Најчесто сум смирена личност и се трудам што помалку да се нервирам поради тоа што кажувале другите, но ако веќе стане неподносливо, е тогаш знам да избувнам и да го повишам тонот.
Смирен по природа ама немој да ме љутиш.Понекогаш можам со сигурност да кажам дека ништо не би ме разлутило ама сега во моментов не сум многу сигурен.Некогаш знам многу лошо да реагирам и се каам.
Страшно смирена. Дури се мразам.Само на дечко ми му избувнувам оти знам дека не е добро да му ќутам, дека треба да кажам се што си мислам, ама надвор сум бајче..
"Пукам" многу лесно и опасно е... најмногу некој кога се лигави околу мене и продава излитени фори, или кога ќе ми се спротистави за нешто и да ми рече не е така или не е точно а знам дека е така и летаа пцовки и се по ред
Јас да се корегирам, сега сум спортивно од пред 2 години. Сега сум дури и премногу смирена. Повеќе не ме замараат некои работи, подобро кажано, сега ништо не може да ме извади од такт.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.