Софизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Софизмот претставува способност да се истакне како вистинито нешто што не е.
На почетокот на појавата на софизмот, тој служел само како донесување на вистината пред очите на луѓето, но со текот на неговото развивање, претставниците од оваа група на философи започнале секој став да го презентираат како вистина иако тој бил далеку од тоа.
На некој начин, софизмот може да се поистовети со денешната дипломатија, само што софизмот е на едно повисоко ниво. Со софизмот дури и тврдокорните противници се придобиваат на своја страна.

Што мислите за софизмот?
Дали софизмот според дефиниција треба да претставува презентирање и убедување во нешто што е вистина, или пак треба да биде уверување во некоја вистина која не е точна?
Дали треба да биде начин на осознавање и осврнување на гледиштата кон светот, или треба да надвладее неговата негативна конотација - манипулирање со другите?
 
Алекс Џонс е најјак Софист и "филозоф".

А се јавил(софизмот) кај филозофите едноставно поради конкуренцијата.

Еве имаме повеќе филозофски правци...

Понатаму повеќе економски школи на пример..сите тврдат дека се во право....ама сите грешат-Алекс Џонс е во право!!!
 
Софизам - Грчки збор (софос) = мудрува, а исто така и со значење `волшебник`.
Првично, термин кој го означувал учењето на видни антички учители од областа на философијата и реториката.

Се појавило како потреба од образование на `демосот`. Софистите биле, мислам, првите платени учители кои го давале своето знаење на секој кој што можел да им плати. Тие најмногу ја разработувале односно, ги учеле студентите на реторика (говоречка вештина).

Значи, не лажеле туку на убав начин, со многу `финти` успеавале да придобијат многу од слободните граѓани на своја старана.

Со тоа пробувале да ја уништат космоската догматска мисла. Пробале да ги отворат хоризонтите на слободниот граѓанин.
 
Софистите - типци на кои први им текнало дека може да земаат пари за тоа што предаваат. Ги учеле сите луѓе, без да гледаат потекло, каста и слично, важно им било да имаат пари за да им дадат за ученото.

Софизам - човекот е центарот на се т.е. ти си центарот на се. Ако го стигнеш врвот во наученото ти си врвот на сите врвови (луѓето) Мех, според мене ова било паметен начин за лажење на луѓето за да си земаат пари од нив. Едноставно било лесно да ти дигнат его дека ти си движечката сила и дека се зависи од тебе. Не за џабе еден Сократ им се спротиставил на софистите.

Не е некоја посебно јака филозофија. Сократ подобро ја имал развиено оваа формулација на односот човек = свет...
 
Софизмот претставува способност да се истакне како вистинито нешто што не е.
На почетокот на појавата на софизмот, тој служел само како донесување на вистината пред очите на луѓето, но со текот на неговото развивање, претставниците од оваа група на философи започнале секој став да го презентираат како вистина иако тој бил далеку од тоа.
На некој начин, софизмот може да се поистовети со денешната дипломатија, само што софизмот е на едно повисоко ниво. Со софизмот дури и тврдокорните противници се придобиваат на своја страна.

Што мислите за софизмот?
Дали софизмот според дефиниција треба да претставува презентирање и убедување во нешто што е вистина, или пак треба да биде уверување во некоја вистина која не е точна?
Дали треба да биде начин на осознавање и осврнување на гледиштата кон светот, или треба да надвладее неговата негативна конотација - манипулирање со другите?
Хм, мислам дека е прегрубо кажано она воведното “способност да се истакне како вистинито нешто што не е“.
Знам дека википедија истакнува за модерната смисла на зборот софизам, но мене не ми се допаѓа тоа извртување на зборовите. Всушност првиот лик кој ни текнува кога се спомнувам софизмот, Протагора, бил голем посветеник на Ортоепијата, односно правилно изговарање на зборовите, што е многу блиску до она што го направиле денешните конзументи и употребувачи на зборот софизам. Ја измениле неговата смисла, го употребуваат погрешно.

Да, се сложувам дека софистите се оратори, а тоа се луѓе кои продаваат кечап на дама во бели ракавици (што би рекле американците), односно со помалку факти ќе ја убедат широката народна маса во она кое имаат намера. Но, претпоставувам и древните атински софисти, немале намера да одат наоколу и да лажат, туку едноставно верувале во некои работи, имале ставови и тие ги презентирале на неверојатно умешен начин.

Спротиставени филозофии и мислења има за илјадници теми во овој бел свет. Сосема е нормално, и ниту една од тие не може да биде заклучена како дефинитивна. Па дури и идејата и законите за гравитацијата, за временскиот континуум, се побиваат од квантната физика, будистите и другите духовно посветени упорно нагласуваат за смислата на работите и дека вистината ни е само како прецртана слика...
 
Има еден софист и на форумов :helou:

Да не бил делот со споритвставувањето на философските теории, софистите лесно може да им се нанакалеми зборот адвокат.

Софизам - човекот е центарот на се т.е. ти си центарот на се. Ако го стигнеш врвот во наученото ти си врвот на сите врвови (луѓето) Мех, според мене ова било паметен начин за лажење на луѓето за да си земаат пари од нив. Едноставно било лесно да ти дигнат его дека ти си движечката сила и дека се зависи од тебе. Не за џабе еден Сократ им се спротиставил на софистите.
Софизам - софистот е центарот на се. А ако сакаш да бидеш и ти, плати му за да те научи како.

Нема бифши полицаец, курва, адвокат...и софист! :) Принципот на работа им е ист(освен полицаецот)
 
Има еден софист и на форумов :helou:

Да не бил делот со споритвставувањето на философските теории, софистите лесно може да им се нанакалеми зборот адвокат.
трну јас мислев дека се викаат spin доктори и политичари :raz:
 
трну јас мислев дека се викаат spin доктори и политичари :raz:

Политичари постојат и пред да се појават софистите. Разликата е во тоа што софистот кога те лаже, му веруваш иако знаеш дека те лаже, но има добри аргументи да те убеди дека синото е црвено. И плус ќе ти наплати за тоа, а ти ќе му дадеш пари и ќе се осеќаш дека малку си му дала.
 
Силна "работа" е софизмот. Ми се допаѓа!
 
Искрено, јебеш ти ласкање и све остало, прв пат слушам за Софизам, али свесен сум дека го поседувам. И тоа побајаги.
Иам способност да ги вртам зборовите у моја корист, свесен сум кога не сум во право, али доколку знам дека "противникот" не ја знае правата вистина, зашо па да не ја знае и прифати мојата? Контрам, и барем коа контрам, ми држи вода муабетот, логичен е, безразлика дали сум во право или не, тешко е да ми ја докажеш вистината :) Не дека не ја прифаќам ја, туку не ја зимам здраво за готово, како што најчесто ми се презентира...

Мислам дека марсофка може да искоментира нешо околу ова :)
 
Софистите, првите адвокати на светот.

Во Атина ко ќе суделе некој, обвинетиот можел да се претставува самиот себе си, или да викни некој роднина на негово место.
Е сега почнале да ги викат познатите филозофи да се претставват како нивни роднини и за пари да ги бранат.
 
Back
На врв Bottom