Со љубов од Тоше во сала Борис Трајковски - 25.01.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Јас бев на концертот и све си беше ок околу организацијата,многу народ имаше мислам околу 10 000! И мене малце ме изнервира кога ги даваа тие од Бугарија на екранот,појма неам што збореа али јбг тоа е некој може има профит од тоа! Иначе каде беа др Македонски пејачи да дојдат во чест на Тоше,освен Елена Ристевска која сепак можеби по некад ме нервира али му направи чест на човекот ма да таа песна што ја пееше мислам дека е нејзина а не на Тоше!


кога ги преставија од владата се слушна свирење, уаа или погрешен впечаток добив од дома :smir:
 
Знам дека не е решение да се плука по се ама ова вчера беше мизерија.
Лошо испеани песни посебно од Антонија Шола што уште еднаш е доказ дека пеачка се станува и без глас.
Мисла дека се можеше многу подобро.

Шола и сама си кажа дека не е пејачка и дека нема глас за пеење, таа повеке е текстописец. Реално она вчера даде колку толку живост на песната, ја раздрма публиката.
Елена не ја сакам, али вчера испеа добро и очигледно беше дека е таму за да си се изрекламира себеси, а не поради Тоше.
И не само Елена, сите беа дојдени за реклама.
Да се направи "концерт" каде ке биде свртен микрофонот накај публиката и само таа да пее би бил многу подобар од ова срање што ни го прикажуваат изминативе 3год.
А реално ако правиме муабет, ниту тоа нема да ни се свиѓа, пак ке фали нешто, а тоа е Тоше. Не можеме да го вратиме, можеме само да жалиме и да се обидеме никогаш да не се заборави неговото име.:smir:
 
Колку бев изнервирана кога гледав некои *професионалци* како настапија:nerv:

А оној пред Јоана..кој и да беше (ич не слушам балкански изведувачи - не ми замерувајте) што го згреши текстот...кај глас не му се слушаше, уште тоа му фалеше...уффф ми идеше да му скокнам преку ТВ:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Ако не ви чини, не идајте. Охридска народна поговорка.

За тоа како се прави добар трибјут. Нека отидат организаторите на Трибјут ту Марли, на 6 фебруари во Кастро за роденденот и на 11 мај во Парк за годишнина од смртта на Марли. Пис, лав, хепинес, верба во Џа (Бога). Вредностите кои и Тоше ги ширеше меѓу публиката.
 
Ајде сеа еден генерален впечаток мило ми е што не отидов водителска двојка на деценијата Сашко Коцев и Маријана Стојановска луѓе кој два збора на памет незнат да кажат за Тоше им доделија да го водат концертот?! За пеачите Јоана и Маја Оџаклиевска па полоши изведби не сум слушнал. За Црвена Јабука посебна приказна кога ги најавија се слушна вриштење ко да дошле за нив а не за Тоше! Повторно ја направија истата грешка со цреша наместо да ја научат македонската ја пееа српската и човекот се изгуби жити пеачот:uvo:. Антонија Шола катастрофално пее и не би ја коментирал понатака. Славејчињата беа најдобри во целава приказна и блокот каде пееше публиката
 
Се согласувам со еден претходен коментар дека најмногу емоции во концертот внесоа снимките од обожователите на Тоше и последниот блок песни испеани од страна на публиката. Водителката искрено не знам што сакаше да постигне со постојано насмевнатото лице, да внесе позитивна енергија меѓу луѓето? Мислам дека енергијата која Тоше ја внесуваше во луѓето може да се пренесе преку неговата правилно изведена музика, а сведоци за тоа се солзите во очите и насмевките на лицата на луѓето. Мартин Вучиќ ми остави апсолутно негативен впечаток со читањето на текстот. Антонија Шола исто така со очајната изведба. Маја Оџаклиевска, иако не ја слушам нејзината музика сепак имав слушано позитивни коментари за неа, но мислев дека пее многу поубаво. Елена Ристеска беше во ред. Јоана исто солидно ја испеа The Hardest Thing. За останатите сум воздржана и не коментирам. Како и да е, ништо и ничија изведба не може да се спореди со она што можеше да го направи Тоше доколку беше присутен меѓу нас. За жал, тоа е она што е и можам само да кажам: Почивај во мир, Тоше! Засекогаш ќе останеш во моето срце! :(
 
луѓе ќе има пренос на телевизија? вчера сите програми ги свртев нема ништо денес исто така! лани имаше директен пренос, што е работава сега?
 
луѓе ќе има пренос на телевизија? вчера сите програми ги свртев нема ништо денес исто така! лани имаше директен пренос, што е работава сега?

Ја не знам што си вртела вчера ама имаше на секоја програма концерт со него, меѓу кои и оној традиционалниот за роденденот на Сител....
 
Шола и сама си кажа дека не е пејачка и дека нема глас за пеење, таа повеке е текстописец. Реално она вчера даде колку толку живост на песната, ја раздрма публиката.
Елена не ја сакам, али вчера испеа добро и очигледно беше дека е таму за да си се изрекламира себеси, а не поради Тоше.
И не само Елена, сите беа дојдени за реклама.
Да се направи "концерт" каде ке биде свртен микрофонот накај публиката и само таа да пее би бил многу подобар од ова срање што ни го прикажуваат изминативе 3год.
А реално ако правиме муабет, ниту тоа нема да ни се свиѓа, пак ке фали нешто, а тоа е Тоше. Не можеме да го вратиме, можеме само да жалиме и да се обидеме никогаш да не се заборави неговото име.:smir:
Хахаха па што пее тогаш ако не е пеачка:nesvest::kesa:
 
Се согласувам со еден претходен коментар дека најмногу емоции во концертот внесоа снимките од обожователите на Тоше и последниот блок песни испеани од страна на публиката. Водителката искрено не знам што сакаше да постигне со постојано насмевнатото лице, да внесе позитивна енергија меѓу луѓето? Мислам дека енергијата која Тоше ја внесуваше во луѓето може да се пренесе преку неговата правилно изведена музика, а сведоци за тоа се солзите во очите и насмевките на лицата на луѓето. Мартин Вучиќ ми остави апсолутно негативен впечаток со читањето на текстот. Антонија Шола исто така со очајната изведба. Маја Оџаклиевска, иако не ја слушам нејзината музика сепак имав слушано позитивни коментари за неа, но мислев дека пее многу поубаво. Елена Ристеска беше во ред. Јоана исто солидно ја испеа The Hardest Thing. За останатите сум воздржана и не коментирам. Како и да е, ништо и ничија изведба не може да се спореди со она што можеше да го направи Тоше доколку беше присутен меѓу нас. За жал, тоа е она што е и можам само да кажам: Почивај во мир, Тоше! Засекогаш ќе останеш во моето срце! :(
Маја Оџаклиевска, иако не ја слушам нејзината музика сепак имав слушано позитивни коментари за неа, но мислев дека пее многу поубаво. ај кажи ми дека се зезаш? Звучеше ко да плаче а не да пее воопшто не ја препознаваш песната лоша изведба како и да е! Јоана исто солидно ја испеа The Hardest Thing. ?! уште некој виц? Па се прашував ова англиски е па јас подобро знам англиски од неа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom