Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Зошто попис? мислам дека албанци има околу 25 до 30 тоа се знае ,погледнете статистика на првачина македонци 13 илјади Албанци 6 и нешто од вкупно 20илјади тоа се 30 проценти .

32,3% од учениците во основни училишта се албанци.
34% од сите родени деца во Македонија, се албанци.

Но бидејќи албанците имаат поголем број на родени деца по семејство, тогаш заклучуваме дека албанците реално се под 30%.

Но за да се увериме дека албанците се над 20%, можеме да се служиме со податоците од изборите. Албанските партии обично добиваат 20% од гласовите.

Ако имаш 20% од гласовите (а гласаат полнолетните), а исто така ги имаш 32-34% од малолетните, тогаш секако за очекување е дека албанците ги има над 20%.
Автоматски споено мислење:

Кај нас пописот не е едноставна статистичка операција за пребројување на населението. Кај нас пописот, односно резултатите од пописот, неизбежно имаат политичка импликација. Посебно од аспект на бројност на одредена етничка заедница. Многу работи се врзани за проценти. Кај нас пописот би се извел веднаш и без никаков проблем само ако истиот се врши без графа националност. Тогаш за наколку дена би имале точен резултат од аспект на бројност на население но не би имале бројка за тоа колку сме на број македонци, колку албанци, колју роми,колку срби....

Затоа најдобро е попис без етнички и верски прашања, ќе добиеме реална бројка врз која ќе се изградат следните политики на владата (ако ги).
 
Русија е 8ма економија во светот, се очекува да заврши за 20 години 12 место а за 30 години на 15 место. Русија има да загуби 20 милиони жители за 20 години. И да биде под 20 место по број на жители пред не ќе бидат земји како Конго и Нигерија. Џабе ресурси кога незнае да ги користи и има најлоша демографија во светот.
Например Русија во 1910 имала исто жители со САД сега САД има 3 пати повеќе а за неколку децении и 5 пати повеќе. Во основа се работи за ненаселена пустина со нуклеарни ракети и терирорија. Нема никаква иднина за Русија на светски план.

StefusRefus,

споредбава не да е детинеста, туку преоѓа во смешна.

Се‘ додека Бог и Мајката Божја се на руска страна, за Русите „нема зима„. Не дека Русите не грешат, грешат и тоа дебело, но очигледно е дека сепак опстојуваат на Земјава.

Покорисно е да го заметеме ѓубрето од својот двор...
 
Okej ajde ke se pravime na Toso i ke odime po pametite na Milenkovci Pandovci Karakamisevci i slicni vetruski i ke vikame deka Albanci vo Makedonija se 10 12 15 17 19 ili maks 20 procenti i pokraj toa sto sekoj den pred oci gledame deka ovaa etnicka zaednica demografski e daleku posilna pomokna od Makedonskata i toj proces trae so decenii i realnosta e deka Albancite ucestvuvaat so nad 30% vo site procesi vo drzavava na pr. sklopeni brakovi novorodeni deca prvooddelencinja... no i pokraj vakvite fakti okej ajde ke gi slusame Milenkovci koi tvrdat deka Albancite duri i bile maks 8-9% Vo red jas vikam pa ajde da vikame deka Albancite se maks 2-3% vo drzavava i samite sebesi da si se lazeme i da si veruvame na lagite iako site fakti okolu nas go govorat sosema sprotivnoto.
 
Извор ?

Во 1994 кога немаше Охридски договор, која беше потребата да бидат албанците над 20% ?

Во 1981 кога имаше 19,7% албанци ?

Во 1948 со 17,1% албанци, во време кога верската свест била јака и луѓето се попишувале и како турци.

Пописот е ствар на недоверба, од кај да знаеме дека во источна Македонија нема да се попишат иселените ? При реален попис јас сум убеден дека албанците ќе го повторат резултатот од 2002ра.
Во 1948 со 17,1% албанци, во време кога верската свест била јака и луѓето се попишувале и како турци.

Ti ova so cel pamet??? Gospod/Muhamed da chuva i da brani...
 

Убил еден припадник на Алфите, вториот останал инвалид, третиот е со намалена деловна способност... и му го укинуваат доживотниот затвор :facepalm:

Значи овие од Диво Насеље ќе ги пеавиме министри заедно со ослободените од Монструм.
 

Убил еден припадник на Алфите, вториот останал инвалид, третиот е со намалена деловна способност... и му го укинуваат доживотниот затвор :facepalm:

Значи овие од Диво Насеље ќе ги пеавиме министри заедно со ослободените од Монструм.

Со случајов, само се покажува кое дно е севердонското судство.

А кога ќе почнат да се враќаат ваквите и сличните ликови од Сирија? Ќе ги вработиме во АРМ?...Во „Специјалци„?...Во агенции за приватни обезбедувања?...
 
Додека вниманието на јавноста во Македонија е насочен кон процесот на уставните измени, сите други процеси неопходни за функционирањето на државата или се потиснуваат во втор план, или се ставаат во контекст на доминантната тема. Сепак, темата за подготовките на пописот во 2020 година, во целиот контекст на македонската реалност се чини дека не може да биде истретиран само како професионална статистичка операција неопходна за планирање и развој на државата. Ноторен факт е дека „пребројувањето“ во Македонија од 2001 година носи со себе политичка предумисла, но и голем број последици.


Причина за тоа е секако Охридскиот договор, од кој произлегуваат одредени законски права и обврски поврзани со бројноста на етничките заедници, односно со нивната застапеност од над 20 отсто во вкупното население. Истиот тој Охридски договор, според новите амандмани што се во собраниска процедура, треба да биде вграден и во преамбулата на Уставот, усогласен со спогодбата со Грција.
По објавувањето на намерата за спроведување попис во 2020 година од страна на Државниот завод за статистика, јавноста бурно реагираше на можноста тој да се врши со пренебрегнување на графата за етничката припадност на населението. Паралелно со подготовката на законот за попис, во јавноста, преку медиумите се пласираат податоци, од официјални извори, но непотврдени, за бројната состојба на населението во Македонија и тоа според етничка припадност.

Имено, во согласност со Македонија, според споменатите извори, има нешто повеќе од 2,4 милиони издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66 отсто) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7 отсто) – Албанци, 53.879 (2,66 отсто) – Роми, 77.959 (3,85) – Турци, 35.939 (1,78 отсто) – Срби, 17.018 (0,84 отсто) – Бошњаци, 9.695 (0,48) – Власи и 20.993 (1,03) – други. Тоа значи дека вкупно 27,34 отсто од македонските државјани не со македонска етничка припадност.

Овие податоци, за кои сепак неофицијално се зборува во јавноста, најмногу се во дискрепанца во однос на официјалната бројност на етничките Албанци, споредено со пописот во 2002 година, кога беше утврдено дека 25 отсто од населението се Албанци.
– Бројот на државјани е секогаш поголем од бројноста на населението во државата, па не е изненадувачка бројката на издадени државјанства. Што се однесува на бројноста на населението во Република Македонија, на 1.1.2018 утврдена е бројка од 2.075.301 жител. Тоа е утврдено со процени, кои не се докрај прецизни, со споредбени методи, односно со користење на податоците од пописот во 2002 година, како и податоците за прирастот на населението од секоја година потоа и за надворешните миграции. Сепак, сметам дека не може да се зборува со стопроцентна сигурност за валидноста на податоците за процентуалната етничката застапеност во оваа бројка на населението.

Сѐ зависи од тоа каква методологија, каква база на податоци и какви белези се користени во истражувањето. Не се сеќавам дека во некој официјален личен документ треба да се наведе етничката припадност. А според Законот за избирачки список, нема графа за национална (етничка) припадност. Тоа значи дека со користење на тие извори како база на податоци, не би можела да се утврди процентуалната етничка застапеност на населението. Досега, според Законот за попис, се бараа податоци за етничката припадност, но не знам како ќе биде тоа решено со законот за попис што е во подготовка. Треба да се биде внимателен, зашто од дневнополитички побуди се пласираат одредени податоци за населението, особено за етничката застапеност – вели демографот Дончо Герасимовски.

Дел од невладините организации и некои здруженија на помалите етнички заедници најавуваат радикални мерки доколку власта истрае во намерата на пописот да нема графа за етничко и религиско изјаснување. Велат дека предлог-законот за попис на населението, кој го изработи Министерството за правда, е дискриминаторски и неправеден и дека оди во насока на нивна целосна асимилација од поголемите етнички заедници.

Иако се најавува дека пописот во 2020 година ќе се спроведува со комбиниран методолошки пристап, со излегување на терен и споредба на податоци, одредени експерти сметаат дека најдобар начин за спроведување на пописот е по електронски пат. Односно, со вкрстување на податоците од матични книги на родени и умрени, базите во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за труд и социјална политика, од Заводот за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, интегралниот граничен систем…
 
...А зошто Заев не е обвинет за јавно прикажување на прислушуваните материјали? Има ли некаква причина?
имаше приватна тужба поодамно, од секретарот на Гром , на судот во Куманово, за објавуање по медиуми на негови приватни телефонски разговори ... во име на тужените имаше само една изјава дека неселективно ги објавувале разговорите по медиуми бидејќи тогаш така решил извршниот комитет на СДСМ ... Судот во Куманово ЈА ОТФРЛИ приватната тужба на секретарот на Гром... баш ме интересира дали остана на ова , отиде на Апелација, Стразбур ?? ...
Демек СДСМ имал Бланко Дозвола ?? од Западната Демократија да праи што сака а со изговор дека го руши прорускиот режим ???
Сега, по неколку години, наеднаш таа Западна Демократија ги укина свиркачите и измисли лажни вести и пресумпција на невиност на политичарите на власт, т.е. завладеа цензура; интересно, не само кај нас, ете и во еврочленка Хрватска, само што таму народот е побунтовен иако и тоа не му помага да ја тргне автократската власт, ама подржана од ЕУ...
 

Имено, во согласност со Македонија, според споменатите извори, има нешто повеќе од 2,4 милиони издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66 отсто) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7 отсто) – Албанци, 53.879 (2,66 отсто) – Роми, 77.959 (3,85) – Турци, 35.939 (1,78 отсто) – Срби, 17.018 (0,84 отсто) – Бошњаци, 9.695 (0,48) – Власи и 20.993 (1,03) – други. Тоа значи дека вкупно 27,34 отсто од македонските државјани не со македонска етничка припадност.

За да бидат поуверливи го напишале овој огромен текст, а за тие што се разбираат, таман кога ќе ги видат овие бројки, нема да се мачат да го прочитат остатокот.

Бидејќи има околу 150.000 албанци кои не живеат во Македонија (а се државјани), му доаѓа дека од 375.000 албанци, само 225.000 живеат во македонија.

Ако 225.000 албанци живеат во Македонија, тогаш на кој начин албанските партии собираат 240.000 гласови ? А 60.000 албанци во основно училиште? Односно 125.000 малолетни албанци.

Дека оваа вест е тотална измислица, можеш да се послужиш и со избирачкиот список, каде што ги има сите државјани.

1.808.000 регистрирани гласачи. (полнолетни државјани, а ако ги додадеш и малолетните, тогаш тоа е тоа, речиси 2,4 милиони)

Доколку бројот на албанците беше стварно 16,7% од државјаните, тоа ќе се приметуваше во избирачкиот список, каде ќе имаше многу помалку албанци.

Одиме по ред, од најчистите албански општини:

Липково: 25.400 регистрирани гласачи (полнолетни државјани), а според пописот во 2002 Липково имаше 27.000 жители (со све малолетните).

Арачиново: 9.576 гласачи, а жители 11.597.

Желино: 23.524 гласачи, жители 24.390.

Да беа 375.000 државјани албанци, немаше бројот на регистрирани гласачи да е вака висок, повисок дури и од полнолетни жители попишани во 2002 (патем така треба, бидејќи според пописот имавме 2 милиони жители, а бројот на државјани е повисок).

Доколку имаше само 375.000 државјани албанци, во Липково ќе имаше 17.000 гласачи, Арачиново 6.000, Желино 15.000 итн.
 
Русија е хаос...лоша економија, ужасна демографија. Ќе губи се повеќе и повеќе моќ. Сега се шверцаат на агресивна надворешна политика и оружје од СССР. Индија, Кина, Израел, Турција, Бразил и слични ќе бидат помоќни и побитни од Русија за 20 години.
Русија и донекаде Кина се единствените земји што се втора опција во глобалната политика. Првата опција (уса,ук и све остало западно) се обидува по секоја цена да ја уништат т.е стават под своја контрола. Колку да не ти си допаѓа втората опција таа прави каков таков баланс кој ако го нема тогаш ќе ја видиш вистинската природа на човекот, да доминира, искористува и угнетува и тоа до крајни граници. Ќе биде тоа страшен период за поголем дел од човештвото кај што се што сакаат ќе прават и никој нема да смее да се побуни и да крене глава.
Лоша економија имаат Русите и поради тоа што цел западен свет има санкции над нив. Чак и нас не тераа да им протераме амбасадор и да ставиме санкции. Стај исти такви санкции над Англија и ќе видиш што ќе стане за 1 недела.
Агресивна надворешна политика?? Ова е како она крадецот вика фатете го крадецот. Па нато(читај уса и ук) отворија X војни низ цел свет и се на самата граница на Русија, а не обратно. Ги контролираат 90% од земјите во светоти марионетски држави како нашата не можат ни влада да состават без консултации со нивните амбасадори.
Индија, Кина, Израел, Турција, Бразил?? Кина и во моментов е помоќна, Индија има потенцијал ама останатите??
 
Земале северџаниве дрва и камења по Франција, Макрон и Тимоние. Абе абдали Франција не е третокласен член на ЕУ како комшииве наши. Па они ставаа вето не попуштаа не па земја оснивач на ЕУ. После повлекувањето на Британија и залезот на Меркел они сега кажуваат што и како а другине глумат навредени додека не го прифатат новиот господар на ЕУ.Така да само вие лаете. Франција за разлика од окупираната Германија си има други замисли.
 
Земале северџаниве дрва и камења по Франција, Макрон и Тимоние. Абе абдали Франција не е третокласен член на ЕУ како комшииве наши. Па они ставаа вето не попуштаа не па земја оснивач на ЕУ. После повлекувањето на Британија и залезот на Меркел они сега кажуваат што и како а другине глумат навредени додека не го прифатат новиот господар на ЕУ.Така да само вие лаете. Франција за разлика од окупираната Германија си има други замисли.
ЗАЕВ: Да запрат критиките и навредите кон Тимоние

ете и газдата на независните интернет медиуми нареди ама не го слушаат:confused:...
судовите некако се попослушни и му ги читаат мислите...
 
Додека вниманието на јавноста во Македонија
Авторот со државјанствата малку греши (не сум сигурен на што мисли и кои државјанства) кога не зема предвид други дефиниции за вк население, но намената на текстот повеќе ја гледам како мало но суштинско освестување кај нас.
Герасимовски кој е споменат во текстот инаку важи за еден од најстручните демографи статистичари во Македонија и човекот ретко греши.

За да се избегне националниот белег на целиот попис и вештачки подигање (кај албанците) или делумно намалување (кај македонците) на бројот на население (можам и да објаснам некому ако не му е јасно, зошто и зошто тоа е лошо не само од национален аспект), согласно тоа живеалишта и домаќинства плус белезите за секоја од тие единици на попис, кои белези се битни за најмалку 99% од социјалниот, економскиот, инвестициониот и животот во многу области (да не набројувам, здравје, образование...), можеби е можно на друг начин да се брои националноста. Доколку не се коси со постоечките закони, кои пак може и да се изменат. На пример, преку добивање лични исправи лк и пасоши, наједноставен пример (преку мвр и правда) да се изброи населението по етничка припадност. Долг процес, посебно за оние со трајни лк, но и тоа може да се реши, со лично пријавување во одреден рок за припадноста и согласно тоа за 2-3 години добивање не груба ами точна слика на населението. Тие бази би се врзале со територијалните бази и базите од пописите и воала...

На тој начин пописот би служел за што му е и главна намена, основа за економија и понатамошни извори на податоци. Затоа на почетокот заводот предложи друг начин или во друга институција на прибирање националност.

Но, како и секогаш, многу сум утопистички расположен :) затоа што сигурно втората страна нема да се согласи со ваков начин на прибирање податок, директно во институција. Може да претпоставиме зошто.
Автоматски споено мислење:

Ако 225.000 албанци живеат во Македонија, тогаш на кој начин албанските партии собираат 240.000 гласови ? А 60.000 албанци во основно училиште? Односно 125.000 малолетни албанци.
абе нели кочанчани имаа огранок на дуи, ете од каде :D
Доста од тоа што си споредил не држи вода. За почеток ја занемаруваш дефиницијата вкупно население во земјата. На страна гласањето, друг е принципот и методите, на страна државјаните, тоа е сосем трета варијабла.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom