, кифла или маица не им го менувате животот на сиромашните или бездомниците...само им ја продолжувате агонијата....

има една стара поговорка која вели....АКО САКАШ ДА НАХРАНИШ ЧОВЕК ЗА ЕДЕН ОБРОК ДАЈ МУ РИБА, АКО САКАШ ДА ГО НАХРАНИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ - НАУЧИ ГО ДА ЛОВИ РИБА

...на оваа категорија луѓе не им треба милостина...им треба знаење и алат за сами да го вадат лебот и да не зависат од вашата хуманост и вашето его.....ако сакате да бидете хумани подарете им гребло, мотика, коса, чекан, ножици.....викнете ги да ви ја искосат тревата, да ви го измијат автомобилот...научете ги да пишуваат и читаат, да поправаат велосипеди....научете ги било која вештина со која самите можат да си го вадат лебот....
 
А освен на бездомниците, на кого му пишува на чело дали има пари за кафе (мада за 1 кафе ќе има, за друго ќе нема...нема нова облека да му купи на детето)? Дали истите особи кои ќе остават пари за кафе плус наместо тоа би фатиле подрака бездомник или сиромав и би го седнале у Магор или и ќебапчилница да го најадат?
Помодарство кое како и за солидарните оброци едноставно не сфаќам за што им е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom