Собирам пари за...

  • Креатор на темата Креатор на темата SadGirl13
  • Време на започнување Време на започнување
Не собирам за ништо конкретно. Собирам, ама собирам за ако некогаш стварно многу ми затребаат да знам дека секогаш ќе си имам у резерва свои пари, без да позајмувам од други да си го платам тоа што ми треба т.е животот да не ми зависи од други. Според мене ова е прв чекор на општа стабилност у животот за мојата возраст.
 
За авто. У ствари собрани се, само чекам да легнат на први :icon_lol:
 
Па за стан и за негово внатрешно уредување, ако тоа го средам после ќе му ја мислам за други посериозни работи.
 
За кола, да реновирам нешто по дома, саат еден си намерачив, објектив, планинарски кондури и одмор.....а за што ќе соберам, друга приказна :facepalm:
 
Берам за нова фото опрема, пошто во семејниот буџет то е во ставка на “хоби“ - се наоѓа на црната листа на неопходни работи и мора чоек да се снаоѓа. Најлесно се штеди на децата, место литар млеко денот - пола литар (и уше пола додадена вода - и така не чини многу млеко) му ги откажав спремањата по математика и јазици - нек си запнат самите, чевли - арни му се и оломнанските (тесни му биле - а бе ој прашај го дедо ти дали воопшто имал чевли а камиоли мана да му наоѓаш) за на школо не им давам пари за храна - во едно пластично им турам шо остана од ручекот - бораниче, сарма, компир манџа, грав.... и нека сркаат на одмори секако и поздрава е домашната храна од колку коекакви вештачки јадења по тие сендвичари, сега чекам писмени задачи да фатат некои слаби оценки и одма да им продам некои играчки, телефони, плеери.... друго низ дома шо можев да заштедам е вртење на цевкита на водомерот па сега скоро ич не плаќам вода и се обидувам да му пробијам пасвордо на вифито на комшијата па да откажам и интернет шо го плаќам... за некој месец - ќе се напрам со нов апарат !
 
Ретко дека може да се зачуваат пари за нешто во оваа држава. :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom