Соларни бури-Solar flares

  • Креатор на темата Креатор на темата Mayden
  • Време на започнување Време на започнување
Абе се засекиравте што неродените ви сеуште деца нема да можат да гледаат секакви срања по интернет и тв,па и дај боже да е така, Али,се работи за извесен период.У секој случај добродојден за безредие.
 
Забораваш пред се дека сме животинска форма а не роботи.

lol зборот ми беше дека ќе имаме повеќе проблеми одколку само фејсбук и ТВ. А за преживување, ќе преживееме :D
 
Кога прочитав "МРАК" помислив дека сонцето ќе се изгаси како што предвидуваше баба Ванѓа :свиркам:
 
Не верувам дека ќе биде нешто посебно но во случај да настане огромна бура што ќе збрише секаква електроника најголем ударот ќе биде во Америка пошто се најзависни од интернет и телевизија,а во Македонија конкретно освен оние фејсбукџиите и бабите кои неможат да си ги изгледаат лисијата нема да настане некој проблем.
Во ова модерно доба буквално СЕ е зависно од струја. Точно е дека леб можеш да измесиш на рака и да испечиш во шпорет на дрва, ама ако имаш бунар за вода во близина, оти водоводот не работе без струја, ако имаш брашно, а за брашно сака жито смелено, на воденица покрај река, значи сака да си покрај река и да има воденица што е ретка појава, па сака да имаш твоја нива со жито, срп и барем магаре за транспорт, оти и ако се сменат чвркнатите жици во возилата и механизацијата, пумпите сакат струја да пумпат гориво, се на се ако си добро стоеќи домаќин од село може и ќе имаш храна некое време ама грото луѓе во ѕрбаните населби ќе наебат.
Елем.
Оваа можност, барем 5 години наназад се дискутираат по “конспиративните“ форуми, сега почнаа малку поозбилни извори да ги најавуваат.
И НАСА пред некој ден објави дека проучувале енергетски бран кој што се движи од центарот на галаксијата во правец на сончевиот систем, кој во 2012 ќе не преплави.
 
Недостатокот на струја е најмал проблем. Вие, робови на конзумеризмот и конформизмот!
Не верувам во ова, ама ај да речеме дека ќе биде, јас ќе бидам среќна!

Го напиша ова на компјутер, на струја.
 
Да, ама тоа не значи дека не можа да опстанам без неа ;)
Гледам тука некои паника ги фати.

Ау уствари ти си од тие анархистите што чкртаа А знакчено и бегаат. Океј.
 
Да, ама тоа не значи дека не можа да опстанам без неа ;)
Гледам тука некои паника ги фати.
Да бе на дрва ќе си топлиш вода и ќе се тушираш со лонци... No way! :confused:
 
а кога би не удрило би било интересно, замисли, ти идат арамии дома и ти немаш телефон да викнеш полиција, немаш како да се одбраниш, ако нема струја, нема ни вода, нема ништо буквално, ќе одиме со стомните на вода, ќе се гледаме на свеќи навечер, масовни грабежи, масовно безредие, супер:нинџ:
Да бе... и мрморецо ја виткаше чоколадата во фолија... како преживеле 2000 години без струја, стварно незнам.
 
Еј еве го крајот од најјакиот филм што го спомнав пред неколку поста, Снејк Плискин и го направи на Земјата она што сончевата бура ќе го направи, само ова беше пермаментно. Хаххаха каков ФРАЕР, гледајте :D:D :

 
Мислам дека една сончева бура е веќе помината и немаше никакви последици али беше во помали размери од споменатава.
Колку сето ова ќе се оствари останува да видиме али во секој случај повеќе од интересно ќе биде во мрак да се биде одреден период. Иначе не секоја област од земјава би била исто загрозена
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom