Соини производи

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
кога постев често конзумирав соја...поготово шницлите, или пржени или во супа, кашкавалот убав е, кога немаш друг избор, али млекото од соја е најгадното нешто што го имам пробано
 
Баш млекото од соја ми е ок....

А шницлите, треба да знаеш да ги подготвиш солидно за да личи на нешто. Мислам дека прво се варат, па се цедат и на крај се пржат.

Ако се исцедат отповеќе, се добива ефектот на гума :)
 
Најмногу ми се допаѓа шницли,кашкавал и сирење од соја ...
 
И претходно го поставив прашањево во друга тема,ама не добив одговор, па да прашам и тука во “матичната тема“ за сојата! :)

Како се употребуваат трошките соја и за што?
Дали треба да се варат посебно , или пак се додаваат (еве на пример) во мелено месо за да направам плескавици?
 
мојш да ги додајш во јадење..барем мене така мама ми ги прави, а иначе сега за постиве имат едно како квадратчиња се тие ко месо... и такви со ориз ги јадам.. преубо е:pipi:
 
Како се употребуваат трошките соја и за што?
Дали треба да се варат посебно , или пак се додаваат (еве на пример) во мелено месо за да направам плескавици?
Еве пример за употреба...Денес имав прилика да јадам сарма од блитва со соја(во трошки) и ориз...плус кисело млеко..беше...зачудувачи добро..
 
obozavam: Soja snicli ( dobro zacineti) , soja pasteti, soja mleko i pecena soja za grickanje
 
јадам соја имам пробано соини топчиња, трошки, шницли, кашкавал, мајонез, соино млеко не се лоши посебно ова го јадам кога постам до Велигден но сирењето е катастрофа воопшто не се поднесува неможам никако тоа да го јадам
 
од соја имам пробано оние соја зрна печени на Виталиа и млеко, зрната се супер а млекот не ми се свиѓа како да пијам разводнето млеко!
 
редовно јадам кашкавал и сирење од соја и ич не се осеќа дека се од соја...исто е и многу се поздрави...мајка ми еднаш имаше направено некоја супа со соја или така некако и мнгоу грозна беше...дали мајка ми неубаво ја направи (како и обично) или рецептот беше катастрога незнам
 
Како се употребуваат трошките соја и за што?
Дали треба да се варат посебно , или пак се додаваат (еве на пример) во мелено месо за да направам плескавици?[/quote]
ги ставаш во вода 10 мин да се варат ги цедиш и после ги употребиваш како да се мелено месо, се е исто
 
Трошките од соја се вкусни кога ќе ги свариш, и после да отстојат и да се додаде фант и 2 јајца. Потоа се образуваат мали плескавички и се прекраснии :)
Не јадам месо, па ова ми доаѓа како замена :)
 
сум пробала и кога постам јадам соини трошки со печурки и томато сос врз макарони и соини топчиња динстани со пиперка и домат не се лоши на вкус кога ќе ставиш сол вегета бибер имам и чницли пробано тие ми се гадни
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom