Собиранка +25

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас стојам добро со време. Имам предавања во Струмица следниот ден, па би ценела поранко збирање, ако може. Ако не, не извољевам.

Кафана „Градска Кула“ позади “Old school caffe“ е мојот предлог за кафана

Ми се допаѓаат овие две мислења. Терминот ми се поклопува со друг настан, ама членката ќе прочита гарант, па ќе напраиме некако да преместиме нашиот термин и јас доаѓам на едно сокче. :)
 
Јас, како корисник на ЈСП 66 (последната е во 22:22), би сакал во Градска Кула, троа порано да почнеме.
 
Трн ако ти треба дозвола да вадиме додека е време :icon_lol:
Околу времето веројатно најмногу одговара во 20ч?
А за место,нека биде мирно со македонска музика,не сме пребирливи,нали:)
 
Што е работава,слаб некако одзив за темава или малку не има над 25?
 
Еве, ја уште не сум бил на ниту една собиранка. Искрено, ми беше малку срам пошто иам 35 у г'зот, па ова би била идеална прилика да се пресрамам.
Кула (Олимписки)? на 17 (чет)? у 8?
 
Не бери гајле, нема да бидеш најстариот таму. Таман ќе ти дојде како за прва собиранка.
Местото е подложно на промени. Кога Леандра ќе пише дека официјално закажала за некоја кафана, тогаш ќе се знаат конечни време и место.
Сепак нека почне во 20 часот :)
 
Зашто ми е избришано прашањето? Прашав, како им верувате на присутните дека се над 25 години? Сепак тоа е едно од најбитните работи на оваа собиранка односно да се има полни 25 години.
 
Ја би бил пресреќен мене да ме одбијат по основ „Не ми личиш за постар од 25“. Одма фаќам накај... ...кај ли да се иде сега со 25-?

Или, ко што ти вика Тончи: не си доволно стар се додека не престанеш да се прашуваш дали си доволно стар. После е ионака касно.
ДиБек не побарав да присуствувам, прашав само како ќе им верувате на присутните. Многу ми е глупаво тоа +25 ограничување. Ептен е смешно и за подбив затоа и пишав на темава иначе зашто би се мешал каде што не ми е место.
 
Зашто ми е избришано прашањето? Прашав, како им верувате на присутните дека се над 25 години? Сепак тоа е едно од најбитните работи на оваа собиранка односно да се има полни 25 години.

Ти имаш 20 години,што се замараш со прашања кој не се во твој домен :smir:
Дбек не си најстар,не се секирај,фини сме сите :)
Демнач секогаш сме околу 15 души,доволно за добар муабет.

Собиранкава ќе биде од 20 часот.А каде,ќе договориме до понеделник,предлози сеуште може да пишувате.Мене ме бендиса она од последниот пат,само името не му го паметам (над универзална).

А ќе организира ли некој за нас помладите -25 собиранка или слично?

Зарем самите неможете да организирате?Стави тема и договарај,ништо страшно:smir:
 
Ти имаш 20 години,што се замараш со прашања кој не се во твој домен :smir:
Дбек не си најстар,не се секирај,фини сме сите :)
Демнач секогаш сме околу 15 души,доволно за добар муабет.

Собиранкава ќе биде од 20 часот.А каде,ќе договориме до понеделник,предлози сеуште може да пишувате.Мене ме бендиса она од последниот пат,само името не му го паметам (над универзална).
Како што пишав предходно, не ми е место да се мешам и не сакам да присуствувам на места каде што не сум поканет. Смешно ми е ограничувањето.
А ти и понатаму можеш да веруваш во се што ќе прочиташ. :smir:

А да, и зрелоста на човекот не ја определуваат неговите години. :)
 
ДиБек не побарав да присуствувам, прашав само како ќе им верувате на присутните. Многу ми е глупаво тоа +25 ограничување. Ептен е смешно и за подбив затоа и пишав на темава иначе зашто би се мешал каде што не ми е место.

Абе остај ги, геријатрија, не ги замарај, притисок ќе им се качи. Ние ќе си напрајме -25 журка.

Него... имаш -25 другарки, да викнеме нешто?
 
Абе остај ги, геријатрија, не ги замарај, притисок ќе им се качи. Ние ќе си напрајме -25 журка.

Него... имаш -25 другарки, да викнеме нешто?
отвори соодветна тема за тоа, собиранка од 18 до 25 и без оние што се родени у петок.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom