Снег

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Шо снег ке беше ова бе? 3 дена вее и уште не престанува. Ебаго сигурно во Скопје нема да се скијаме. Не ни треба толку бе.
 
...Ако, нека врне...Колку повеќе, толку подобро...:)...Ненормално многу сакам снег...:)
 
Вчера плоштадот беше полн, се мававме со снежни топки кој кого стигне, а и лизгалката не беше осамена :)
 
Многу јако вее пред малце беше слабо сеа се засили многу.:)
 
уФ како го вее, лапавица :) Цел ден денес ќе врне, пола метро не ни бега :aplauz:
 
Уште врне. Пола метро ке се наталожи ако продолжи вака до вечер. Малце не ни треба толку снег во Скопје али ај. Не сме виделе со години волку.
 
Престанете ајде...После ако не заврне долго време ќе плачите зошто нема ни една снегулка паднато:)
 
Јас мислам дека е доста! :nesum: Не можам да си купам нови залихи на јаболко и цимет...натрупа...доста е!!!
 
Не сакаа укуќаниве да направиме снешко, да не го растуриме снегот:(
Божем ќе го конзервираме и чуваме за изложба!
 
Идам надвор и не се враќамм
:salut:
 
Незнам која сатисфакција е да врне снег, а ти да си гледаш со затнат нос.
Фала на новиот инхалатор што не си ја заврши работата.
 
не е доста нека врнеее уште повеќе:vozbud: па што е зима без снег:helou:
 
Сакам snowfight, али они нејќат. Сакам снешко и поручек ќе си напраам :)
 
Снегчеееее КОНЕЧНО!!!!
Навеа прилично доста и му се радувам ко мало дете. Вчера дури се правеше и журка во мое маало по повод првиот снег:vozbud:
Ќе идам да си се лизгам сега, ќе си правам снешко во двор и ќе мавам со топки кој ќе стигнам ич не ми е гајле со душа го чекав:je:
 
Сега чистев надвор колку премин да направам, ама залудно со лопатата не се прифтасува, ми треба булдужер за вакво време:vozbud: сакав да го испочитувам новиот закон на владата за секој да си исчисти пред својот двор ама не бива ова како дожд брзо врне :nesum: и гледам низ цела Македонија било исто. После од кога ќе се стабилизира малку и кога ќе биде снегот добар за правење топки (сега е како пепел) чекам од вас да постирате снешковци или некои други прекрасни моменти од оваа убавина:je:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom