Со тебе сум затоа што не можам да сум со неа/него

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Со тебе сум затоа што неможам да сум со него/неа...
Ви се има десено?
Мене ми се деси.. пред некои 3-4 години... и што е најлошо се заљубив у типот...


имам чуство дека ќе почнам да читам постови од кои 90% се: никогаш нема да го направам тоа.. бла бла... и јас викав на времето никогаш ама јбг се деси
 
Ова америте го викаат Rebound ако не се лажам. Дебилно е, како можеш да останеш со некој кој што не ти значи, и е само тука за да поплни дупка у времето? Ко прво е омаловажувачки према другата личност, ко второ ништо не добиваш, само се глупираш.....
 
Е Тikvi4ka, еве еден од тие 90%. Не ми се десило и никад нема да се деси. А мислам дека добро знаеш за што зборувам.
Edit: не можам да останам со некоја за да лечам стари рани. Тоа никако. Тоа што било во минатото, останува таму. Ако не сум можел да бидам со некоја, тоа не значи дека денес сум со друга зашто не сум успеал да останам покрај таа покрај која сум сакал порано. It's as simple as that...
 
Не, не ми се случило... не сум толку плитка.

“Со “тебе“ сум затоа што ми е убаво, затоа што ме правиш среќна, затоа што уживам додека сум со тебе, затоа што во твоите очи видов нешто што го нема ниеден друг- оној дел од сложувалката, делот кој совршено се вклопува и ја прави служувалката целосна. Со тебе сум затоа што “совршено“ си одговараме со нашите мани и доблести, затоа што ме разбираш како никој друг, затоа што единствено кога сум со тебе посакувам времето да застане, се` останатато да исчезне и да останеме само јас и ти во таа тишина... прегрнати, да ги слушаме отчукувањата на нашите срца.
Со тебе сум и не постои никој друг со кој што би сакала да бидам...“

Овие се единствените зборови кои ТОЈ би ги слушнал од мене.
 
не не ... лошо ме свативте... не за да заборавиш некој од минатото.... или да си со некој ради што нема никој друг (пу пу да се попљукам тоа ми се нема десено) туку се фаѓаш со дечко кој да речеме ти е симпатичен... но постои некој кој ти се допаѓа повеќе ама од повеќе или помалку објективни причини неможеш да си со него...
 
Нормално дека се дешава.. Не ми се десило пошто првпат во живот сега сакам некој.. Иначе не викам дека нема да ми се деси.. Ако раскинам со дечкото треба да жалам додека не го заборавам за да фатам друг? Глупости.. Животот иде даље.. Може и уште да го сакам ама сигурно би се обидела со друг без размислување.. Ако ми е симпатик, ако ми се лепи за око што да не.. Не ќе ми се скрши, да не кажам шо..
 
не не ... лошо ме свативте... не за да заборавиш некој од минатото.... или да си со некој ради што нема никој друг (пу пу да се попљукам тоа ми се нема десено) туку се фаѓаш со дечко кој да речеме ти е симпатичен... но постои некој кој ти се допаѓа повеќе ама од повеќе или помалку објективни причини неможеш да си со него...

Да за жал ми се има десено пред едно година дена се фатив со една девојка само да поминувам време бидејки никако не ми идеше врската со таа која ја сакав.Бев со девојката едно 5 месеци и сега кога помислувам на тоа дека 5 месеци ја искористував нејзината љубов што ја имаше она кон мене а јас само така ради реда идев со нејзе за секс и тепање време ми се лоши од самиот себе.После 5 месеци ми текна(рано ми текна) дека не можам веќе така со нејзе и раскинавме.Супер девојка беше идеална за мене али јеби га секад мора да сакам некоја што не треба или што не е за мене.
 
Значи колку шо разбрав од темава дали би биле со некој кој не го сакате само ЗА ДА се биде со некој.Колку да се има нешто.

Знам другари кои ке направат се ке бидат со било која само да не се сами.
Шо знам може ако ми се свиѓа некоја би бил со неа иако не би ја сакал.....ама така за кратко...
Сепак не би седел со некоја само заради што не можам да бидам со таа што ја сакм.
 
Јас потполно те сваќам, пред 3-4 години лудо бев заљубен во онаа тетка од Холивуд Џулија Робертс ама пошто ми ја ќарија за малку си најдов една од Радишани, слична на неа :back: и убаво ни беше 6 месеци:toe:
 
Со тебе сум затоа што неможам да сум со него/неа...
Ви се има десено?
Мене ми се деси.. пред некои 3-4 години... и што е најлошо се заљубив у типот...


имам чуство дека ќе почнам да читам постови од кои 90% се: никогаш нема да го направам тоа.. бла бла... и јас викав на времето никогаш ама јбг се деси
Не ме сваќај погрешно. Пред 3-4 години си имала 14-15 години...и си се заљубила во типот? Прво расчистете симпатија со љубов па после ќе диксутираме за вакви сериозни теми.
 
Никогаш не би го направила ова:) И можам да кажам НИКОГАШ без да мислам илис е сомневам.
 
Секогаш може да има некој/а што ти се допаѓа повеќе од твојот партнер:) Не можат сите да го/ја имаат најубавиот/та. Едноставно ако ти е убаво си тераш понатаму ако не можеш да прекинеш па што натаму ќе видиш.
 
Па ми се има случено ова, болно е, ама тоа е. :toe:
 
~*~

Проблем:Секогаш сум со некој затоа што сакам да бидам со него во моментот.Нема џири бу џири ба во приказната.
Да бидам со некој друг поради трета личност, кога бев седмо, да.
 
Сум кажала и ќе повторам уште еднаш. Подобро ќе бидам и останам сама, отколку да сум со некој колку да ми поминува времето. Уште построго е ова доколку има некој друг кој ми се допаѓа повеќе. Тогаш ни една секунда не би издржала со првиот ... би ме иритирал секој негов поглед и разговор, а да не зборувам и за најмал допир ... не оди тоа кај мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom