Смешни/интересни фудбалски слики, стрипови и видеа

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
11140327_515163025301962_3516092502319521126_n.jpg
10153100_514181738733424_8096224920051299233_n.png
 
Еј не ми текна на ова. Зимајте го одма!
 
Барав и барав то темата со смешни приказМи не ја најдов па нек сејт ова овде :D

За фудбалски натпревар кој завршил со кошаркарски резултат не мора да копаме примери само од Мадагаскар. Нешто слично се случи и во селата Велгошти и Долно Лакочереј, а битката била да се влезе во Пелагонија.

Двата епски фудбалски натпревари се одиграле на 24 јуни 1979 година во близина на Охрид, но и покрај тоа што паднале 223 голови за жал не влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Едниот меч се играл во селото Велгошти, каде домаќинот Илинден 1903 го пречекал Младост, а во Долно Лакочереј, Градинар и бил домаќин на Дебарца, тимот каде ја почна кариератата поранешниот голман на Македонија, Данчо Целевски. Мечот бил во рамките на Општинската лига во Охрид, а борбата во последно коло се водела за влез во Пелагонискиот регион каде конкурирале Илинден 1903 и Дебарца.

И двете екипи имале по 54 бодови, но Илинден 1903 (216:25) имал подобра гол разлика од Дебарца (183:36). Во време кога немало мобилни телефони, а во недела не работеле ниту поштите, резултатите се контролирале преку радио врски, а и со помош на шпиони кои биле распределени во двете села.

Првиот сомнеж дека се крчка нешто било кога сите играчи на Градинар се појавиле без фудбалски легитимации кои наводно ги заборавиле дома. Поради тоа мечот доцнел 22 минути. Првото полувреме завршило 0:14 од кои три биле автоголови.

Некаде околу 89 минута резултатот бил 0:57, но кога дознале дека во Велгошти, Илинден 1903 воделе многу повеќе, судијата го продолжил мечот 20 минути. За тоа време гостите дале уште 31 гол и конечниот резултат бил 0:88. Тоа не било доволно Дебарца да избие на првата позиција на табелата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom