Сега вака одморена и свесна да си напишам впечатоци од собиранката.
Значи... Јас, Девилиш, sagaqua и G e G o стигнавме први за да ги пречекаме гостите. Се надевавме дека Марина ќе не` чека таму, но разбравме дека била болна и дека нема да се појави. Пристигнаа Димитар, Ne0 Newbie и уште еден дечко кој дошол со нив затоа што на двајцава им било срам. Кога си замина тој, дојде и Ninja без оружје и после нејзе МАР МАР, па правевме планови како да ги распоредиме масите за да бидеме сите заедно.
Скопјанишчава доцнеа, па конечно пристигна кола број (не знам кој). Се сместија, помуабетивме и ги чекавме тие од другата кола кои се запиле некаде и не` заборавиле

Е кога пристигнаа и другите Скопјани, настана хаос со масите, ама конечно ги наместивме во вид на .!. (ненамерно), па планиравме да сместиме една форумџивка на врвот (за малку ќе ни успееше сеирот мене и на Acid), ама ЅОНЕ го фати тоа место. Не се знаеше кој каде седи, се шеташе од фотеља до фотеља, бевме многу гласни и нормално дека сите во нас гледаа и се чудеа.
Пристигнаа и Стружаните конечно, се сместија и после следуваа дешаванки со сликање кај шанкот

Нема потреба да кажувам детали, ќе си гледате слики и се` ќе ви стане јасно

Пристигна Марина и тогаш се скрши и првото шише, ја кренавме Табана во воздух

Откако си ги собравме парталите отидовме во ФЕЈМ`С (за сите кои заборавиле како се вика клубот). Секоја чест за sagaqua што влеговме тооооолку многу луѓе, само штета што си замина порано! Внатре гужвишта, се стокмивме кај диџејот и се играше. Супер музика, супер забава, прееееекрасно весело друштво! Немам зборови за дечките, кој од кој повесел.
За жал, неколку си отидоа и не ми се коментира тоа, бидејќи ми е многу криво. Сепак на крај останавме најиздржливите. Сменаа музика и се изнаигравме, а врв беше со ретрото
Преубаво си поминав, одлична собиранка, премногу смеење, прекрасни луѓе! Браво за тие што дојдоа (посебно за тие од Скопје и Димитар), поминаа километри за да си поминеме толку убаво! Злааатни дечки!
На тие кои не беа им останува само да си пукнат од мака.
Е, нееее!
:nesvest::nesvest::nesvest:
п.с. Келнерката од Табана рече дека сме и` ја разубавиле вечерта, дека дечките се супер и дека не` чека пак!