Берам за нова фото опрема, пошто во семејниот буџет то е во ставка на “хоби“ - се наоѓа на црната листа на неопходни работи и мора чоек да се снаоѓа. Најлесно се штеди на децата, место литар млеко денот - пола литар (и уше пола додадена вода - и така не чини многу млеко) му ги откажав спремањата по математика и јазици - нек си запнат самите, чевли - арни му се и оломнанските (тесни му биле - а бе ој прашај го дедо ти дали воопшто имал чевли а камиоли мана да му наоѓаш) за на школо не им давам пари за храна - во едно пластично им турам шо остана од ручекот - бораниче, сарма, компир манџа, грав.... и нека сркаат на одмори секако и поздрава е домашната храна од колку коекакви вештачки јадења по тие сендвичари, сега чекам писмени задачи да фатат некои слаби оценки и одма да им продам некои играчки, телефони, плеери.... друго низ дома шо можев да заштедам е вртење на цевкита на водомерот па сега скоро ич не плаќам вода и се обидувам да му пробијам пасвордо на вифито на комшијата па да откажам и интернет шо го плаќам... за некој месец - ќе се напрам со нов апарат !