Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го пратам со татко ми, и двајцата сме големи фанови на овој прекрасен спорт.
Рони е мојот фаворит и навивам за него, очекувам во полуфинале да се сретне со Робертсон па да биде интересно по дома :)
 
Најлошата партина на скунер ја покажа денес Робертсон..Може да се каже иако победи дека беше послаб од противникот.Премногу грешки и за среќа противникот беше како него слаб и не ги искористи тие минуси.Со оглед дека сега во четврт-финале треба да се сретне со Мегваер тешко дека со оваква игра како денеска ке може да го победи на него.А Рони не би требало да има големи проблеми со Валден иако сепак во снукер ништо не се знае.Една грешка и готово е се :)
 
Некако сосем случајно ми текна на еден играч кој беше актуелен кога почнав да пратам снукер на Јуроспорт пред 8-9 години .

Paul Hunter

Знам дека гледав финале на турнир , противник му беше О Саливен . Од 9-8 за Саливен му ја сврти и победи со 10-9 . Прекрасен човек , прекрасна жена , кариера во нагорна линија . По некое време го снема од турнириве , и кога отидов да проверам што е работа ... :( Тумор дијагностициран 2005та , за година дена починал .

Страшно и жално . Од здравјето едноставно нема поважно .

Не сум обрнал внимание на овој турнир на распоредот бидејќи не е рангирачки турнир во снукер.

Британски Мастерс 2014
од 12 јануари 2014 до 19 јануари 2014
во лондонската Александра Палата

12 јануари 2014
Прв ден - Осмина финале:

Стјуарт Бингам 2:6 Џон Хигинс;
Марк Селби 6:5 Марк Дејвис;

13 јануари 2014
Втор ден - Осмина финале:

Џад Трамп 5:6 Марко Фу;
Стифен Мегваер 6:4 Џо Пери;

14 јануари 2014
Трет ден - Осмина финале:

Динг Џунхуи 4:6 Шон Марфи;
Рони О'Саливен 6:1 Роберт Милкинс;

15 јануари 2014
Четврт ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 6:5 Марк Ален;
Бери Хокинс 5:6 Рики Волден;

Денес, четврток, 16 јануари 2014, во четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2014 силите ќе си ги измерат:

Маркo Фу - Шон Марфи;
Џон Хигинс - Марк Селби.
 
Преубав меч беше за гледање тој со Хокинс и Валден, при последните фрејмови Валден се извади од многу тешки снукер позиции кои што не му даваа простор за грешка. Како и да е заслужена победа на Валкен.

Е ова ќе биде јак дуел помеѓу Хигинс и Селби, ќе има преубав снукер таму, не пропуштајте. :)
 
Некако сосем случајно ми текна на еден играч кој беше актуелен кога почнав да пратам снукер на Јуроспорт пред 8-9 години .

Paul Hunter

Знам дека гледав финале на турнир , противник му беше О Саливен . Од 9-8 за Саливен му ја сврти и победи со 10-9 . Прекрасен човек , прекрасна жена , кариера во нагорна линија . По некое време го снема од турнириве , и кога отидов да проверам што е работа ... :( Тумор дијагностициран 2005та , за година дена починал .

Страшно и жално . Од здравјето едноставно нема поважно .

(y) Мојот омилен играч кога почнав да пратам снукер, фризот со плетенките му беше закон, супер талент, секогаш смирен, скромен . Да не беше болеста сигурен сум дека ќе станеше еден од најуспешните и најтрофејните. Секогаш кога го гледам Нил Робертсон се потсеќам на Пол Хантер, многу се слични и на изглед но и во поглед на карактер, скромност талент итн....
 
Фу водеше 4-1 и на крај си остана на тие 4.
Селби-Хигинс е тесна моментално се игра 10ти фрејм.
 
Ќе биде интересен последниов фрејм, Селби имаше многу среќа за овој фрејм, да не беше тој кик на Хигинс на зелената ќе беше готово, ама поарно е вака за нас гледачите.
 
Екстра меч, најдобар и највозбудлив до сега. Хигинс на крај немаше среќа тоа е тоа, 3-4 кика и му отидоа фрејмовите во неповрат. Последниот потег на Селби со плавата и извлекувањето за розова :drk:
 
Каква храброст од Селби со предпоследната топка.И на крај ризикот му се исплатеше.Маестрално тактички добар снукер гледавме.Милина :)
 
Британски Мастерс 2014
од 12 јануари 2014 до 19 јануари 2014
во лондонската Александра Палата

16 јануари 2014
Петти ден - Четвртина финале:

Маркo Фу 4:6 Шон Марфи;
Џон Хигинс 5:6 Марк Селби;

Денес, петок, 17 јануари 2014, во четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2014, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Рики Волден;
Стифен Мегваер - Нил Робертсон.
 
Денес, петок, 17 јануари 2014, во четвртина финалето на Британскиот Мастерс 2014, силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Рики Волден; 20:00
Стифен Мегваер - Нил Робертсон 16:15
 
Далеку од добра игра беше ова на Селби денеска, волку лошо го немам гледано да игра никогаш, ама секоја чест за последниот потег. Мераци е овој Предраг што коментира за евроспорт го праи снукеров ептен убав за гледање, милина ќе биде во наредниве утакмици. (y)

Во финалето како што и очекував Робертсон vs Рони, е тоа ќе биде врв.
 
Доколку победи Робертсон ќе игра против Селби?
Ако е така одвај чекам да си ги одмерат силите.:DИ се разбира победникот сакам да го освои турнирот:)
 
Доколку победи Робертсон ќе игра против Селби?
Ако е така одвај чекам да си ги одмерат силите.:DИ се разбира победникот сакам да го освои турнирот:)

Не се вкрстува тој меч, ако тепа Робертсон тогаш ќе игра со Рони најверојатно, моментално Рони води со 4:0 над Валден.
Очекувам победа од Робертсон со Мегваер денеска, и после ќе се вкрстат Рони и Робертсон, штета што ќе испадне еден од нив... :)

Edit: Рони го пукна Валден 6:0, брао... :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom