Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Браво, Јужен парк гледам го средиле...еден период во средината на 90-те беше многу мрачно.Jужен парк
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Браво, Јужен парк гледам го средиле...еден период во средината на 90-те беше многу мрачно.
Во Бугариjа форумите са профилирани.Дечки знае некој некој бугарски форум што е сличен на кајгана форумов? Ми треба да прашам нешто ама ми треба бугарки форум и личности со бугарска националсност да ги прашам.
6 Години живеев во Софија . Од Скопје на изглед и Инфраструктура не е кузнеј колку подобро. Многу од улиците и булеварите се во многу лоша состојба да не зборувам за фасади и како изгледа поголемиот дел од центарот исклучок се само моловите и бизнис парковите. Последните неколку години има голем развој но сеуште треба многу за да се среди се. Со оглед на тоа што има три пати повеќе жители од Скопје нормално е и да е поразвиен и имаш многу повеќе можности. Да не спомнувам дека невработеноста во Софија е околу 3 % . Но за 5-10 Години мислам дека ќе добие изглед на Европска Метропола, барем се стреми кон тоа.
Пред 4 месеци се преселив Букурешт и можи да кажам дека на Софија треба уште многу за да се развие за да стигне на ниво на Букурешт.
Секако во секој град има позитивни страни и негативни.
Кратка листа на позитивни и негативни страни на Софија.
Позитивни: Метро, Трговски Центри, ефтин и добар Ноќен Живот , големи економски/бизнис можности.
Негативни: Паркови(едни од најлошите во Европа) , патна инфраструктура, градски транспорт(со исклучок на метрото и некои градски линии) , сообраќај, лош естецки изглед на градбите дури и на тие во центарот и за крај лошата храна(особено Бугарска скара,можеби на некој му се допаѓа но 90% од странците кои ги познавам скоро секој се пожалил од лошиот вкус на Бугарската кујна.
Заклучок: На секој би му препорачал да ја посети Софија на ден два, има добар и ефтин ноќен живот, има интересни нешта да се видат во центарот на градот а и пополека се средват. За живеење не е нешто најдобро за долгорочни планови.
Јас еве ќе се обидам нешто од искуствата со Софија да си напишам.
Не ја знам од времето на комунизмот. Одев често 90-ти години, како дете, татко ми работеше таму некој период, неколку години. Несфатливо ми е и ден денешен, толкав град да се гаси во 7 саати попладне, нешто како I am legend. Редовно, ама ептен редовно имаше престрелки по улиците, мултигрупови - ташаци......одвратно. Генерално запознаваш два типа народ - искривени мрсни силеџии со еквивалентна дрољаста женска придружба и офуцан сиромашен народ. Парите што ги добивав за у џеб да ги имам преку ден беа отприлика колку неколку пензии нивни и често знаеа да те погледнат наопачки ако ти го видат новчаникот. Така ми беше исто чудно - седнуваш на маса во кафана и ако има и едно слободно место келнерот ти наоѓа пациент да те дружи - нормално по твое одобрување. Ако си муабетџија не ти е проблем, седиш со друштво и после 5 мин дознаваш таа несреќа што те дружи има тетка во Крушево и баба во Ресен и е едно 90% Македонец, ама ти објаснува како ти си Бугарин - патетики тешки...
Центарот изгледа релативно коректно иако тоа што може да се нарече старо јадро има и доста труло у себе. Пример, бев во стан во стара зграда на Георги Раковски (сам центар), објект во фердинандово време граден - во концепт на затворен блок, кој само од надвор изгледа коректно, внатре распад - не е као у париски или берлински - влегуваш во дворот и е уште поубаво (ама ок, прифатливо е, има некаков дух)....имаат и интересни нови објекти од поново време, а и метрото им е многу културно...
Кафаните, доста ги шетав (и од поновиве искуства, а и од тогаш) сум констатирал дека се непоправлив случај по однос на храна - два збора - многу лошо....посебно на месо мислам....
Последниве години сум бил неколку пати, лани додуша, оваа година не...генерално, останати распаднати улици и тротоари има во сериозни количини (едни жолти плочки во центарот по кои се лизга и кога е суво), некои трговски центри - молови де...и горе доле тоа е...град од ранг на Белград, Солун од балканскиве со тоа што многу му фали од она човечкото да биде „голем“ град, лошите искуства ме тераат да го избегнувам, освен некој концерт или нешто слично....последниот пат на пример си имавме работа со џандари што не уценуваа, мито ни бараа, а штом чујат Македонци стануваат тешки досади (ова важи и за обичен народ)......
.....и нема бе жена убава да видиш, коа се нема природна убавина барем некоја дама да те заврти на улица - тоа што им е мејнстрим - тој whore-стајл ми е одвратен....
Можда многу пропуштив, иам еден куп случувања од таму, ама главно е дека не би идел пак....морето им е шит, ама па затоа планини имаат убави - за тоа би идел, а и сум бил веќе - Рила, Пирин наш, Стара планина.....
Koi se ovie golemi ekonomski biznis moznosti daj poobjasni ...
ова што го зборуваш е веројатно од некаков си гнев за кој само ти си знаеш зошто и како или од завистАма шо мрсите муда сеа, сами Бугари си кажуваат дека Софија е најгаден град на планетава земја, еве може само Могадиш да е нешо полош...и морам да додадам уште нешто, колку и убаво нешто да направите, едноставно кога ќе отворите уста и ви го слушнам јазикот ми се врти во црева!