Soccer Manager (Kajgana Europa League)

Колку да е буџетот? (мил)


  • Вкупно гласачи
    38
  • Гласањето е завршено на .

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.305
Поени од реакции
12.669
двајца ботови ќе имаме наредна сезона во прва лига.:popce:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.704
ГЕРИ НЕВИЛ АНАЛИЗА: Донев е главниот виновник за доминацијата на Евертон во КЕЛ



Ќе започнам од крајот на Сезона 5. Сезона во која Евертон на моменти дури и беше во борба за опстанок, а Чемпионс почна да губи верба во дел од своите играчи. Лука Модриќ беше катастрофален во првата полусезона, Вернер со 4 настапи беше трет стрелец на тимот, Погба сеуште се бараше себеси. Сепак, на крај се консолидираа и успејаа да победат на последните 6 кола, со што завршија на 6тата позиција во лигата.

Пред самиот крај на сезоната двата градски ривали, Евертон и Ливерпул договорија трансфер: Модриќ и пари за Луис Суарез. Тука, малку понесен од ривалството со Чемпионс во Кајгана Ворлд каде едниот ја води Барса, а другиот е тренер на Реал Мадрид... се приклучи С. Донев. Ги даде ни повеќе ни помалку Иван Ракитиќ и Томас Милер, кои во тоа време му беа најдобри играчи во тимот само и само Суарез да не премине во Евертон. И додека Донев мислеше дека го направи најфраерскиот потег во историјата на Кајгана лигите, тој всушност започна една доминација на Евертон, кој во наредните 2 сезони стана прв тим што ја освојува титулата едно по друго, сруши неколку рекорди и загуби само 5 од 44те натпервари.

Зошто го велам ова? Па прво Чемпионс се реши да не го продава Модриќ, кој како што спомнав погоре при крајот на 5тата сезона почна да си ја враќа формата и успеа да дојде до Агуеро во swap deal со Кевин Де Брујне. Де Брујне сеуште не беше играчот кој што е денеска и реално немаше скоро никаков придонес во играта на Карамелите. Од друга страна Кун ја започна сезоната фантастично и самиот реши неколку натпревари. Лука уште од стартот на Сезона 6 беше маестрален, а Евертон после поразот од Динамо Киев во првото коло, се вклучи во борбата за титула. Како одминуваше времето сините играа се подобро и подобро, Бејл, Роналдо и Агуеро одлично се надополнуваа, а на Модриќ и Погба им се приклучи и Видал, со што средниот ред на Евертон беше убедливо најдобриот во лигата. Ја земаа титулата таа сезона, освојувајќи рекорден број на поени, а Чемпионс не застана и ги направи можеби најдобрите 2 потега во неговата Кајгана СМ кариера. Прво го смени Агуеро со Роберт Левандовски, а потоа го увиде издигнувањето на Кевин Де Брујне и си го врати белгиецот во својот тим, а во Свонси го испрати Герет Бејл. Сенсот за трансфери кој го има овој менаџер многу ме потсеќа на Фергусон, кој во моето време во Јунајтед успеа да изгради 3 или 4 одлични генерации. Лева со своите 15 голови ја освои златната копачка за Сезона 7 (направи и 5 асистенции), Де Брујне учествуваше во 9 голови, а Лука Модриќ изигра уште една маестрална сезона и повторно, како главен диригент на играта на Евертон беше еден од најзаслужните за освојувањето на титулата.



И за крај само едно прашање... Дали Евертон ќе го постигнеше сето ова, ако Донев едноставно не се иск*рчеше и го оставеше Чемпионс да си го уништи средниот ред за да дојде до Луис Суарез? Јас мислам дека не.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.704
Плус Лева за Де Геа.

Не.
Modric-Chielini
DDG-Navas

:P Ти не губиш ништо во одбрана, добиваш плеј. Јас губам плеј за да појачам одбрана. Затоа и ќе го добијам омилениот голман. :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.566
Поени од реакции
52.368
Modric-Chielini
DDG-Navas

:P Ти не губиш ништо во одбрана, добиваш плеј. Јас губам плеј за да појачам одбрана. Затоа и ќе го добијам омилениот голман. :D
Модрич и Навас треба како бонус да ги вклучиш во договор за Де Геа. Сепак го добиваш омилениот и најдобар голман со кој ќе доминираш наредните 50 сезони, гол нема да примиш.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.430
Поени од реакции
42.704
Модрич и Навас треба како бонус да ги вклучиш во договор за Де Геа. Сепак го добиваш омилениот и најдобар голман со кој ќе доминираш наредните 50 сезони, гол нема да примиш.
Иначе се убаво кажал Гери Невил погоре, ама заборавил дека буквално ти ја подарив титулата во КW со Меси. :P


Јебем ти ривалство. :/
 
A

Aexil Kong

Гостин
Често го користев Хектор како лев бек. Солиден.
Како го зедов твојот тим опаднаа на 4ца битни играчи рејтинзи..
Евра падна за 2
Тиаго Силва падна за 1
Снајдер падна за 1
Паје падна за 1
Све старци си собрал, за ремонт е тимов.
Само на Маркињос еден плус и на Лемар.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.566
Поени од реакции
52.368
Како го зедов твојот тим опаднаа на 4ца битни играчи рејтинзи..
Евра падна за 2
Тиаго Силва падна за 1
Снајдер падна за 1
Паје падна за 1
Све старци си собрал, за ремонт е тимов.
Само на Маркињос еден плус и на Лемар.
Само Силва е битен играч :D

Тимот си е топ 4 тим дури и без менаџер. Пази што правиш!
 
A

Aexil Kong

Гостин
Само Силва е битен играч :D

Тимот си е топ 4 тим дури и без менаџер. Пази што правиш!
Можда е за топ 4 ама ми фалат играчи на многу позиции. На десен бек ми покрива централен дефанзивец, во нападот имам само 2 напаѓачи, Суарез и Манџукич, им немам соодветен добар бек-ап, на лев бек сум тенок затоа што Хектор принудно го играм на лев, Евра не го ни сметам за бек-ап и во централните дефанзивци имам тенка клупа, само еден во резервите, еве на пример Маскерано ако започне десен бек, централни ќе бидат Силва и Маркињос и само Бенатиа и Компани ми остануваат бек-ап а ми треба барем уште еден во случај на повреди.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.566
Поени од реакции
52.368
Можда е за топ 4 ама ми фалат играчи на многу позиции. На десен бек ми покрива централен дефанзивец, во нападот имам само 2 напаѓачи, Суарез и Манџукич, им немам соодветен добар бек-ап, на лев бек сум тенок затоа што Хектор принудно го играм на лев, Евра не го ни сметам за бек-ап и во централните дефанзивци имам тенка клупа, само еден во резервите, еве на пример Маскерано ако започне десен бек, централни ќе бидат Силва и Маркињос и само Бенатиа и Компани ми остануваат бек-ап а ми треба барем уште еден во случај на повреди.
Во Вотфорд беше со пола играч и сега сака по тројца на позиција :D

Чех
Маркињос - Силва - Маскерано - Хектор
Де Роси
Силва - Маркизио
Манџукич - Суарез - Ројс
Добитна комбинација. Плус Лемар доста ќе помогне сега.
 
A

Aexil Kong

Гостин
Ако е добитната комбинација зашо не остана во тимот туку брзаше да идеш во Интер, јас ќе идев таму :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom