Со кого се познавате од форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата ohriganka
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не за друго, ама човекот ме мрази. Зошто дополнително да го нервирам и во живо? :D

Не си laskaj. Зашо би те мразел?
Ја го мразам твојот аспект за тоа како би изгледало општеството и крајно не се согласувам со твоите мислења.
Ти, шо нејќиш да ме регрутираш, ме мразиш? :D
 
Може некогаш и јас ќе дојдам на некоја собиранка, зш да не...моментално не сум добар со здравјето и не можам многу ваму таму да шетам...ама здравје, има време во иднина.
 
Абе само со еден чоек се знам Никола , и со некој девојки што се слабо активни. Ама кога ќе се запознам со една женска од Скопје, прво нешто шо ќе напрам е: ќе го напишам нејзинот никнејм на темава и вакво смајли ќе стам:drk:
Пс. Не е тој Никола што е тагнат, друг е.
 
Само што стигнав до магичната бројка од 3ца луѓе познати од форумов. (y)
Ilumious - сигурниот освојувач на медал на олимпијадата во Лондон во дисциплината 200 метра пепетурка ( да продолжеше активно да тренира) . Многу фино девојче (y)
коментатор - со него имам долгогодишната соработка на коцкарско-анализаторски план , и после 100 години , еве денес се запознавме. Супер дечко , со доста заеднички теми на муабет , башка и не морав литературно да зборам , се разбиравме лесно :pos:

- ииии.. третиот е другар ми од средно , што учевме 4 години заедно , на иста клупа седевме. После 2 години успешно криење , ме позна дека имам акаунт на форумов. Моја грешка беше , ставив иста песна на Фб и "Хит На Денот" темата во исто време . Не го кажувам кој е , за Манчестер навива (n) .

Кој е во Скопје на студии или живее тука , а е желен за запознавање , слободно нека каже .
 
Сум заборавил да напишам.

Неодамна се сретнав во jovanovski, еден голем поздрав до тебе друже. Прошетавме низ Чикаго малце.
 
First kajgana world problems.

Сакав да напишам со кој се се имам запознаено/се познаван.
Многу е долга листата, сигурно ќе изоставам/навредам некој.
 
Сум заборавил да напишам.

Неодамна се сретнав во jovanovski, еден голем поздрав до тебе друже. Прошетавме низ Чикаго малце.
фала брате намини пак кога ќе можеш (y)
 
Со никого. Уствари може и да се знам со некого ама не знаеме дека сме на кајгана:cool:
 
Денес на ова врнежливо време бевме на кафенце со Acme Inc.; пријатно човече :)
 
Се запознав со девојката со кротки очи ко срна, глас со мирис на виножито и тетоважа ко на Бекам:D - AnFem

Со девојката со најдлабоки очи и најсекси карактер Алкарина

Со момакот со најшироко срце на свет Шкорпион

Со едно од најпозитивните створења шо некад сум ги запознал и најјако бате Biggus Dickus

И сосем случајно и ненамерно се запознав и со Fasty, една од легендите на форумот. Фасти не се враќа да знаете:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom