Снукер

  • Креатор на темата Креатор на темата shadow_rr
  • Време на започнување Време на започнување
Снукер веке има и во Струмица ,година време
чисто тие од Скопје да знаат оти ке им се намали гужвата ))
 
Британски Шампионат во Снукер 2013
од 2 декември 2013 до 8 декември 2013
во англискиот центар Барбикан во Јорк

4 декември 2013
Трет ден - Осмина финале:

Дејвид Морис 1:6 Стјуарт Бингам;
Рики Волден 6:4 Динг Џунхуи;
Џад Трамп 4:6 Марк Ален;
Марк Селби 6:2 Граем Дот;
Роберт Милкинс 0:6 Рони О'Саливен;
Нил Робертсон 6:1 Џо Пери;

Денес, четврток, 5 декември 2013, во четвртина финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2013, силите ќе си ги измерат:

Стјуарт Бингам - Рони О'Саливен;
Нил Робертсон - Стифен Мегваер;
Марк Селби - Бери Хокинс;
Марк Ален - Рики Волден.
 
Нил Роберетсон вчера одигра неверојатен меч, очекувам лесно да го добие Шкотот, кој не е во добра форма. Бингам би можел да му направи проблеми на Рони, кој иако вчера доби 6-0, не игра ништо спектакуларно, Милкинс беше очаен вчера. Хокинс созреа како играч, плус му е незгоден на Селби, а Рики Волден во добар ден може да добие секого, посебно крајно нестабилниот Марк Ален.
 
Британски Шампионат во Снукер 2013
од 2 декември 2013 до 8 декември 2013
во англискиот центар Барбикан во Јорк

5 декември 2013
Четврт ден - Четвртина финале:

Стјуарт Бингам 6:4 Рони О'Саливен;
Нил Робертсон 6:2 Стифен Мегваер;
Марк Селби 6:5 Бери Хокинс;
Марк Ален 2:6 Рики Волден;

Денес, петок, 6 декември 2013, во полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2013, силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Стјуарт Бингам;
Рики Волден - Марк Селби.
 
Денес очекувам победа на фаворитите. Робертсон игра одлично, и иако нема да му биде лесно си Бингам, би требало да го добие. Селби против Волден, да се играше на форматот подобар во 11 фрејма, Волден можеше да прави проблеми, вака не верувам. Селби е познат по тоа што може многу долго да држи концентрација.
 
Британски Шампионат во Снукер 2013
од 2 декември 2013 до 8 декември 2013
во англискиот центар Барбикан во Јорк

6 декември 2013
Петти ден - Полуфинале:

Нил Робертсон 9:8 Стјуарт Бингам;

Денес, сабота, 7 декември 2013, во полуфиналето на Британскиот Шампионат во Снукер 2013, силите ќе си ги измерат:

Рики Волден - Марк Селби.
 
Мислам дека Селби ќе го добие Волден и ќе го гледаме најдоброто можно финале, бар според мене. Во страшна форма се и Нил и Марк, греота би било да не ги одмерат силите. Селби е добар тактичар и очекувам да победи во психичката битка со Рики.
 
Британски Шампионат во Снукер 2013
од 2 декември 2013 до 8 декември 2013
во англискиот центар Барбикан во Јорк

7 декември 2013
Шести ден - Полуфинале:

Рики Волден 5:9 Марк Селби;

Утре, недела, 8 декември 2013, во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2013, силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Марк Селби.
 
Јас се надевам на одлично финале денес. Влогот е многу голем. Втората по важност титула во светот на снукерот плус и прво место на светот на крајот од оваа година. Робертсон е благ фаворит, најмногу заради подобрата форма во моментот и позитивниот биланс во меѓусебните дуели.

Робертсон доаѓа од фантастичен меч протов Бингам, каде што за малку не прокоцка водство од 8-3, додека Селби вчера рутинирано и лесно дојде до победата против Волден.
 
Гледам никој не пишал што се случи вчера,веројатно сте го пропуштиле јубилејниот 100ти максимален брејк во историјата на снукерот од страна на Марк Селби :D. Во голем стил, последните 4-5 топки посебно црната беа брилијантни.
 
Гледам никој не пишал што се случи вчера,веројатно сте го пропуштиле јубилејниот 100ти максимален брејк во историјата на снукерот од страна на Марк Селби :D. Во голем стил, последните 4-5 топки посебно црната беа брилијантни.

Не го пропуштив, само заборавив овде да напишам.

:)

Јак беше моментот кога Волден и Селби направија give me five после последниот удар на Селби.

:D
 
WTF што промаши Селби :eek:


Неверојатно, навистина. Не беше толку лесна црната, но сепак мораше да ја уфрли.

:)

Во секој случај, Робертсон е баш за тие два фрејма разлика подобар играч од Селби во моментов. Одлично финале, Робертсон заслужи да ги има трите титули.
 
Британски Шампионат во Снукер 2013
од 2 декември 2013 до 8 декември 2013
во англискиот центар Барбикан во Јорк

8 декември 2013
Седми ден - Финале:

Нил Робертсон 10:7 Марк Селби;

Нил Робертсон ја освои 9-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, извојувајќи победа над Марк Селби со 10:7 во финалето на Британскиот Шампионат во Снукер 2013.

Нареден професионален натпревар во снукер од сезоната 2013/2014, е Германскиот Мастерс 2014, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 29 јануари 2014 до 2 февруари 2014 во германската арена Темподром во Берлин.
 
Го прати некој мастерс турнирот во Лондон на Еуроспорт или слабо.....Како и да е вреди да се спомне дека само што заврши мечот помеѓу Хокинс и Валден.....Хокинс водеше 5-2 во сетови и на крај Валден да направи пресврт и да победи со 6-5.Од утре стартува четврт-финалето и се надевам на што поинтересен снукер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom